3По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
Други спортовиДванаесет македонски џудисти на Европскиот куп за јуниори и јуниорки во Скопје На Европски куп во џудо за јуниори и јуниорки што ќе се одржи на 12 и 13 август, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, се очекуваат 200 натпреварувачи, меѓу нив и 12 македонски.- По неколкумесечна напорна работа, конечно сме подготвени за почетокот на Европскиот џудо куп за јуниори и јуниорки, настан кој дефинитивно ја враќа Македонија на европската џудо мапа. Очекуваме повеќе од 200 џудисти од цела Европа кои на македонската публика, но и на вљубениците во џудото од целиот регион ќе им понудат одлични борби. Особено нѐ радува фактот што помеѓу овие 200 натпреварувачи имаме 12 македонски репрезентативци, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија. Официјалните мерења и ждрепката се предвидени за утре, а прелиминарните борби започнуваат в сабота во 10 часот. Свеченото отворање е предвидено во 17 часот истиот ден, а по неговото затворање ќе следи финалниот блок кој ќе ги даде имињата на првите шампиони. Борбите продолжуваат и в недела повторно со почеток од 10 часот. Влезот за сите натпревари кои викендов ќе се одржат во спортската сала „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен. По завршувањето на купот, ќе се одржи и Јуниорски тренинг камп, од 14-16 август исто така во салата „Јане Сандански“ во Скопје. зКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИлчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини осомничени за криминал од 3 милиони евраДванаесетмината уапсени од случајот ФФМ во вчерашната голема акција се спроведени во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка. Обвинителството отвори официјална истрага за злоупотреби и малверзации во федерацијата преку фактури за набавки со што ја оштетиле ФФМ за околу 3 милиони евра. Тројцата функционери од ФФМ, првосомничениот екс-претседател Илчо Ѓорѓиовски, неговиот тогашен наследник и второосомничен Сејдини, како и третоосомничената шефица на сметководството на ФФМ до 2019 се товарат за проневера за службата, останатите уапсени се пак управители, кои биле дел од шемата и се товарат за помагачи во ова дело, како и за перење на пари. -Сите субјекти, во поголемиот дел имаат соработка со ФФМ, меѓутоа дел од паричните средства кои ги имаат добиено на незаконит, противзаконит начин, ги имаат вметнато преку Олгица, па да истите бидат реализирани, односно претпоставените, тоа се службените лица во својство на претседатели на ФФМ. Обезбедивме докази во текот на предистражната постапка, дека тие услуги за кои што се издадени фактури никогаш не стигнале до ФФМ, притоа имаме и произнесување од претставникот на ФФМ, како по однос на услугите и стоките, како и по однос на штетата што им е причинета. - Фатон Азизи – Јавен обвинител Во предметот се осомничени вкупно 18 физички лица, пет од нив во моментов не се достапни за органите на прогон, но обвинителот очекува набргу тие да се појават пред органите и дека истите се во најблиското опкружување. Во истрагата се опфатени и 8 правни лица, останатите фирми кои биле дел од шемата во меѓувреме се затворени, па се гонат нивните тогашни управители. Обвинителството бара мерка притвор за осуммина од осомничените кои се достапни, меѓу кои се и прво осомничениот екс-претседател на Федерацијата Илчо Ѓорѓиоски и трето осомничената раководителка на сметководството во ФФМ до 2019та – Олгица Младеновска. Второосомничениот Сејдини е веќе во КПУ Скопје за друг предмет. За четворица се бараат мерки на претпазливост. Дејствијата се однесуваат на периодот од 2015 до 2019 година, каде, според обвинителството, претседателите на ФФМ Ѓорѓиоски и Сејдини потпишале, а со тоа и реализирале вкупно 728 платни налози кои им ги доставила третоосомничената Олгица Младеновска. Ѓорѓиоски, по кривичната пријава се бранел дека не знаел што потпишува. Обвинението се очекува да биде поднесено во предвидениот рок, најдоцна за три месеци, односно, според информациите, вештачењето е веќе готово, а остварен е и контакт со сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
МакедонијаПочнуваат средбите за реконструкција на владатаДенес почнуваат консултациите за најавената реконструкција на владата. Средбите со одрживаат меѓу коалициските партнери, односоно ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ.На оваа тема, Јана Јосифовска од пред владата . Дали почна средбата и што може да се очекува од овие првични разговори? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
МакедонијаПоднесено обвинение за серијата брутални убиства врз немоќни жениДоживотна казна затвор му се заканува на серискиот убиец кој усмрти четири жени, а две се обидел да ги убие.Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25 годишниот жител на Старо Нагоричане, кој како што велат од Обвинителството, согласно извршените вештачења во текот на истрагата, делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. -Така, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала. Во точно неутврден временски период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во с. Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.- ОЈО Куманово Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. -Третиот настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал. Во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во с. Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви. Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.- ОЈО Куманово Последниот евидентиран настан е на 09.02.2026 година во с. Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата. Случајот започна да се расветлува на почетокот на годинава. Првично се водеше истрага за едно убиство, но со дополнителни ексхумации и криминалистички истражувања беа откриени и останатите жртви. Обвинителството дополнително ја испитува и одговорноста на полицајци и лекари кои претходно смртните случаи на жените погрешно ги евидентирале како природна смрт без да извршат обдукција, со што му било овозможено на убиецот да продолжи со злоделата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter