3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЗабаваДвете беа мажи и не им пречат 46 години разлика за да се сакаат (ФОТО)Кетлин Џенер не се одвојува од 46 години помладата девојка манекенка , која како и неа го сменила полот.68 годишната Кетлин е позната како Брус Џенер, сопруг на мајката на Кардашијан, Крис Џенер. Тој е познат олимпиец и татко на Кендал и Кајли Џенер , како и очув на славните сестри Кардашијан. Иако со години се шпекулираше , Брус во 2015 стана Кејтлин и тогаш призна дека со години пиел женски хормони. Со мајката на славните старлети Кардашијан се венчал во 1992 година. Бракот се распадна откако Брус стана Кејтлин и тогаш тој призна дека никогаш не го привлекувале мажи и се декларира како асексуална личност. Тоа траеше до лани кога ја запозна манекенката , 22 годишната Софија Хатчинс , која и самата била маж и се викала Скот. Таа се угледала на примерот на Брус и станала женско , по што манекенската кариера и тргнала во нагорна линија. Денеска двојката живее во заедничка вила , имаат куче и планираат наскоро да се венчаат. Доколку Кејтлин реши да се венча со Софија , тоа ќе и биде четврти брак. Sophia and I off to the ESPY’s. Bringing back old memories of my first public outing. Life is good! A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner) on Jul 18, 2018 at 2:43pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општинитеДенес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево. „Добар ден и од мене. Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево. Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај. Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија. Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани. Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење. Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на ФилипинитеПатнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот. Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао. NEW: Air Niugini Boeing 767-383ER passengers and crew evacuated on the runway at Davao International Airport in the Philippines after an engine fire indication while en route to Papua New Guinea. The right main gear was doused by water after the brakes overheated during the emergency landing. 4 tires on the right main gear were damaged. The Civil Aviation Authority of the Philippines confirmed that all 137 passengers and nine crew members on board were safe. https://t.co/RNv1MYl7bj — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 21, 2026 Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица. Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето. Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот. Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето. All 146 passengers and crew aboard an #AirNiugini flight are safe after pilots divert the aircraft from #HongKong to Davao City in the #Philippines following a possible engine fire warning Footage shows passengers evacuating the plane using emergency slides after it lands safely https://t.co/24GZoWDZrs — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 21, 2026 Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДСБројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог. Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат. Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%. Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок. Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%. Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот. Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго. А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter