Две третини од Швајцарците не се за строга неутралност, резултатите нема да му се допаднат на Путин - Канал 5

Две третини од Швајцарците не се за строга неутралност, резултатите нема да му се допаднат на Путин

Швајцарските гласачи со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување на построга интерпретација на долгогодишната политика на неутралност во уставот, според првите проекции за резултатите од референдумот. 

Две третини од Швајцарците не се за строга неутралност, резултатите нема да му се допаднат на Путин

Околу 71 процент од гласачите гласаа против иницијативата, изјави Лукас Голдер, ко-раководител на институтот за истражување на јавното мислење gfs.bern, како гост на телевизијата SRF.

Анкетите спроведени пред референдумот покажаа дека иницијативата ќе биде отфрлена. Таа беше покрената од здружението Pro Schweiz, тесно поврзано со десничарската популистичка Швајцарска народна партија. Неутралноста е загарантирана со швајцарскиот Устав од 1848 година, а иницијативата имаше за цел да воспостави построга интерпретација на тој принцип.

Санкциите против Русија во фокусот

Според предлогот, во иднина Швајцарија не само што ќе избегнува учество во вооружени конфликти и ќе ја затвори својата територија за завојуваните страни, туку ќе престане и да воведува санкции врз земјите што ја започнале војната, како што е Русија. Исклучок би биле санкциите на Обединетите нации.

Економската соработка би продолжила како и досега, вклучително и со земјите што ја започнале војната. Застапниците на построгата неутралност тврдат дека тоа би ја направило Швајцарија побезбедна и би го зајакнало нејзиниот кредибилитет како неутрален медијатор.

Сепак, противниците тврдат дека во современиот свет државата не може да се крие зад неутралноста и да ги изедначува сторителите и жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп ги шокира гостите- јаде пластично цвеќе пред камерите на промоција на рум (ВИДЕО)

Џони Деп изведе необичен настап на промоцијата на сопствениот бренд рум во Лас Вегас. 

Џони Деп ги шокира гостите- јаде пластично цвеќе пред камерите на промоција на рум (ВИДЕО)

Пред гостите и фотографите, актерот ги откина вештачките лисја од декоративниот ѕид и почна да ги џвака. Настанот беше организиран како дел од настанот „Принк Лас Вегас“ во хотелот „Парк МГМ“ по повод презентацијата на румот „Три срца“ на Деп.

Деп се појави на приемот во неговиот препознатлив боемски стил, со темна облека, широка шапка и шал. Во еден момент, тој отиде до ѕид покриен со вештачко зеленило, откина пластично цвеќе и го стави во уста.

Откако го исплука, зеде друго и продолжи да позира со насмевка додека листовите му штрчеа од устата. Го помина остатокот од вечерта разговарајќи со гостите и наздравувајќи за својот рум.

„Она што е нормално е невообичаено за мене“

Актерот е познат по тоа што не ги почитува вообичаените правила на однесување. Тој го објасни својот неконвенционален поглед на светот во едно претходно интервју. „Фасциниран сум од повеќето работи што се сметаат за нормални и општоприфатени во животот, бидејќи мене лично честопати ми изгледаат сосема извонредни“, рече тој во тоа време.

Враќање на големото платно

Оваа изјава доаѓа во време кога Деп интензивно работи на своето враќање во филмската индустрија по долгиот и медиумски покриен судски спор со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Неодамна го најави филмот „Ебенезер: Божиќна песна“ на Comic-Con и се појави под тешки протези како ликот на Ебенезер Скруџ.

Продуцентот Џери Брукхајмер, исто така, потврди на конвенцијата D23 на Дизни дека активно се работи на сценарио за шестиот дел од франшизата „Пиратите од Карибите“. Според најавите, Деп би можел да се врати во улогата на капетанот Џек Спероу, а Марго Роби би можела да се појави покрај него во филмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Граѓански форум во Скопје: Граѓаните во фокусот на европската иднина“

Во Скопје се одржува Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на процесот на проширување на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и изборна координација на Европскиот парламент, во соработка со Собранието.

„Граѓански форум во Скопје: Граѓаните во фокусот на европската иднина“

На форумот учествуваат 50 избрани граѓани, членови на Европскиот парламент, пратеници во Собранието и национални експерти, кои преку отворен дијалог и дискусии разговараат за европската интеграција на земјата, процесот на проширување на Европската Унија и улогата на граѓаните во демократските процеси.

Форумот го отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. На официјалното отворање се обратија и членовите на Делегацијата на Европскиот парламент: Лукас Мандл, член на Европскиот парламент од Австрија и водечки член за Западен Балкан во областа на поддршка на демократијата; Томас Вајц, член на Европскиот парламент од Австрија и известувач на Европскиот парламент за Македонија и Бранислав Ондруш, член на Европскиот парламент од Словачка.

Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека партиципативната демократија подразбира граѓаните да имаат постојана можност да учествуваат во креирањето на политиките, да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и да бараат одговорност од институциите.

Тој посочи дека Собранието има посебна одговорност во овој процес, имајќи предвид дека пратениците се директниот глас на граѓаните, упатувајќи порака дека гласот на граѓаните, очекувањата и критиките се многу важни.

„Европската интеграција ќе има вистинска вредност само доколку граѓаните се чувствуваат како активни учесници, а не како набљудувачи на процесот“, порача Гаши.

Мандл, преку видео-порака, истакна дека Граѓанскиот форум претставува пример за партиципативна демократија во пракса, нагласувајќи ја важноста од заедничкото градење посилна и пообединета европска иднина.

Во своето излагање, Вајц се осврна на потребата од отворено адресирање на предизвиците со кои се соочува земјата, посочувајќи дека проблемите нема сами да исчезнат и дека токму затоа гласот на граѓаните е од особено значење.

Ондруш ја нагласи важноста пратениците, покрај тоа што работат во корист на граѓаните, да работат и заедно со нив. Тој ја истакна потребата од користење анализи и податоци што ги одразуваат мислењата и ставовите на граѓаните, со цел тие да бидат активни учесници во демократските процеси.

Во рамките на форумот се одржа и дијалог со европратениците на тема „Иднината на проширувањето“, кој им овозможи на учесниците директно да поставуваат прашања, да ги споделат своите ставови и да разговараат со членовите на Европскиот парламент.

Програмата продолжи со пленарни сесии, експертски презентации и дискусии, како и со тркалезна маса посветена на можностите што ги носи процесот на европска интеграција. Експерти од земјата и странство ги споделија своите согледувања за предизвиците и можностите во процесот на пристапување кон Европската Унија, со фокус на земјоделството, владеењето на правото, транспортот, финансиите, образованието и интеграцијата , како и на пристапот на Собранието кон граѓаните преку концептот „Отворено собрание“.

Последниот ден од форумот продолжи со учество на пратениците од Собранието Љупчо Пренџов, Мимоза Муса, Сали Мурати и Соња Мираковска на тркалезна маса, на која се разговараше за различни теми поврзани со европската интеграција и приоритетите на граѓаните. Пратениците ги споделија своите искуства и ставови во процесот на формулирање на завршните препораки и конкретните мерки.

Препораките беа разгледани и изгласани од учесниците на форумот, а ќе бидат доставени до Европскиот парламент. Тие опфаќаат повеќе области од значење за граѓаните, меѓу кои образованието, животната средина, земјоделството, владеењето на правото и борбата против корупцијата, транспортот и јавниот превоз, туризмот, како и комуникацијата и учеството на граѓаните во демократските процеси.

На официјалното затворање на форумот се обрати пратеникот Љупчо Пренџов, кој истакна дека граѓаните не очекуваат од институциите само да ги слушнат, туку и да покажат дека ги разбрале нивните потреби и ставови.

„Како пратеници, наша одговорност е она што го слушнавме овие два дена да не остане само како запис од една средба. Ќе ги разгледаме препораките и пораките што ги дадовте и таму каде што имаме надлежност, ќе покажеме и конкретна активност“, порача Пренџов.

Тој се заблагодари и на Европскиот парламент за поддршката и партнерството, како и за поттикнувањето на директниот дијалог меѓу граѓаните и нивните избрани претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во делови од Западен Балкан повторно се појавуваат тензии и теми што потсетуваат на почетокот на 1990-те

Во делови од Западен Балкан повторно се појавуваат тензии и теми што потсетуваат на почетокот на 1990-те и навидум помал инцидент може да предизвика поширока регионална криза.

Мицкоски: Во делови од Западен Балкан повторно се појавуваат тензии и теми што потсетуваат на почетокот на 1990-те

На Балканот повторно се случуваат тензии кои имаат потенцијал од најмалиот инцидент да предизвикаат регионална криза налик на случувањата од раните 90години, вели премиерот Христијан Мицкоски.. во интервју за МТВ, вели дека неговата загриженост произлегува од состанокот што заедно со претставниците од земјите од Западен Балкан го имаше со високата претставничка Каја Калас во ЉУјорк, на маргинати на Герналното собрание на ОН.. Како дел од спорните прашања што биле отворени на средбата, тој ги посочи односите меѓу Босна и Херцеговина и Србија, вклучително и прашањето поврзано со погребот на Ратко Младиќ, како и постојаните несогласувања меѓу Белград и Приштина и нападот во Бањска. За регионалниот мир и просперитет се потребни брзи испораќи од ЕУ – и посочил премиерот на Калас.

„Имам чувство дека некако како постепено на Балканот повторно да се враќаат темите од раните 1990-ти од минатиот век. Имав чувство дека се случува една тензија којашто за мене, во овој момент, во 21 век, навистина претставуваше едно големо изненадување“, рече Мицкоски.

„Нешто што може брзо да биде испорачано за да фрустрацијата којашто учествуваат граѓаните во регионот полека, но сигурно почнува да се намалува. Не знам, од типот да не ни се случува ова што ни сеслучува со превозниците, да не ни се случува не знам а состојба на roam at home а којашто беше ветувана.“

Во однос на македонската иницијатива за која се уште се чека одговор од Брисел а се однесува на посредничка улога на ЕУ во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, како што вели премиерот, таков формат е потребен бидејќи досегашните билатерални средби не само што не вродиле со резултат туку и завршувале со како што вели, две сосема различни вистини.

„Навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме да се правиме дека немаме. // Ако аргументите на нашиот би рекол во случај соговорник ги совладаат нашите, ние ќе речеме во ред, вие сте во право. Простете, ние погрешивме, тоа е што е. Но добро е да бидат слушнати. Тие нема да сакаат. Тие цело време ќе се обидуваат да да пред официјален Брисел кажат еве водевме преговори, седнавме, разговаравме, но пред било што да се случи тие мора да го променат уставот.“

Дали и во која форма ЕУ може да се појави како посредник во спорот со БУгарија, одговор се очекува од претседателката н ЕК, Фонд Дер Лајен, која во петок ќе дојде во посета на земјава... Два дена претходно, во среда во Брисел, се очекува да биде претсавена и новата стратегија за проширување на ЕУ..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер