3Црн биланс за кој не се зборува: Над 1.000 руски војници извршиле самоубиство од почетокот на војната
СветДводневен Самит на ЕУ – главни теми Украина, Блискиот Исток, проширувањето и безбедноста Покрај ова, на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе се сретнат со нивните колеги од земјите од Европската економска област - Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, со што ќе ја одбележат 30-годишнината од меѓусебната соработка. Поддршката за Украина во справување со руската воена агресија, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето на Унијата, безбедност, одбрана и надворешните односи на ЕУ, прашањата поврзани со миграцијата и земјоделството, како и рамката за социо-економските политики на блокот за 2024 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Европската Унија што ќе се одржи денеска и утре во Брисел. Покрај ова, на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе се сретнат со нивните колеги од земјите од Европската економска област - Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, со што ќе ја одбележат 30-годишнината од меѓусебната соработка. Дополнително, лидерите ќе имаат и работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а на маргините на заседанието на Советот на ЕУ ќе се одржи и Евросамитот. Во поканата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел до лидерите на членките на ЕУ за учество на Самитот се посочува дека во време на третата година од руската агресија врз Украина, Европа се наоѓа во клучен момент кога како императив се поставуваат итноста, интензитетот и непоколебливата решителност во поддршката за земјата. - Нашата најважна задача е брзо обезбедување на воена помош за Украина и надградба на неодамнешните иницијативи, како онаа на Чешка, за брза набавка и испорака на муниција за Украина. Овој Европски совет ќе биде можност за зајакнување и забрзување на тие напори. Дополнително, мора да се фокусираме на ефикасно спроведување на нашите санкции, како и унапредување на напори за користење на неочекуваните профити од блокираните (руски) средства, наведува Мишел. Според него, сега е време за вистинска промена на парадигмата во однос на европската безбедносна и одбранбена политика, бидејќи Европа со децении не инвестираше доволно во својата безбедност и одбрана. - Сега кога се соочуваме со најголемата безбедносна закана по Втората светска војна, крајно време е да преземеме радикални и конкретни чекори за да бидеме подготвени за одбрана и да ја поставиме економијата на ЕУ на „воена основа“. Ова значи да се троши повеќе и да се купува повеќе заеднички и поефикасно. Ние, исто така, мора да и помогнеме на одбранбената индустрија во пристап до приватни и јавни фондови и да ги намалиме регулаторните оптоварувања и бариери. Градењето на овој стратешки безбедносен начин на размислување бара силно лидерство и акутно разбирање на итноста од заканите со кои се соочуваме. Очекувам нашиот Европски совет да го исполни ова, порача Мишел. Тој натаму се осврнува и на ситуацијата на Блискиот Исток, потенцирајќи дека злосторствата и нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година и војната што следеше потоа во Газа, веќе „го преминаа работ на нечовечност“. - Загинаа премногу цивили. Премногу невини животи се загрозени поради катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа каде беснее глад. Меѓународното право треба целосно да се почитува. Итно е потребен одржлив прекин на огнот за да се заштитат цивилите, да им се овозможи на заложниците безбедно да се вратат дома и да се осигура дека хуманитарната помош може да се достави според потребите, додава Мишел. Според него, ЕУ треба да ги засили своите напори за спречување на ескалација на конфликтот во регионот, пред се во Либан и во реонот на Црвеното Море, како и да остане посветена на постигнување праведно и сеопфатно мировно решение меѓу Израелците и Палестинците, со опстојување на Државата Израел и со создавање на демократска, суверена и одржлива Држава Палестина, кои ќе живеат една покрај друга во мир и безбедност и со меѓусебно признавање. Мишел додава и дека на Самитот ќе стане збор и за земјоделството во услови кога европските земјоделци јасно и гласно го изразија своето незадоволство. - Треба да дејствуваме решително за надминување на предизвиците со кои тие се соочуваат. Ова значи да се направи преглед на досегашната работа и да се обезбеди напредок без одлагање, особено во однос на позицијата на земјоделците во системот на снабдување со храна и фер конкуренцијата, како на внатрешниот пазар, така и на глобално ниво, наведува Мишел. Тој во поканата додава и дека предлага да се направиме преглед на подготовките за проширувањето и реформите на ЕУ, имајќи предвид дека двата процеси треба да се спроведуваат паралелно за да се осигура дека и идните земји членки, но и ЕУ, ќе бидат подготвени до моментот кога ќе се реализира нивниот прием во блокот. Мишел истакнува и дека лидерите ќе ја разгледаат и состојбата со миграцијата, а ќе се осврнат и на различни прашања од надворешни односи на ЕУ. - На Евросамитот в петок, ќе ни се придружат претседателите на Европската централна банка и на Еврогрупата за да разговараме за економската и финансиската состојба и континуираната тесна координација и управување со нашите макроекономски политики. Крајно време е повторно да ја потврдиме нашата силна решеност да направиме решителен напредок кон поцврста Унија на пазарот на капитал, надградувајќи ги мерките утврдени од Еврогрупата, додава Миел во поканата. Во делот на поддршката за Украина и нејзиниот народ како одговор на воената агресија на Русија, се очекува лидерите на ЕУ да ја реафирмираат заложбата за продолжување на политичката, финансиската, економската, хуманитарната, воената и дипломатската поддршка за земјата онолку долго колку што е потребно, како надополнување на досега издвоените преку 138 милијарди евра помош. Дополнително, се очекува лидерите да го разгледаат и предлогот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за усвојување одлука за искористување на неочекуваните приходи од руските блокирани средства за поддршка на Украина. Според предлогот на Борел, 90 проценти од овие средства ќе бидат распределени преку Европскиот мировен фонд, а 10 отсто преку Буџетот на ЕУ. Се проценува дека на овој начин би се обезбедувале по околу три милијарди евра на годишно ниво за дополнително финансирање на поддршката на Украина. Во делот за безбедноста и одбраната, се очекува лидерите да разговараат за потребата за зголемување на одбранбена подготвеност на ЕУ, за зајакнување на нејзината одбранбена технолошка и индустриска база, како и за преземање на понатамошни чекори за обезбедување поотпорна и поконкурентна одбранбена индустрија. Во тој контекст на Самитот ќе стане збор и за Европската стратегија за одбранбена индустрија и Европската програма за одбранбена индустрија, подготвени од страна на Еврокомисијата. Во врска со случувањата на Блискиот Исток, се очекува лидерите да ги повторат своите повици од претходните Самити за континуиран, брз, безбеден и непречен пристап на хуманитарната помош до сите оние на кои им е потребна, како и да ја нагласат потребата од соработка со партнерите во регионот за избегнување ескалација на конфликтот во регионот. По нападот на Хамас врз Израел и настаните во Појасот Газа, ЕУ најстрого го осуди Хамас, го призна правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право и ја изрази својата сериозна загриженост поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа. Лидерите, исто така, ќе разговараат за политиката на проширување на ЕУ, пред се за најновиот развој на настаните поврзани со Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија, по донесените одлуки на Самитот во декември 2023 година, со кои дадоа зелено светло за старт на пристапните преговори со Киев и Кишињев и изразија подготвеност да одобрат почеток на преговарачкиот процес со Сараево, откако земјата ќе го постигне неопходното ниво на усогласеност со критериумите за членство. За таа цел, лидерите ја задолжија Еврокомисијата да им поднесе им извештај за напредокот најдоцна до овој Самит. Според најавите, Европската комисија ќе достави писмен извештај за Босна и Херцеговина во кој ќе препорача отпочнување на пристапните преговори, додека за Украина и Молдавија ќе да даде усни оценки за подготовките за старт на преговарачките процеси и да ги поднесе нацрт-преговарачките рамки за двете земји со по 35 поглавја. Лидерите на ЕУ ќе се осврнат и на приоритетите на Европскиот семестар во 2024 година, односно на годишната рамка за економските, фискалните, вработувањето и социјалните политики на ЕУ, а се очекува и да ја разгледаат и одобрат Нацрт-препораката за економската политика на Еврозоната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
СудбинаМаж ја убил поранешната сопруга и ја закопал во дворот, па лажирал самоубиство- сега е осуден Маж од Тенеси кој ја убил својата поранешна сопруга, го скрил нејзиното тело во буре, а потоа го лажирал своето самоубиство, дозна каква казна го чека.Кевин Вотсон, 48, се изјасни за виновен на 18 ноември за убиство од небрежност, сквернавење на човечки останки, уништување и прикривање на докази и поднесување лажна пријава во врска со смртта на Бритни Вотсон, според изјавата на Фредерик Х. Ејџи, главниот обвинител на 28-от судски округ во Тенеси, објави Пипл. Тој беше осуден на 15 години затвор, по што следуваа 10 години надгледувано ослободување, рече Ејџи. Казната ќе се смета во речиси четирите години што веќе ги отслужил во затвор. На Вотсон му беше наредено и да заврши програма за сторители на семејно насилство додека беше во затвор. „Ова е во суштина казна од 25 години“, напиша Ејџи. Обвинителите рекоа дека Вотсон чекал Бритни да се врати дома во округот Хејвуд, а потоа ја застрелал по претходна расправија пред хотел на 7 јануари 2023 година. Иако биле разведени, двајцата оттогаш се смириле и живееле заедно со своите деца. Потоа Вотсон го закопал нејзиното тело во буре на својот имот и поднел лажна пријава за исчезнато лице во полицијата. Тој, исто така, „инсценирал дека извршил самоубиство, но на крајот им се предал на властите по шест дена криење“. Властите рекоа дека тој им ја покажал и на истражителите областа каде што ја закопал Бритни. „Нашите срца се со семејството на Бритни Вотсон“, напиша Ејџи. „Ова би бил тежок случај за нашето обвинителство да го докаже во случајот за убиство од прв степен, што бара доказ за намера и умисла“. Ејџи рече дека Вотсон тврдел дека дејствувал во самоодбрана кога ја убил Бритни. Vengeful husband who fatally shot his ex-wife and faked suicide to escape is handed sweetheart plea deal https://t.co/Yu3PjqPRkf https://t.co/Tlg7wnKWvE — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 23, 2026 Доколку случајот стигнел до суд, поротата можела да разгледа поблаги обвиненија, вклучувајќи убиство од втор степен, убиство без умисла и убиство од небрежност. На пример, пресуда за убиство од небрежност би значела затворска казна од три до шест години, додаде Ејџи, што е значително помалку од казната на која Вотсон се согласи како дел од неговиот договор за признавање на вина. „Со овој договор за признавање на вина, обвинетиот се откажа од своето право на жалба, па затоа овој случај е затворен, а ние обезбедивме дека обвинетиот ќе остане во затвор или под строг надзор во следните две децении.“ „Врз основа на она што го видовме со резултатите од слични судења во други јурисдикции, проценивме што е најдобро за да се максимизира одговорноста на обвинетиот и да се донесе чувство за правда кај Бритни и нејзиното семејство.“ Сестрата на Брит, Хедер, зборуваше на суд на рочиштето, споделувајќи како загубата влијаела врз неа и нејзиното семејство. „Нејзините деца ги загубија животите со нивната мајка. Јас го загубив животот со сестра ми. И нема датум на ослободување за нашата тага“, рече таа. Таа, исто така, ја призна казната на Вотсон и го доведе во прашање правниот систем, велејќи дека тоа е одлука што „можеби никогаш нема целосно да ја разбере“.Тагови: поранешна сопруга самоубиство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНа иранска порно ѕвезда ѝ се заканува смртна казна- избегна депортирање од Британија Иранска актерка за филмови за возрасни избегна депортирање од Велика Британија откако тврдеше дека враќањето во нејзината татковина би го довело нејзиниот живот во опасност.Жената рекла дека почнала да снима „одреден вид филмска продукција“ кога имала финансиски проблеми и се срамела да побара пари од мајка си. Таа рекла дека снимила помеѓу 20 и 30 филмови додека живеела во Иран, каде што производството и дистрибуцијата на порнографска содржина се строго казниви, со смртна казна. Министерството за внатрешни работи на Велика Британија го отфрлило нејзиното барање за азил, велејќи дека не верува дека ќе продолжи да снима филмови за возрасни ако биде вратена во Иран. Првостепениот имиграциски суд застанал на страната на Министерството за внатрешни работи, велејќи дека жената „ја измислила целата приказна“ и дека не би се довела во опасност со снимање еротски видеа. Судијата пресуди дека претходната одлука е очигледно погрешна Сепак, таа сега успеа да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд за имиграција, објавува британскиот „Телеграф“. Судијата пресуди дека е „очигледно погрешно“ да се претпостави дека луѓето нема да прават одредени работи само затоа што последиците би можеле да бидат многу сериозни. Нејзиниот случај сега ќе биде преиспитан. Iranian porn star wins immigration appeal despite British judge finding it 'implausible' she'd make adult films in Islamic country https://t.co/30hZ7ofqvF https://t.co/29SZWEiJrZ — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 25, 2026 Жената, чиј идентитет е сокриен и која е идентификувана во судските документи со иницијалите РН, била во Велика Британија кога нејзин пријател, идентификуван само како Меријам, кој исто така е вклучен во производство на порнографска содржина, ѝ испратил фотографија од судска покана што пристигнала на нејзината адреса во Иран. Пријателот ѝ кажал дека властите почнале да преземаат мерки против луѓето вклучени во производство на порнографски филмови. „Таа беше многу исплашена“, беше кажано во Високиот суд. На судот му беше кажано дека судија од понизок суд ги отфрлил тврдењата на РН дека успеала да го избегне вниманието на иранските власти додека снимала помеѓу 20 и 30 филмови во период од шест години што завршува во 2022 година. Во образложението за претходната пресуда беше наведено дека судијата разгледал докази за тоа како биле казнувани оние вклучени во такви активности, но не верувал дека РН всушност се довела во опасност со своите постапки. Тој исто така не верувал дека таа учествувала во производство на порнографски филмови, заклучувајќи дека таа била „неискрена и дека ја измислила целата приказна“. Потоа ја отфрлил нејзината жалба. Сепак, повисокиот суд сега пресуди дека фактот дека правењето порнографска содржина во исламска теократија може да има „страшни последици“ не значи дека такви работи не се случуваат. Судијата Џонатан Перкинс рече дека не гледа никаква недоследност во нејзините тврдења, додавајќи дека сигурно ѝ било тешко да ѝ објасни на мајка си од каде ги добила парите што ги заработила. „Воопшто не сум убеден од тврдењето на судијата дека е неверојатно РН да учествувала во снимањето филмови за возрасни поради ужасните последици што може да ги претрпи. Основната претпоставка дека луѓето не прават одредени работи затоа што последиците би можеле да бидат толку сериозни е очигледно погрешна“, рече Перкинс. Тој додаде дека заклучокот на претходниот судија, врз основа на претпоставката дека жената не би се изложила на таков ризик, бил шпекулативен и затоа опасен. „Овој случај мора да се преиспита. Не е правилно разгледан и затоа се враќа во Првостепениот суд“, заклучи судијата. Ново рочиште ќе биде закажано за подоцнежен датум.Тагови: депортирање смртна казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДванаесетгодишно девојче се породи во Бугарија- веќе три години живее со сопругот, лекарите загрижени Дванаесетгодишно девојче се породи во бугарскиот град Монтана и го донесе на свет своето прво дете, а особено загрижува фактот дека таа и таткото на бебето, кој има 16 години, живеат заедно три години.Девојчето се породи со царски рез во болницата „Д-р Стамен Илиев“, а според раководителот на Одделот за акушерство и гинекологија, д-р Захарија Николов, нејзината здравствена состојба е добра по интервенцијата. „Мајката се чувствува добро, како да е третиот постоперативен ден. Таа е подвижна и добро хранета“, рече д-р Николов. Тој истакна дека бременоста кај девојчињата на оваа возраст е со висок ризик, додека породувањето претставува посебен медицински предизвик. Сепак, здравствените ризици не завршуваат со раѓањето на детето, бидејќи малолетните мајки се изложени и на зголемен ризик од психолошки тешкотии во периодот по породувањето. Д-р Николов предупреди на можноста за развој на постпартална депресија, особено кај малолетници и адолесценти. Како што објасни тој, хормоналните промени по породувањето, проблемите со доењето, недостатокот на сон и стресот можат дополнително да го комплицираат прилагодувањето на новата животна ситуација. Според него, кај адолесцентите кои раѓаат, ризикот од развој на постпартална депресија може да достигне 30 до 40 проценти. „Ова значи дека секое второ или трето малолетно лице кое раѓа може да развие постпартална депресија. Кога се јавуваат проблеми со градите, доењето, стрес, недостаток на сон и физиолошки промени, т.е. нагло опаѓање на прогестеронот и естрадиолот, може да се појават вознемиреност, плачење и тешкотии при прилагодувањето“, објасни докторот. Случајот веднаш го привлече вниманието на надлежните социјални служби, кои спроведоа детална проценка на околностите на семејството. Одделот за заштита на децата во Монтана објави дека по пријавувањето на случајот, итно е свикан Координативниот механизам за деца жртви на насилство. На состанокот присуствуваа претставници од Окружното обвинителство, полицијата, Центарот за јавна поддршка и Одделот за заштита на децата. Донесена е одлука малолетната мајка и бебето да се сместат во одделение за мајка-дете, каде што ќе ја добијат потребната социјална и здравствена поддршка, како и помош во стекнувањето родителски вештини. „Ова е комплекс кој обезбедува социјални и здравствени услуги. Таму, таа ќе добие поддршка и ќе се обучи за родителски вештини“, објасни Светлин Георгиев, раководител на Одделот за заштита на децата во Монтана. Тој додаде дека во домот на 16-годишниот сопруг има соба со задоволителни услови за живот. Д-р Николов, исто така, откри дека за време на неговата медицинска кариера, породил девојче кое имало само 11 години. Две години подоцна, кога имала 13 години, истото девојче повторно се породило и родило второ дете. Според него, во Бугарија, околу девет до десет проценти од жените кои раѓаат се под 18 години. Од приближно 600 породувања евидентирани во болницата, околу 50 биле меѓу малолетници, вклучувајќи три четиринаесетгодишни и едно дванаесетгодишно дете. Случајот со дванаесетгодишната мајка повторно го отвори прашањето за малолетни бремености и потребата од навремена заштита на децата, како и вклучувањето на здравствените и социјалните институции.Тагови: девојче сопруг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37