МакедонијаДвижењето ЗНАМ за Наша Македонија – Теренската офанзива продолжува: Заедно со граѓаните го креираме локалниот развој!Движењето ЗНАМ за Наша Македонија успешно ги реализираше двете теренски кампањи во рамки на иницијативата „Заедно повеќе знаеме“, со што оствари директните средби со граѓаните, членовите и симпатизерите низ целата држава. Од денес, започна и третата фаза од теренските активности, анкета со граѓаните под мотото „Заедно со граѓаните – го креираме локалниот развој!“ Со оваа теренска офанзива, Движењето ЗНАМ уште еднаш ја потврдува својата посветеност на дијалог со народот. Членовите и симпатизерите на партијата се присутни на улиците, плоштадите, пазарите, парковите, во сите градови и села низ Македонија, со цел креирање на најавтентичната, најчесната и најреалната програма за претстојните локални избори, базирана на реални потреби и предлози од самите граѓани. „Ова не значи само присуство. Ова значи заедничко создавање. Ние не водиме кампањи од фотелја, туку директно од терен. Ќе бидеме присутни во секој град, секое населено место, секоја месна заедница, заедно со граѓаните, ќе ја напишеме нашата програма. Тоа е нашата сила – автентичноста, транспарентноста и блискоста со народот“, - истакнаа од Центарот за комуникации на Движењето ЗНАМ. Граѓаните веќе го препознаваат искрениот пристап на ЗНАМ што го означува крајот на празните ветувања и маркетиншките балони. „Ние не ветуваме што не можеме да оствариме. Што ќе ветиме – тоа ќе го реализираме! Затоа што нашата политика не се темели на желби на моќници, туку на реални потреби на народот.“ Движењето ЗНАМ веќе покажува резултати, не со зборови, туку со дела. Покажа дека може да се води поинаку, чесно, праведно и храбро. На претстојните локални избори оваа есен, граѓаните ќе имаат вистински избор – да го поддржат искрениот, транспарентен и решителен пристап кон промени што доаѓаат од теренот, а не од елитите. Од Центарот за комуникации на ЗНАМ порачуваат дека Македонија која Движењето ја гради е држава во која законите важат за сите, каде што секој граѓанин има и право и одговорност, и каде политиката служи на народот, а не обратно. Затоа ЗНАМ продолжува, со теренски активности, со вистинска комуникација и со учество на секој граѓанин. ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ – ГО КРЕИРА ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ! Центар за комуникации и аналитика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан КорабоскиОсновното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31, годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска.Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31 – годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска, и неофицијално полусвесна ја исфлил пред маркет од автомобилот. Според информациите од истрагата, приведувањето на насилникот се должи на новонастанати околности, меѓу кои е и изјавата пред обвинител попладнево на претепаната девојка. Воедно, според изворите на Канал 5 се очекува Корабоски да заврши и во притвор, откако првично, по барање на обвинителството, доби само мерки на претпазливост. Што се однесува до тоа дали ќе има преквалификација на делото нанесени „тешки телесни повредени“ во потешко дело како „обид за убиство“, републичкиот обвинител Ненад Савески, рече дека ќе зависи од доказите кои се прибираат. „Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка.“ „Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се одслободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи. Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека како семејство имале долга ноќ, стравувајќи за неговата сестра оти осомничениот бил пуштен. Дополнително, сподели и дел од она што Сара го поминала ноќта. „Сара најпрво кажа дека настанало од што почнал да вози брзо. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина.“ Според семејството на Ѓорѓиоска, насилникот дивеел возејќи со огромна брзина, воедно, не ја пуштал Сара да го напушти возилото, во кое таа барала прекин на нивната врска. Набргу следел и физичкиот напад од Корабоски, за кој полицијата портврди дека бил под дејство на алкохол, измерени му биле 1,29 промили, па и за возењето во алкохолизирана состојба, потврдија од СВР, ќе добие кривична пријава. Во меѓувреме, според информациите, пуштен е таткото на Ѓорѓиоска, кој беше приведен по пријавата на мајката на осомничениот, оти по претепувањето на неговата ќерка, според пријавеното, телефонски им се јавил и им се заканувал на целото семејство. За него според најавите, исто така ќе има постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степениВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 8 Попова Шапка, Ѓуриште, 9 Тетово, 10 Лазарополе, 11 Крушево, Зајчев Рид, 12 Крива Паланка, Скопје Петровец, 13 Струмица, 14 Претор, Гевгелија, Демир Капија, Велес, 15 Прилеп, Штип, 16 Охрид, Кавадарци, Виница, Берово, 18 Битола. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 10 Лазарополе, 8 Пожаране, 4 Попова Шапка, Крушево, 2 Тетово, Велес, 1 Прилеп, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот наместа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook