1Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
2Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
ЖивотДвојаковски за МИА : Пред да се заразам мислев дека Ковид-19 е само обичен грипНереално е во моментот, не сфаќаш што ти се случува, вели Борче низ слатко-горчлива смеа, седнат со сопругата Наташа на неговата тераса, на убав сончев пролетен ден, со шолја кафе и домашен колач. Те земаат во болница, ти викаат поздрави се со сопругата, ќе се слушнеш можеби за некој час, ова се првите спомени на Борче Двојаковски, Македонец кој за сега живее во Белгија, и пред два месеца се зарази со Ковид-19, за неговата триесетдневна голгота низ бриселските болници. -Нереално е во моментот, не сфаќаш што ти се случува, вели Борче низ слатко-горчлива смеа, седнат со сопругата Наташа на неговата тераса, на убав сончев пролетен ден, со шолја кафе и домашен колач. Конечно дома и конечно спокоен по две хоспитализации, од кои пет дена на интензивна нега во буквална борба за воздух. Сѐ започнува кон крајот на март. Борче и неговите две ќерки, Марија и Теодора, едно утре се будат со прилично ниска температура. Додека Марија и Теодора веќе утредента се чувствуваат многу подобро, кај Борче ситуацијата се влошува од ден во ден. -Прво имав 37,5, па 38, и постепено се качуваше, после неколку дена се искачи до 40. Првиот пат кога ме преслуша матичниот лекар не беше загрижен, но вториот пат рече дека слуша нешто невообичаено на белите дробови, и одлучи да ми напише упатство за болница со барање за тест поради сомнеж од Ковид-19, раскажува Борче. Протоколот во Белгија – каде пред два месеца болниците беа преоптоварени и опасно се приближуваа до француското и италијанското сценарио – е таков што само најтешките случаи со највидливи симптоми се примаа во болница. Останатите се снаоѓаа како знаат и умеат дома, без посети на лекари, бидејќи имаше недостаток на заштитни маски дури и за медицинската фела. -Чекав седум дена пред да ме пратат во болница, и убеден сум дека ако ме пратеа веднаш во болница, ќе поминев многу подобро, вели педесетгодишниот поранешен контролор на летање. Кога стигнува во универзитетската болница и референтен центар за Ковид-19, Сент Лук, медицинскиот персонал го презема, му го остава само мобилниот телефон и ја замолува сопругата да замине, Борче ќе и се јави, ако може, за некој час да ја извести. -Болницата беше спремна, сите протоколи запазени, влегуваш во еднонасочен ходник, хигиената е на највисоко ниво, се фрла сѐ што се употребило со пациентот, некои лекари дури носеа два пара ракавици, па не можат да ти ја најдат вената, буквално никаков допир немаат со тебе, сѐ се дезинфицира, ти ги прават сите испитувања, рендген, ЕКГ, и ти велат јави се дома да кажеш дека те задржуваме во болница. Иако не чувствувал болка освен високата температура, која се контролира со парацетамол, и повремена кашлица, испитувањата ќе откријат дека Борче има прениско ниво на кислород. Прикачен на апарати за мерење на виталните параметри, лекарите набргу увиделе дека состојбата со кислородот кај Борче не се подобрува. -Ти фали кислород, и докторите сметаат дека ако продолжи вака, твојата состојба може само да се влоши и дури отпосле сфаќаш дека можеш да умреш. Борче е педесетгодишен маж, во добра здравствена состојба, непушач, без никаква друга болест или отежнувачка околност. -Не земаат било кого на интензивна нега, те гледаат дека си млад и дека уште имаш надеж за живот, вели Борче. Пренесен на интензивна нега три дена, Борче не е приклучен на класичен респиратор, туку на друг вид апарат за респираторна асистенција која се користи сѐ почесто за да се избегне механичката вентилација. Овие апарати вбризгуваат кислород во организмот на пациентот преку носот и устата што овозможува дишните канали да останат отворени и да се спречи колапс на белите дробови. И покрај сите напори на интензивната нега и вентилацијата, состојбата не му се подобрува, сведоштвото на Борче кажува многу и за беспомошноста на медицинската професија пред овој нов вирус. -Чувствував јаки болки во мускулите, ослабев десет кила за тие осумнаесет дена, кислородот малку го намалија, ама не можев сѐ уште да дишам нормално без кислород, продолжија со антибиотиците, и цело време „што да правиме, што да правиме?", велат докторите. Конечно лекарите, растргнати помеѓу различни стручни мислења, боца кислород дома или стероиди сепак ќе се одлучат за втората во случајот на Борче, иако оваа опција ретко се бира бидејќи стероидите иако ја подобруваат респираторната состојба, тие можат да бидат штетни за имунитетот на долг рок. Борче раскажува дека по три дена силна доза се чувствувал многу подобро, по што ќе биде пуштен од болница со оглед на доволно стабилната состојба. За жал, неговата голгота не завршува тука. Неколку дена е на домашна нега, брзо се задишува, не може ниту да пешачи на долги стази, напорно е и качувањето по скали... Болницата му обезбедува сеанси на физикална терапија преку интернет за да го врати постепено изгубениот белодробен капацитет. -Кога вежбавме со физикалните терапевти, ги прашав да не сме се префорсирале, мускулатурата да не сум ја повредил, бидејќи имав остра болка во десниот предел, кај ребрата од десна страна, како некој да те прободува, тешко земање на воздух, проверувам, температурата ми беше малку покачена, на 37.5, се препотуваш, следното утро пак исто и и се јавив на докторката на пулмологија да прашам да не е од вежбите, но таа ми рече дека штом има и мала температура, и ме прати назад на ургентно. По обилни испитувања, дијагнозата е пневмоторакс. -Тоа го сметаат како последицата на Ковидот, лечен, недолечен, вели Борче. Иако во тој момент тој е сега негативен на коронавирусот, штетата направена врз неговиот респираторен систем е таква што повторно се појавува инфекција бидејќи белите дробови по оваа болест остануваат многу кревки. Овој пат престојот во болница е покус, на редовниот оддел за Ковид19, повторно со големи дози на кислород за да се „дочистат" белите дробови на Борче. После неколку дена резултатите се охрабрувачки, белите дробови функционираат овој пат доволно добро, а секундарната инфекција е излечена. Болницата му обезбедила и психолошка помош, покрај физикалната. -Ми се јавуваше психолог да ме праша како сум, што чувствувам, тоа се трауми, па за да нема негативни последици, да не остави трајни последици, се консултиравме, но набргу се вратив во добра ментална форма. Физички уште бев уморен, посебно мускулите, но вежбите што ќе правиме многу помагаат, а од другата недела почнуваме нова програма за издржливост, но ете не можам уште да трчам, а на скала од еден до десет кондицијата ми е шест, раскажува Борче, видно среќен што е конечно дома, со ќерките и сопругата. Болеста на Борче не била лесно ниту за нејзе. -Единствен контакт ми беше кога ќе го слушнам на телефон и матичниот лекар што ми се јавуваше да ми даде информации, нема каде да се обратиш, тука лекарите не комуницираат многу како кај нас, само чекав да ми се јави. Едно утро подоцна ми се јави, мислам дека готова бев, многу се исплашив! А голем стрес ми беше пред да оди на интензивна нега, за среќа имав многу поддршка од семејството и пријателите, раскажува сопругата Наташа. Освен стравот од болеста, Борче и Наташа биле уплашени да не и се случи истото нејзе, или, во најстрашен случај, да не останат двете деца без родители. -Посакувам никој да не го фати вирусот, постои не постои, кога не ти се случува тебе викаш „обичен грип е", ни мене не ми беше гајле пред да се разболам, си викав е добро де, што, ама откако ќе влезеш во болница и кога ќе сфатиш што сѐ можело да ти се случи, буквално да те нема веќе... искуството е грозно, одговара Борче на прашањето како гледа на коментарите на луѓето кои не веруваат дека постои коронавирусот. Неговото искуство им помогнало и на неговите колеги од работа, кои го потценувале овој вирус, да се освестат колку е опасен и поодговорно да се однесуваат. -Воопшто не е несериозна работа овој вирус, гледам како го споредуваат со сезонски грип и не се сложувам, нема никаква споредба, вирусот постои и е специфичен, брзо се шири и има штетни последици, вели Наташа, која е биохемичар по струка. Семејството Двојаковски пред некое време одлучиле на своја рака да се тестираат и за антитела, резултатите се добри, сите четворица имаат развиен имунитет против вирусот... барем за сега. Бидејќи науката сѐ уште талка, и не се знае со точност колку време антителата го штитат организмот. Најтешкото сепак е сега зад нив. Следната желба, посебно на децата, е да можат да отпатуваат во нашата земја за да си ги видат семејството и пријателите, штом ќе можат да се отворат аеродромите и границите. Во меѓувреме, Борче продолжува да соработува со универзитетската клиника во која се лечеше и учествува во голема студија која треба да им помогне на научниците да го разберат вирусот ковид19. Оваа студија треба да помогне да се спречи или барем подобро да се менаџира евентуален нов бран на епидемијата во Белгија./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата. „Најдобриот дел? Завршено“ Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“ Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена. Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“ Таа зборуваше и за дрогата Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“ „Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што. Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат. „Требаше да бидам мртва“ Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата. „Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот. View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“ „Порнографијата е изградена врз илузии“ По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот. Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“ View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените. Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“Тагови: ѕвезда порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000 Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници. Што нуди Аргентина во рамките на програмата Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“. Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса. Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари. Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили. Пасошите како начин за привлекување капитал Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори. Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата. Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг. Колку чини пасош за целото семејство? Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест. Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице. За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати. Парите нема да бидат единствениот услов Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми. Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата. Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.Тагови: Аргентина пасош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПосвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долариПет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил.. Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата. „Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше. Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија. 375 години затвор за „тинејџерски клуб“ Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца. Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода. Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата. Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери. Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор. Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете. Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид. Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди. За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат. Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“. И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата. Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот. „Целиот систем е расипан“ „Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано. Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени. Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација. Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените. Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи. „За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано. Нова тужба за претходни обвинувања Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон. Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца. Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба. Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги. Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор. Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба. Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.Тагови: деца робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter