Две жени до смрт претепале маж зашто не сакал да има секс „во тројка“ на гробишта (ВИДЕО)

Две жени се уапсени во Русија под сомнение дека брутално претепале и убиле маж, откако тој го одбил нивното барање за интимни односи во „тројка“ на гробишта.

Жените Роза (29) и Марта (37) пиеле со 63-годишниот Александар во дворот на црквата во Ставропол, град во југозападна Русија, пишува Мирор.

Локалните медиуми објавија дека пријателките биле обвинети дека го удирале мажот со клоци и тупаници откако тој одбил да има секс со нив.

Во извештајот кој се повикува на локалната полиција се вели дека го претепале до смрт во шумата пред да го скријат телото во дупка.

„Го одвлекле телото во шумата и го сокриле во дупка“, пишуваат медиумите.

Телото подоцна било пронајдено, а жените биле уапсени и обвинети за убиство.

На видеото се гледа како една од жените ја води полицијата од рускиот истражен комитет до местото на наводното злосторство во шумата, носејќи кукла што ја легнале на тревата во шумата. Една од жените потоа ги става стапалата на торзото на куклата.

Во соопштението, Комитетот рече дека жртвата, која им била позната на двете жени, била подложена на жесток напад при што бил „удрен со тупаници и клоци“, удирајќи го во главата и торзото, пред да умре на местото на настанот.

„За време на расправијата, жените му задале неколку тупаници и клоци во пределот на главата и торзото на 63-годишниот маж“, се наведува во извештајот на Комитетот.

„Од повредите, жртвата починала на лице место. Пријавените за да ја избегнат одговорноста за делото, телото на починатиот го влечеле во пошумен простор и го сокриле во дупка“, се додава во извештајот.

Двете жени добија два месеца притвор.

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

притисни ентер