СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
2СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
3Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
СветДвајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во ГерманијаДве лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.Инцидентот во Германија се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут. Причините за уривањето се уште се истражуваат. Не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на инцидентот, додава ДПА.Тагови: Германија супермаркети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела ВодаНа првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади.Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места. Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор. -Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање. Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари. Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10% дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица. На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода. Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси. Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да имаВо Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност. Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. Сите здравствени институции потфрлиле, тоа е факт. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни - значи 22 два дена гостиварчани пиеле загадена вода а никој не презел ништо. Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата? Првите случаи, првите пациени биле забележани на 13 јули, од тогаш по 200 граѓани дневно се пријавувале секој ден. Зошто, кога бројот на пациенти почнал нагло да расте, никој навреме не ја истражил причината? Првите детални препораки на здравствени власти се издадени дури на 18 јули, од Институтот за јавно здравје. Значи 5 дена после тоа. Дополнително, само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле контаминрана вода, Центарот за јавно здравје доставил извештај дека водата може да се пие! Наместо брза реакција, итна координација, објавување на резулатите од водата и менаџирање - се случи хаос и целосен институционален колапс. И наместо здравствените власти да побараат испитување на водата и веднаш да преземат мерки, тоа го право по допрен глас Обвинителството. Така анализите на водата не се објавуваат, Обвинителството се повикува на „тајност на истрагата“, лекарите и граѓаните не знаат со што се соочуваат, се кријат информации кои мора да се знаат. Квалитетот на водата за пиење, основното човеково право не е доверлива информација, ниту истражна тајна. Тоа е прашање од највисок јавен интерес и секој граѓанин има право навреме да знае дали водата што ја користи е безбедна. Навременото предупредување и забраната за користење на водата поради утврдените микробиолошки отстапувања во ниту еден момент немаше да ја загрозат истрагата. Напротив, ќе придонесеа за заштита на здравјето на граѓаните. Но, институциите одбраа да тактизираат, а здравствените власти тие кои треба да се грижат за здравкето на граѓанте, молчеа. Цената на тоа молчење беше дополнително ширење на епидемијата. Денес повеќе од три илјади граѓани се регистрирани со симптоми на труење и уште многу кои се лекуваат дома. Затоа бараме да се утврди целиот синџир на одговорност, од локалните институции до Министерството за здравство. Бараме политичка одговорност - иитни оставки од: - Министерот за здравство, Сашо Клековски - Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Оливер Миланов - Одговорните на Локалните центри за јавно здравје И од сите одговорни лица кои со своето непостапување, доцнење или прикривање придонесоа оваа епидемија да добие размери какви што денес гледаме. Јавното здравје е над секој поединец. Здравјето на граѓаните е над секоја процедура. Одговорност мора да има. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Скопје, 22.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикиниЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини. Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела. Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство. Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33