Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаДве третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 отстоПовеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом наспроти 32 % што живеат во изнајмени станови. Во Македонија речиси 87 % живеат во свој дом, а 12,9 % под кирија, покажуваат податоците на Евростат. Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини (68 %) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69 % во 2023 година. Преостанатите 32 % живееле во изнајмени станови, што е зголемување од 31 % во претходната година. Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94 %) по што следуваат Словачка (93 %) и Унгарија (92 %). Поседувањето дом е почесто во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето, при што 53 % од населението се закупци. По Германија, следуваат Австрија (46 %) и Данска (39 %). За Македонија и за земјите од регионот последните достапни податоци на Евростат се за 2023 година, така што повеќето од луѓето живеат во сопствен дом: во Албанија - 95,5 %, потоа следуваат Хрватска - 91,2 %, Србија - 89,9 %, Северна Македонија - 87,1 %, Бугарија - 86,1 % и Грција - 69,6 %. Под кирија најголем дел од населението во 2023 во регионот живеел во Грција - 30,4 %, потоа следуваат Бугарија - 13,9 %, Македонија - 12,9 %, Србија - 10,1 %, Хрватска - 8,8 % и Албанија - 4,5 %. Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45