Двајца ултратриатлонци починале среде натпревар - Канал 5

Двајца ултратриатлонци починале среде натпревар

Двајца натпреварувачи загинаа на натпреварот „Ironman“ во Ирска.

Двајца ултратриатлонци починале среде натпревар

Натпреварот се одржа во округот Корк.

Несреќните натпреварувачи западнале во неволја за време на пливачката трка и не им биле од помош ниту лекарите. Медицинските тимови вложиле максимални напори, но можеле само да констатираат смрт.

Организаторите се огласија на социјалните мрежи и испратија сочувство до семејствата.

Ајронмен е ултратриатлон, т.е. натпревар кој се состои од 3.800 m пливање, 180 km возење велосипед и 42.195 m трчање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат

Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News. 

Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат

Според истите извори, Комс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови.

Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News.

Според изворите на медиумот, 56-годишниот Комбс наводно троши илјадници долари месечно за да обезбеди одредени привилегии додека е во затвор.

Посебни оброци NBC News исто така објави снимка на која наводно се гледа како Комбс користи прошверцуван телефон. Изворите тврдат дека други затвореници готват за него, чистат, му ја перат облеката, па дури и му прават масажи.

Еден од нив наводно пиел коњак „Хенеси“ (Hennessy) заедно со Комбс.

Се вели дека и други затвореници му подготвуваат специјални оброци, како што се пилешко во сос од кари, пица и емпанади, додека поединци наводно му ги чистат тоалетот и туш-кабината пред тој да ги користи.

Според истите извори, Комбс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови и документарни емисии.

Наводно, тој добива голем број писма од обожаватели, кои другите затвореници ги чуваат за него – заедно со телефон – бидејќи во неговата ќелија нема доволно простор.

Портпаролот на Комбс ги отфрли овие тврдења, изјавувајќи за списанието „Пипл“ (People) дека „секојдневниот затворски живот“ се претставува сензационалистички во медиумите. Тој нагласи дека Комбс ја издржува казната во согласност со правилата и ја очекува одлуката на судот по неговата жалба.

Федералното биро за затвори одби да го коментира конкретниот случај, наведувајќи безбедносни причини. Сепак, агенцијата истакна дека недозволените предмети – особено мобилните телефони и наркотиците – остануваат постојан проблем во затворскиот систем.

Тие додадоа дека на затворениците им е забрането користење мобилни телефони и дека се соочуваат со санкции доколку ги прекршат правилата. Комбс беше уапсен во септември 2024 година по повеќемесечна истрага. Тој беше обвинет за сексуална трговија, рекетирање и превоз на лица со цел проституција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Не си играј со иднината на земјата, ќе ти судат следните генерации!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, упати остра порака до Христијан Мицкоски да не си игра со иднината на земјата. 

Филипче до Мицкоски: Не си играј со иднината на земјата, ќе ти судат следните генерации!

Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, Филипче предупреди на последиците од продолжувањето на патот на изолација.

„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро. Ако треба вечер, нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен? Да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.

Филипче посочи дека земјата се наоѓа во ќор-сокак на патот кон Европа, додека други земји имаат јасна перспектива за членство.

„До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. Притоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранел името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договор. Они тоа го признаваат“, истакна Филипче.

Во пораката до граѓаните, тој предупреди дека продолжувањето на изолацијата ќе има долгорочни последици врз животниот стандард, иселувањето и иднината на државата.

„Сакам граѓаните да знаат дека ако продолжи овој пат на изолација, пред нас се децении на сиромаштија, на изолација, на сиромаштија на духот, на иселување на децата, на нечистотија по улиците и нечист воздух насекаде, на распродадена земја за туѓи интереси и туѓи рудници, на распродадена вода за туѓи дата-центри и на партиски тендери за оваа банда што е на власт“, предупреди Филипче.

Мицкоски продолжува да се повикува на заштитата на името, јазикот, културата и идентитетот, иако тие се зачувани во меѓународниот договор.

„Притоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранел името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договор. Они тоа го признаваат. Будалатштини зборува. Исланд не сакал во Европската Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.

Тој предупреди дека продолжувањето на патот на изолација ќе значи сиромаштија и иселување на младите, нагласувајќи дека треба да се зборува за иднината на државата.

„Јас историјата би ја оставил на историчарите. Јас сакам да зборуваме за иднината. Нека историчарите зборуваат за тоа што било, како било“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 01.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“

Еден месец по свадбата на Џастин Ејси, Талула Вилис сподели ретка фотографија со својот славен татко, Брус Вилис. 

Ќерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“

На фотографијата што ја сподели 32-годишната Талула, таа го бакнува својот 71-годишен татко во челото.

На легендарниот холивудски актер му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година. Таа едноставно напиша „Толку слатко“ покрај објавата, а обожавателите оставија бројни пораки за поддршка во коментарите.

Во март 2022 година, семејството првпат објави дека ѕвездата на филмот „Умри машки“ (Die Hard) се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија – нарушување што влијае на способноста за комуникација.

Во февруари 2023 година, тие потврдија дека состојбата напредувала и дека лекарите утврдиле попрецизна дијагноза: фронтотемпорална деменција. Станува збор за неизлечива болест на мозокот која може да влијае на говорот, однесувањето и личноста.

Минатиот август беше објавено дека актерот се преселил во посебна куќа, веднаш до домот на неговата сопруга Ема Хеминг, за да добива деноноќна професионална нега.

Свадба во семејниот дом Брус Вилис се појави и на фотографија од свадбата на неговата ќерка. На црно-белата фотографија, објавена од списанието „Вог“ (Vogue), тој е прикажан како ја прегрнува Талула.

Таа и Џастин Ејси стапија во брак на отворено, во дворот на семејниот дом во Хејли, Ајдахо. „Тоа е местото каде што научив да бидам слободна и станав сонувачот што сум денес“, изјави Талула за „Вог“.

„Џастин и јас поминавме толку многу време таму, што тој стана дел од имотот, кој за мене веќе има огромно емотивно значење“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер