Одбивал да се жени, сурогат-мајките на своите деца ги крие: Еве зошто Роналдо со години не сакал брак со Георгина, а дури сега се реши - Канал 5

Одбивал да се жени, сурогат-мајките на своите деца ги крие: Еве зошто Роналдо со години не сакал брак со Георгина, а дури сега се реши

Кристијано Роналдо ја вереше Георгина Родригез со огромен дијамантски прстен, со кој таа синоќа се пофали на Инстаграм. Веднаш започна проценка на цената на тој накит, а за неговото богатство тоа е ситница. Но сумата е огромна.

Одбивал да се жени, сурогат-мајките на своите деца ги крие: Еве зошто Роналдо со години не сакал брак со Георгина, а дури сега се реши

Познатиот пар со веридбата ја круниса врската долга девет години, а постои причина зошто толку долго чекале. Има и главен виновник за тоа – португалскиот фудбалер, бидејќи неговата сакана секогаш истакнувала: „Да беше до мене, одамна ќе се венчавме“.

Дека Кристијано Роналдо (40) имал завршен збор за веридбата, па и за бракот, Георгина Родригез (31) откри на црвениот тепих, на промоцијата на својот ријалити „Јас сум Георгина“. Потоа раскажа дека пријателите постојано ја прашуваат за свадба:

„Секогаш се шегуваат на сметка на венчавката: ‘Кога ќе биде свадбата?’. Откако излезе песната на Џенифер Лопез „The Ring or When“, почнаа да ми ја пеат. И добро, тоа не е до мене“.

„Ќе се оженам кога…“

Роналдо го дал своето објаснување: „Секогаш ѝ велам: ‘Кога ќе го добиеме тој клик’. Како и за сè во нашиот живот, и таа знае на што мислам. Може да биде за една година, за шест месеци или за еден месец, 1000% сум сигурен дека ќе се случи“.

По ова, многумина го критикуваа Кристијано Роналдо, чудејќи се „како сè уште не го доживеал тој клик, по години врска и две деца со Георгина Родригез“. Реакциите беа прилично остри, а судејќи по веста за веридбата, милијардерот меѓу фудбалерите конечно го дочекал тој „бум“ момент. А богами, и Георгина го дочека.

Да потсетиме, фудбалерот во 2010 година со помош на сурогат мајка го доби синот Кристијано Роналдо Џуниор, а во 2017 на ист начин ги доби близнаците Ева и Матео. Со Георгина во 2017 ја доби ќерката Алана Мартина, а во 2021 година на свет дојдоа нивните близнаци – син и ќерка. За жал, момчето почина кратко по раѓањето.

Најстариот син на Роналдо е роден кога фудбалерот ја започнал врската со Ирина Шајк. Се зборуваше дека мајката на детето е Американка со која Роналдо имал кратка врска. Португалскиот весник Diario de Noticias тврдеше дека детето е зачнато кон крајот на летото 2009 година во Сан Диего, каде Роналдо бил со сурогат мајка на која ѝ дал многу пари.

Во исто време, поранешната мис Шпанија, Марија Хозе Суарез, со која наводно имал врска, останала бремена. Се сомневаше дека тој е таткото, но таа го негираше тоа. За жал, го изгубила бебето.

Има и приказна дека мајката на Роналдо Џуниор е сиромашна американска келнерка со која фудбалерот имал врска за една ноќ, во летото 2009. Му пришол во ресторан и на слаб англиски едвај ѝ објаснил што сака. Намерите биле директни – секс. Таа забременила и подоцна ДНК-анализата потврдила дека Португалецот е татко.

Постои и уште една верзија поврзана со британска студентка која, наводно, прифатила за многу пари засекогаш да ја премолчи вистината.

Роналдо е решителен дека никогаш нема да го открие идентитетот на мајките на своите тројца деца. Неговата сестра предизвика голема бура кога изјави дека мајката на Кристијано Џуниор е мртва и дека тој е само „нивни“, па се посомнева дека жената што го родила сакала да го запознае.

Кристијано Роналдо единствено изјавил дека близнаците Матео и Ева Марија ги родила сурогат мајка во близина на Сан Диего. Помина доста време, но тој не ја менува одлуката – молчи за биолошките мајки на своите деца, додека одлуката за брак ја промени… или поточно за веридба, бидејќи свадбата сè уште се чека. Георгина сигурно би сакала на тој настан да не чека колку што чекаше за вереничкиот прстен, пишува Блиц Жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер