Две успешни приказни на млади земјоделци, кои својата иднина ја гледаат во земјава - Канал 5

Две успешни приказни на млади земјоделци, кои својата иднина ја гледаат во земјава

Бројот на земјдолците се намалува од година во година, особено меѓу младите, но тие што се одлучуваат да се занимаваат со оваа дејност се предводници на развојот и осовременувањето на производството по сите европски стандарди..  

Две успешни приказни на млади земјоделци, кои својата иднина ја гледаат во земјава

Иван Маркоски од Скопје и Иван Шуклев од Гевгелија од сосема два различна краја на земјава се двајца млади земјоделци кои својата иднина ја гледаат во производството на храна во земјава. Иван Маркоски е трета генерација производители на конзумни јајца и тој сега ја раководи од неодамна пуштена во производство најсовремената живинарска фарма не само во земјава туку и на Балканот со проектирано дневно производство од 120 илјади конзумни јајца на ден во најсовремени европски услови, како за живината така и за вработените.

Маркоски заради својата активна улога како млад земјоделец во развојот на живинарството од своите колеги е предложен и е сега претседател на потсекторката група за живинарство која во министерството дава предлози и насоки кои мерки се важни за ова производство да го задоволи целосно домашниот пазар и полека да се ориентира за извоз. А во извозот пак му нема рамен на Иван Шуклев. Тој по долги години едукација во Словенија од пред неколку години се врати во својата родена Гевгелија за да ја раководи продажбата односно извозот на трпезно грозје од најсовремениот лозов насад во земјава од каде целото грозје е наменето за извоз во големите европски ланци на маркети каде предуслов се прецизни правила за безбедност на производството наменето за свежа продажба.

Одгледувањето на грозјето на насадот на Шуклеви е со најсовремени агротехнички мерки како што се произведува грозје во Шпанија, Италија и Грција бидејќи само така може да се планира извоз на европските пазари и да се постигне нивото на безбедност и следливост на трпезното грозје. Во моментов тој произведува од 1,5 до 1,8 милиони килограми што се годишно по 50 шлепери за извоз а веќе подига и нови 40 хектари современи лозови површини за да ги задоволи се поголемите потреби на Европските пазари.

Со своите успешни приказни овие млади амбасадори на современото македонско земјоделство го трасираат и покажуваат патот на идното производство на храна кое е можно само преку постојани инвестиции, едукација и целосна модернизација по најсовремените европски стандарди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

 Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство  на прв на тест пред Европскиот совет. 

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат..

Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година

Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 години

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер