Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЖивотДве минути ужас: Момче скока од опасна карпа во разбранувано море, снимката е хит (ВИДЕО)Милиони луѓе го погледаа видеото кое доаѓа од Кејптаун, Јужна Африка.На плажата Ландундо, несовесен зависник од адреналин скокнал од гранитна карпа висока 11 метри во релативно мирно море, кое што за секунд се разбранува, носејќи го кон опасните карпи. Додека се движеше кон она што мислеше дека е излезна точка со камени ѕидови, го пресретнаа огромни бранови кои се пробија од сите страни, пишува Дејли мејл. Тој брзо сфаќа дека е во неволја бидејќи силата на морето го турка напред, а потоа го вшмукува назад во струите. Во последен момент добива кратка пауза. Неговите пријатели ја снимаат целата драматична сцена со своите мобилни телефони, додека тој се уште се обидува да се врати на безбедноста на карпите. Во изминатата година, 17-годишно момче, 15-годишно девојче и 9-годишно момче се удавија долж карпестиот дел на Ландудно, познат по своите немилосрдни морски струи. Видеото од 2 минути и 29 секунди на скокачот од карпи изгледаше како да трае цел живот. Еден човек од Националната служба за спасување на море рече: „Тоа му беше среќен ден, бидејќи повеќето пливачи не би се извлекле живи од таа ситуација“. „Тој е очигледно силен и моќен пливач, кој не греши во борбата со брановите, туку оди таму каде што го носат и тоа го спаси од давење.“ рече тој, а потоа додаде „Сепак, беше беспомошен од силата на брановите и имаше среќа што не удри во карпите, бидејќи ако ја удреше главата, борбата ќе беше завршена“. 🇿🇦🚨‼️ SCARY AF: Don’t into such cliffy places. pic.twitter.com/0jCuFH98cl — Lord Bebo (@MyLordBebo) December 1, 2023 Видеото стана вирално на Твитер каде има над 6,6 милиони прегледи и коментари кои се согласуваат дека тој имал огромна среќа што не бил „дел од несреќната статистика“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook