Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. 

Сите веќе откривме дека некогаш е многу скапо да си сиромашен, порача денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние пред македонските и француските градежни компании на презентацијата што се одржа во Јавното претпријатие за државни патишта.

Според Тимоние, мора да се инсистира на квалитет бидејќи на луѓето треба да им се дадат патишта какви што заслужуваат.

– Вистина е дека француските компании на почетокот навидум се поскапи од другите, но на крај немате потреба од преработување во догледно време. Тоа економски можеби не им одговара на некои, ама е во полза на државата, рече Тимоние.

Во моментот, во земјава се рехабилитираат над 400 километри регионални и магистрални патишта и автопати. Се работи и на нови мостови, на 12 реконструкции на стари мостови кои не се рехабилитирани со години, како и на свлечишта. Проценките се дека до 2030 година во земјава ќе треба да бидат инвестирани најмалку две милијарди евра за развој на патната инфраструктура.

– Ако не ги направиме овие инвестиции нашиот транспортен систем ќе стане уште поситен и неефикасен. Исто така ни требаат мазни и добро одржувани транспортни врски за да се стимулира економскиот раст и да се создаде поголемо вработување, нагласи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Денешната презентација беше организирана со цел најголемите македонски градежни компании да се запознаат со искуствата и знаењата што ги имаат нивните француски колеги во делот на напредните технологии во патната инфраструктура. За таа цел, на презентацијата покрај претставници на македонските градежни компании беа присутни и претставници од француските компании „Freyssinet" i „Sixense" и од подружниците на „Vinci" во Скопје.

Настанот е поддржан од Француската амбасада и француската Генерална управа за финансии во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од новата француска стратегија за Западен Балкан објавена од францускиот претседател Емануел Макрон на неформалниот Самит во Берлин.

7-месечно бебе починало по операција во болница во Охрид, дома паднало од импровизиран кревет

Пад од импровизиран кревет бил кобен за седум месечно бебе од Вевчани.

Бебето, според пријавеното било примено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 16 часот, со хематом на главата и со констатирано мозочно крварење. И покрај извршената операција, бебето починало. Неврохирургот Мичун Мичуновиќ, од болницата Св. Еразмо , кратко, во телефонски разговор рече дека лекарите дале се од себе да го спасат животот на седум месечното бебе.

Од СВР Охрид велат дека се работи на расветлување на случајот.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

- Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката,- - Јавно обвинителство.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

притисни ентер