2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаДве лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од СкопјеСе преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.05.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период таа и нејзиниот сопруг биле малтретирани од нивниот 19-годишен внук М.Т., кој им барал пари и им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.05.2026 во 16:25 во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 16.05.2026 во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 31-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:00 часот во Струмица физички го нападнал неговиот брат. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвстралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжуваМажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News. „Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството. „Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“ A swimmer was taken by a shark while on a morning swim with a mate. The victim was just metres from shore, when the giant predator attacked. https://t.co/Y4wWOxYbvd — 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) September 18, 2026 Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент. Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил. Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива. „Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис. Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа. Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.Тагови: Австралија ајкула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаМицкоски: Работни средби во Вашингтон.-Работни средби во Вашингтон.Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook