Две дебарски каратистки се закитија со златен медал на Купот на Македонија во Охрид - Канал 5

Две дебарски каратистки се закитија со златен медал на Купот на Македонија во Охрид

Шест каратистки од Дебар денеска постигнаа одлични резултати на Купот на Македонија што се одржа во Охрид, со што се здобија со право да учествуваат на  балкански шампионат.

Две дебарски каратистки се закитија со златен медал на Купот на Македонија во Охрид

- Денеска во Охрид се одржа Купот на Македонија, кој имаше селекторски карактер за Светското првенство во Венеција, Италија и Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина. Карате клубот „Дибра“ се претстави со осум натпреварувачи, од кои шест се пласираа на балканското првенство, додека следната недела ќе се натпреваруваме во плеј-офот каде ќе се изберат најдобрите кои ќе патуваат на Светското првенство, објави Дурим Пачуку, тренер на КК „Дибра“, воедно тренер на македонската карате репрезентација.

Додава дека Ера Коџа и Блина Горенца се закитија со златен медал, Сара Дука и Буна Сеља со сребрен, додека бронза освоиле Гента Сеља и Влера Сеља.

- Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на општината Хекуран Дука, кој преку проектот за поддршка на спортските клубови ни овозможи да ги покриеме сите трошоци. Благодарност до „Unik Turs“ кој е со нас секогаш, посочува Пачуку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Летен „хаос“ на хрватските патишта: Кај Бајаково има колона долга 10 километри

На граничниот премин Бајаково меѓу Хрватска и Србија, колоната од патнички и товарни возила е долга околу 10 километри, соопшти Хрватскиот авто-клуб.

Летен „хаос“ на хрватските патишта: Кај Бајаково има колона долга 10 километри

Сообраќајот е зголемен на сите важни патишта во Хрватска кон морето, долж крајбрежјето и на повеќето гранични премини, а можни се застои и колони на наплатните станици на автопатите, кај туристичките центри и пред тунелите.

Поради зголемениот сообраќај на наплатната станица „Тракошчан“ во правец кон Загреб, колоната е долга околу пет километри и се протега до територијата на Словенија.

На приодот кон наплатната станица „Лучко“, во правец кон Карловац, колоната од возила беше долга околу два километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност

Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ.

Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност

Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност.

Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех.

Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој.

Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иниеста: Ако Меси победи, завршува секоја дебата за тоа кој е најдобар на сите времиња

Легендарниот шпански фудбалер и играч на Барселона, Андрес Иниеста, се огласи пред спектакуларното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, споделувајќи крајно емотивен поглед на дуелот што го очекува светот.

Иниеста: Ако Меси победи, завршува секоја дебата за тоа кој е најдобар на сите времиња

За Иниеста, овој натпревар – во кој младите ѕвезди на „Ла Роха“, Ламин Јамал и Педри, ќе се соочат со неговиот долгогодишен соиграч Лионел Меси – претставува остварување на сонот за секој љубител на фудбалот.

Славниот фудбалер призна дека би бил среќен без оглед на конечниот исход, иако не ја криеше својата мала пристрасност кон татковината, изразувајќи желба да ја види Шпанија како ја освојува светската титула. Иниеста опиша што би значело победата за која било страна за фудбалската историја, нагласувајќи го огромното значење на претстојниот натпревар.

„Од една страна, ако Лео повторно победи, тоа целосно ја решава секоја преостаната дебата за тоа кој е најголем на сите времиња (GOAT). А ако Ламин и Шпанија триумфираат? Тоа би изгледало како прекрасно, симболично предавање на факелот на новата генерација. Ќе биде многу емотивно да се гледа како се одвива сè“, рече легендарната шпанска ѕвезда, очекувајќи натпревар исполнет со емоции и историско значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер