Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг

Ниту еден од кандидатите не го собра потребниот број гласови за избор за претседател на државата во првиот круг. 

Ниту еден од кандидатите не го собра потребниот број гласови за избор за претседател на државата во првиот круг. Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас. Согласно Изборниот законик во вториот круг од претседателската трка ќе се натпреваруваат Пендаровски и Силјановска-Давкова. По многу тесната разлика во бројот на освоени гласови од првиот круг од штабовите и на двајцата кандидати очекуваат победа во вториот.

-Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани, изјави вчера претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој потврди дека по резултатите добиени по завршувањето на првиот круг гласање на претседателските избори, немал разговори со албанските опозициски партии и нема да се оди на разговори затоа што, рече, не ни е потребна политичка трговија. Во однос на можноста да се бараат гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, тој ја повтори изјавата на Река во која нагласува дека неговите гласачи по првиот круг, се личности со свој став и како сакаат така треба да решаваат во вториот круг.

– Имам намера да го промовирам мојот концепт. Во вториот круг влегуваат два дијаметрално спротивни концепти. Едниот концепт за кој се залагам е евроатлантска интегрирана Макеоднија и внатре инклузија на сите етнички заедници во системот. На друга страна имаме националистички-популистички концепт од 19 век, истакна меѓу другото Пендаровски, а на граѓаните кои гласаа за Река им порача дека ја очекува нивната поддршка во вториот круг.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека резултатите од првиот круг на претседателските избори се нова реалност и показател дека „граѓаните одбрале правда токму за Македонија и оти власта доживеала тежок пораз".

-Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз. СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите. Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашниот ден, според него, исто така потврдил и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните, вели, се чувствуваат измамено од страна на власта.

-Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда, рече тој и додаде дека Гордана Силјановска-Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став. /МИА

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

Гајдов: Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада

“Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија“

Овие другиве што се „попитоми“ завчера беа на баци „рака“ во Приштина и дрско велат ние ќе добиеме спикер на Парламент и шест ресори. Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада. Прв пат беа сите четворица таму кај Курти кој сега има амбиции да стане лидер на балканските Албанци. Тој да решава за судбината на Албанците во Македонија, тоа е далеку од памет, како што Еди Рама порано решаваше со Али Ахмети и со другите. пор Не може никој од надвор да решава како ќе се прави влада овде, кој ресор ќе го има, тоа е многу важно. бидејќи сегашниот министер оди во Мадрид, да лобира Шпанија што не го праизнава Косово, да го признае. И завчера трите минути во Совет на ЕУ да ги користи за промоција на Косово. Чиј министер е тој? Или петте милиони евра што ги потроши наместо да направи нов конгресен центар. “Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија, а нема да биде султан, рече Љубомир Гајдов во Само Вистина.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

притисни ентер