Две сестри ја фатија „на дело“ снаата со љубовник- настана тепачка среде парк (ВИДЕО) - Канал 5

Две сестри ја фатија „на дело“ снаата со љубовник- настана тепачка среде парк (ВИДЕО)

Две сестри од Формоза, Аргентина, пред неколку дена имаа жестока расправија со нивната снаа Лорена, сопругата на нивниот брат, откако ја најдоа како седи во скут на нејзиниот љубовник среде парк.

Две сестри ја фатија „на дело“ снаата со љубовник- настана тепачка среде парк (ВИДЕО)

Разбеснетите сестри веднаш се вклучија во физичка пресметка што резултираше со кинење на нејзиниот фустан, а корисниците на социјалните мрежи видоа снимки од расправијата и разменетите остри зборови.

„Ме разочара, до вчера те бранев. Те сакав, Лорена! Ти беше моја пријателка, некој на кого му се доверив“, ѝ рекла една од сестрите на девојката и ѝ наредила веднаш да го напушти нивниот дом.

Според неофицијалните информации објавени со виралното видео, Лорена се преселила во семејниот дом откако се омажила за нивниот брат, а нејзиното семејство ѝ купило и индустриска кујна за да ѝ помогне да започне бизнис со храна.

„И таа го фрли сето тоа за да го изневери својот сопруг и нашиот брат со нејзиниот сосед Андрес, доктор, зависник и шверцер“, се вели во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер