Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи - Канал 5

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов рече дека пред очите на  јавноста се уништуваат дрвја, се узурпираат тротоари и јавни површини, а приватниот интерес повторно е ставен над интересот на граѓаните.

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија посочи дека буквално пред кабинетот на градоначалникот, на само 30 метри од општината, се случува урбанистички криминал кој го гледаат сите жители на Центар, но за кој актуелниот Градоначалник и градежната инспекција молчат.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов рече дека пред очите на јавноста се уништуваат дрвја, се узурпираат тротоари и јавни површини, а приватниот интерес повторно е ставен над интересот на граѓаните.

„Сведоци сме на узурпација на јавен простор, уништување на зеленило и изградба на дивоградби, токму пред очите на општината, без никаква транспарентност. Затоа јавно го повикуваме актуелниот градоначалник Горан Герасимовски:

• Да ја објави целокупната документација поврзана со Хотел „Маџо“ – од барањето за градба и доградба на т.н. летна тераса, која всушност е ресторан, преку сите акти за пренамена во хотелско сместување, до неговите лични потписи на одобренијата за доградба.

• Да излезе пред ЦЕНТАРЦИ и да покаже документи и аргументи за тоа како е дозволено да се догради аголот од објектот во парцела 22.1 и да се изврши целосна реконструкција на соседниот објект (парцела 22.10) , додека јавни површини се користат за градежни активности и зеленилото се уништува“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. Тој додаде дека фактите зборуваат и ситуацијата на терен е кристално јасна.

„Според ДУП „Дебар Маало 2“ – градежна парцела 22.1 предвидува дворно место, а денес таму гледаме узурпација за угостителски намени со цврста градба. На парцелата 22.10 се изведуваат работи како целосна реконструкција – фасада, кров, внатрешност.Поставени се и надворешни скали, и тоа на тротоар, кој е јавна површина. За време на овие интервенции исечени се две дрва и оштетен е косник од бандерата“, потенцира Мемов и запраша:

„Дали општинската градежна инспекција воопшто постапила по овој случај?

-Дали е извршен инспекциски надзор, и ако е – кои се заклучоците?

-Дали е издаден налог за стопирање на градежните работи и за санкции, или пак, градежната инспекција при општина Центар свесно молчи и дозволува објектот да расте пред очите на јавноста? Господине градоначалник, како е можно вакви интервенции да се одвиваат пред вашиот кабинет, а општината да молчи“.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ рече дека сето ова е доказ за соучесништво и за штитење на приватни интереси на сметка на јавниот простор. Мемоав наглси дека Центарци имаат право да ја знаат вистината и дека мора да се престане со молкот и со селективната правда.

„Доста е со политичка глума и манипулации. Горан Герасимовски, излези конечно пред граѓаните.

Дали ова е твоето ветување – јавен простор за приватни бизниси?

Дали ова е твојата визија – Центар без зеленило, без воздух, без иднина?

Ова е понижување за сите жители на Центар кои ти дадоа доверба, а години наназад добиваат бетон наместо парк, дивоградби наместо ред, корупција наместо правда“, рече Мемов и додаде дека граѓаните не се слепи.

„Граѓаните ЗНААТ и Центар ЗНАЕ. На 19 октомври граѓаните ќе изберат човек кој навистина ќе работи во интерес на Центар, за граѓаните, за нивните соседи, семејства и за зачувување на јавните простори и зеленило“, потенцира портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,

Никола Мемов на денешната прес конфернција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер