Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците
1Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците
СветДвојка во луксузна вила во Л.А. чувале 21 бебе- откриена голема измама со сурогат мајчинство (ВИДЕО)Властите во САД одзедоа вкупно 21 бебе од старателство на еден пар од Лос Анџелес откако открија измама со сурогат мајчинство во која наводно биле измамени повеќе сурогат-мајки низ целата земја.Истрагата започнала во мај кога двомесечно бебе било примено во болница со повреди на главата, што ја натерало полицијата да реагира. Полицијата наскоро открила уште 15 бебиња и мали деца за кои се грижеле шест дадилки во куќа со девет спални соби во Аркадија во Лос Анџелес, објавија американските медиуми. Снимките од безбедносните камери открија физичко малтретирање на децата, вклучително и една дадилка која насилно го тресеше повреденото бебе, објави Јаху. This is not a surrogacy *scam.* This is surrogacy as designed. Nothing illegal took place. The 21 children were acquired per California's "regulated" fertility landscape. Nearly 2 dozen children seized from Los Angeles couple accused of surrogacy scam https://t.co/93oRx6e1SW — Katy Faust (@Advo_Katy) August 19, 2025 Гуоџун Шуанг (65) и Силвија Жанг (38) биле уапсени на 9 мај под сомнение за отежнато загрозување на детето, но биле ослободени четири дена подоцна без обвинение. Уште шест деца подоцна биле отстранети од други локации, со што вкупниот број се искачи на 21. Најстарото имало 13 години. Шуанг и Жанг воделе бизнис наречен „Марк сурогатство“ од нивниот дом во Аркадија. Регрутирајќи преку Фејсбук, Жанг наводно им раскажувала различни приказни на различни сурогати, кажувајќи им на некои дека има само една ќерка. Сепак, судските записи покажуваат дека таа тврдела пред судија во Лос Анџелес дека таа и Шуанг имаат најмалку 12 деца. Child trafficking ring in California exposed! Abuse and a surrogacy operation right under our noses. 17 children under the age of 3 and more up to the age of 13. Thank God they were found! This is sickening. pic.twitter.com/rwOhJrtHqR — 💋🩵 Tallulah (@MtnMama406) July 17, 2025 Наводно, на сурогатите им биле платени десетици илјади долари секоја и биле убедени да ѝ помогнат на двојката што се борела со неплодност. Полицијата одговорила на обраќањето најмалку шест пати од јануари 2022 година, вклучително и по пријави за сомневање за злоупотреба на деца и нелегални деловни практики. Случајот ги истакнува регулаторните дупки во индустријата за комерцијално сурогатство, особено оние што вклучуваат меѓународни клиенти кои бараат државјанство на САД за своите новороденчиња. Истражувањата покажуваат дека помеѓу 2014 и 2020 година, 41,7 проценти од странските родители кои користат услуги за сурогатство во Соединетите Држави биле кинески државјани. Жанг им кажала на истражителите дека сака многу деца откако видела како политиката на едно дете во Кина им наштетила на семејствата. Властите сè уште ја бараат 56-годишната Чунмеи Ли, дадилката која наводно злоупотребила хоспитализирано бебе. ФБИ, исто така, се приклучи на истрагата, испрашувајќи сурогати за потенцијални операции на продажба на бебиња. Се вели дека најмалку две жени забремениле со деца договорени од „Марк Сурогати“, а една сурогат мајка разгледува законски опции да стане згрижувачка мајка. Во меѓувреме, повреденото бебе останува на медицинска нега, а преостанатите бебиња и деца се сместени во згрижувачко семејство додека истрагата продолжува.Тагови: бебе сурогат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Volkswagen“ бара спас во кинеската технологијаГерманскиот производител на автомобили „Volkswagen“ денес претстави нов софтвер, развиен во Кина и прилагоден на потребите на локалните купувачи.Овој потег претставува обид на „VW“ да го запре падот на приходите на најголемиот автомобилски пазар во светот. Според „Bloomberg“, новиот софтвер – наречен „Vega“ – веќе поддржува функции како што е автоматско паркирање и ќе добива ажурирања на секои три месеци. Компанијата планира следната година да го надгради софтверот за да овозможи автономно возење од „Ниво 3“. Тоа значи дека возилото може да се движи самостојно под одредени услови, иако возачот мора да биде подготвен да ја преземе контролата кога е потребно. Продажбата на групацијата „VW“ во Кина опадна за 39 отсто во третиот квартал од 2026 година, и покрај воведувањето нови модели на „Audi“ и „Volkswagen“, развиени во соработка со локални кинески производители. Кинеските автомобилски брендови, предводени од „BYD“, сè повеќе го зголемуваат својот удел на пазарот благодарение на подостапните електрични возила и напредните софтверски функции. Како резултат на тоа, „Volkswagen“ сè повеќе се потпира на локалниот развој за да ја подобри конкурентноста на своите возила. Технологиите и платформите развиени во Кина, исто така, се наменети за подобрување на возилата што се наменети за други пазари, вклучувајќи ги земјите од Блискиот Исток, потсахарска Африка и Централна Азија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаНиколовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделцитеВладата го одби амандманот на СДСМ со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците, исплата на заостанатите субвенции и исполнување на обврските кон земјоделските производители. На собраниската седница, пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, посочи дека одбивањето на амандманот доаѓа во услови на драстично намалување на субвенциите, натрупани долгови од 10 милијарди денари и 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции во 2026 година. Николовски посочи дека официјалните завршни извештаи на Платежната агенција покажуваат дека во 2025 година се исплатени околу 6,2 милијарди денари субвенции, наспроти повеќе од осум милијарди денари во 2023 и 2024 година. „Тоа значи 50 до 60 милиони евра помалку исплатени субвенции во 2025 година, што е основниот индикатор за катастрофалната состојба и незадоволството кај земјоделците“, рече Николовски. Тој додаде дека годинава има 10.000 земјоделци помалку пријавени за субвенции, што е последица на импровизациските политики и промените во условите за добивање финансиска поддршка. „Зошто не се тие ловци, како што ги нарекуваат? Затоа што ако го речете тоа, ќе се соочите со гневот на производителите. Се работи за промени и импровизациски политики за кои нема ниту усогласеност помеѓу премиерот и министерот за земјоделие“, истакна Николовски. Николовски потсети дека министерот за земјоделство најавувал укинување на условот за предадени 30 проценти од производството, но дека тој услов останал, поради што неколку илјади земјоделци не аплицирале за субвенции. Дополнително, зголемени се праговите за исполнување на условите кај поледелството и лозарството, од 0,2 на 0,5 и од 0,5 на 0,7, а воведена е и поддршка само за сертифициран семенски материјал, со што дополнително се ограничува бројот на корисници. „Долгот којшто го имате кон земјоделците е 10 милијарди денари. Точно 10 милијарди денари се обврските што се натрупани од 2024 и 2025 година. Затоа го поднесуваме овој амандман од над една милијарда денари, со цел да помогнеме сите заедно да се исплатат млекото, градинарските производи, пчеларството, живинарството и останатите субвенции“, нагласи Николовски. Тој додаде дека укината е и авансната исплата на субвенциите, која претходно овозможувала земјоделците да добијат 30 проценти од поддршката предвреме. Според него, претходно бил воспоставен јасен календар за исплата, со утврдени рокови и динамика, без селекција на земјоделците. „Во Европската Унија се знае точно во кој ден и како мора да се исплаќаат субвенциите, како што државата си го собира данокот. Ние таквата динамика комплетно ја нормализиравме, со факти, докази, кога, во кој ден и во кој рок се исплаќани субвенциите, неселективно, за сите земјоделци. Вие направивте еден хаос. Се гледа незадоволството секаде на терен. Завршуваат дел од земјоделските производи на буништа, имаме протести“, рече Николовски. Николовски посочи и на промените во поддршката за сточарството, наведувајќи дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари, додека истовремено се зголемени лимитите за големите производители. Укинати се повеќе програми наменети за малите земјоделци, а прагот за поддршка на големите е зголемен од 300.000 на еден милион евра. Николовски посочи дека преку интервентниот фонд се креирале мерки наменети за мал број фирми, наведувајќи го примерот со 10 милиони евра поддршка за откупувачите на грозје преку Македонската банка за поддршка на развојот, додека лозарите останале без директна финансиска помош. „Како може да има 10 милиони евра за откупувачите, грозјето да скапува, а да нема ниту еден денар за лозарите? Ниту еден денар, а имаме заостанати субвенции од 10 милијарди денари“, истакна тој. Тој ги посочи и ниските откупни цени на земјоделските производи, особено кај оризот, каде што, како што рече, цените се преполовени, како и состојбата со јаболкопроизводителите. „Кај јаболката ви се потребни 750 килограми јаболка на еден овоштар за да плати дневница за еден берач во текот на сезоната. Многу се поразителни показателите. Тоа верувам дека сте свесни заради тоа што земјоделството не е приоритет на оваа Влада, а ние имаме обврска да зборуваме за тој приоритет и за потребата од поддршка“, рече Николовски. Дополнително, тој посочи дека со последната владина измена на програмата не е укинат условот за предадени 30 проценти од производството, како што било најавувано од министерот, туку се скратени над 250 милиони денари во делот на зелената нафта. Николовски предупреди и дека веќе две години нема нови повици за ИПАРД-програмата, која ја оцени како една од најважните алки за модернизација на македонското земјоделство, во која земјата претходно била лидер. Тој направи споредба и со повиците од Програмата за рурален развој, посочувајќи дека во претходните седум години, од јануари до септември, биле објавувани по 12 повици, додека сега има само еден. „Знаете дека две години оваа Влада нема доделено ниту еден трактор по свој повик. Еден трактор. Досега требаше да има 2.000 до 3.000 трактори коишто ќе беа доделени ако го следевме просекот на претходната Влада. Еден трактор во овие две години не е доделен, а на новиот министер му го поништивте огласот за набавка на механизација. Ако за нешто треба пари во буџетот, тоа се за земјоделците, за да го зачуваме достоинството, да се цени нивниот труд и таа поддршка да се зголемува. Без домашна национална поддршка и без европски фондови, може само да претпоставиме дека одлуката или политиката на Владата е комплетно да биде запоставено земјоделството и да се ориентираме кон други гранки“, порача Николовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
КошаркаАларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат? Српскиот плеј Василије Мициќ не настапи во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека во самиот тим постојат подлабоки проблеми.Според „Спорт 5“, шефот на стручниот штаб на Хапоел ТА, Гркот Димитрис Итудис и репрезенативецит на Србија, Василије Мициќ не се во добри односи. До неодамна беа многу блиски, но ситуацијата се промени, па наводно речиси и да не разговараат повеќе. Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум. „Тоа не е нешто што може да помине незабележано. Тензијата јасно се чувствува. Нешто се случи меѓу Васа и Итудис и нивниот однос веќе не е онаков каков што беше“, велат извори од Хапоел. Според сведочењата, Мициќ потврдил дека односите со Итудис западнале во сериозна криза и станале многу лоши.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06