Двајца мажи спасуваат мајмун од надојдена река- снимката има 237 милиони прегледи (ВИДЕО) - Канал 5

Двајца мажи спасуваат мајмун од надојдена река- снимката има 237 милиони прегледи (ВИДЕО)

Неверојатна снимка од индиската држава Џаму и Кашмир, на која се гледаат двајца мажи како се борат со надојдена река за да спасат див мајмун, стана вирална.

Двајца мажи спасуваат мајмун од надојдена река- снимката има 237 милиони прегледи (ВИДЕО)

Познато е дека дивите животни ретко им веруваат на луѓето, што го прави овој херојски чин уште потрогателен, пишува Pet Helpful.

Видеото, првично споделено од ABC News, го прикажува драматичниот момент кога мажите се обидуваат да му се приближат на преплашениот мајмун заробен во водата. Стекнувањето на неговата доверба не беше лесна задача. И покрај ризикот од напад од животно, мажите трпеливо се обидуваа да покажат дека не сакаат да му наштетат.

Видливо исплашен и од реката и од спасувачите, мајмунот конечно ги сфати нивните намери и му дозволи на еден од мажите да го земе во раце. Потоа друг човек го однесе безбедно до брегот.

Многу гледачи би сакале снимката да траеше уште неколку секунди за да видат што се случило по спасувањето. Дали мајмунот веднаш истрча на безбедно? Дали беше во шок? Има многу прашања, но за жал видеото завршува со моментот на пристигнување на брегот.

@abcnews Two men in India sprang into action when they spotted a stranded monkey in a rushing river. #india #monkey ♬ original sound - ABC News

Видеото допре милиони, коментарите кажуваат сè

Видеото брзо стана вирално и собра повеќе од 237 милиони прегледи и 40.000 коментари. Реакциите беа исклучително емотивни.

„Обожавам кога животните се агресивни на почетокот, а потоа сфаќаат дека луѓето се обидуваат да им помогнат и да се смират“, напиша еден корисник чиј коментар собра повеќе од милион лајкови.

Многумина ја пофалија упорноста на спасителот: „Тој не се откажа без оглед на однесувањето на мајмунот или брзата река... Тој го заслужи своето место во рајот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов скок на горивата: Дизелот се продава за 98 денари, бензините по 91,5 и 93,5 денари за литар

Новите значително повисоки цени на дизелот кој од денеска се продава по цена од 98 денари за литар, и оние на бенизните, кои по вчерашната одлука на Регулаторна, изнесуваат 91,5 денари , односно 93,5 денари по литар за 95ка и 98ца .

Нов скок на горивата: Дизелот се продава за 98 денари, бензините по 91,5 и 93,5 денари за литар

Новите значително повисоки цени на дизелот кој од денеска се продава по цена од 98 денари за литар, и оние на бенизните, кои по вчерашната одлука на Регулаторна, изнесуваат 91,5 денари , односно 93,5 денари по литар за 95ка и 98ца – вчера ги прополнија безнинсиките пумпи, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии дека на одредени продажни места поради трошење на залихите одредени деривати не се точат....

Денеска состојбата на терен е поинаква – резерви на горива има, гужви нема. Цените на дериватите по војната на Блискиот исток постојано варираат, како на светските берзи така и кај нас. Преговорите за крај на војната меѓу САД и Иран заглавија, а барел денеска се тргува по цена од над 90 долари. Според економскиот аналитичар Бранимир Јованович, иако цените на нафтата скокнаа, инфлацијата е разгорена, сепак вели иако се предвидуваа црни сценарија во овие 6 месеци од војната искуствоото и не е толку негативно.

„Прво намалена е глобалната побарувачка многу земји почнаа да штедат посебно азиските. Другите земји го зголемија производството, како во Либија, Америка, залихите се на релативно добро ниво. Исто така ако се погледанат глобалните залихи на нафта ќе видите дека тие се намалија за околу 5 % за 6 месеци и тоа не е така страшно. Ако вака продолжи може да се тера уште 10 години додека не се потрошат залихите. “- Бранимир Јованович – економски аналитичар.

Иако очекува стабилизирање, сепак вели креторите на политики во земјава треба зимата да ја дочекаат подготвени бидејќи тие месеци може да предизвикаат потешкотии, доколку евентуално ситуацијата на Блискиот исток се влоши.

„Мора да се пополнат сите складишта, резервит да се кренат на највисоко ниво, затоа што не знаете што ќе се случи во наредните месеци мора да бидете спремни на најлошото доаѓа зима студени денови. И една од мерките кои треба да бидат според мене е и огрнаичување на пумпите....“ - Бранимир Јованович – економски аналитичар.

Вчерашната пресметка на Регулаторна беше направена со намалени акцизи и тоа кај дизелот за 4, и кај бенизните за 2 денари по литар – мерки кои според Јованович, во иднина не би требало да се практикуваат бидејќи вели директниот товар од нив паѓа врз државниот буџет. Како опција при евентуален подолгорочен скок на цените на нафтата, според него една од мерките која ја споменува е замрзнување на цените на дериватите, така според него товар ќе биде порамномерно распределен...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дипломатијата мора да биде активна и да ги штити националните интереси

Има постојан дијалог за деблокада на македонските евроинтеграции и ние се држиме до црвените линии, нема отстапки за идентитетот, јазикот, историјата и културата- изјави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. 

Муцунски: Дипломатијата мора да биде активна и да ги штити националните интереси

Во последните неколку недели вели дека активна комуникација со европските инситууции нема поради летните одмори, но очекува во следниот период интензивни разговори за европскиот пат на Македонија, а дел од нив вели е утрешната средба со чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка.

-Имаме дијалог со сите засегнати страни во овој процес, ние со земјите членки на ЕУ, со инсититуциите на ЕУ, коишто се насочени кон изнаоѓање решение во рамките на тие позиции кои Владата ги има претставено пред јавноста. /Сакам да нагласам дека позициите на нашата држава се сосема јасни дека ние очекуваме систем на гаранции од европските институции, очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме да има решение коешто ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитет, јазик, култура и историја,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски официјално потврди дека во Софија амбасадор ќе биде Крум Ефремов, кој во моментов е ангажиран во директоратот за економска дипломатија во МНР и е екс амбасадор во Украина, за кој што рече дека е еден од поквалитетните во рамките на министерството. Сепак, министерот поради тајноста на информациите не откри дали во Атина ќе биде испратен Филип Пасху, поранешниот директор на скопски паркинг, кој нема соодветно искуство во дипломатијата.

-Праксата покажала дека предлозите коишто ги имаме пуштено од моментот кога ние ја имавме формирано Владата, над 60 отсто од кандидатите за генерални конзули и амбасадори се професионални дипломати. Значи, не само што се почитува законското решение, туку одиме и над минимумот којшто ние го поставивме на таков висок праг. По прашањето за амбасадор во Атина, бидејќи постапката е во фаза во која е класифицирана. Доколку би коментирал, би направил кривично дело,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски на прес конференцијата го најави амбасадорскиот совет кој ќе се одржи во четврток и петок во Скопје, седум години по последната физичка средба на македонската дипломатска мрежа. Ќе разговараат за евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, конзултарното работење и економската дипломатија. Тој кажа дека во моментов од вкупно 59 амабасади, Македонија нема свој димпломатски претставник на околу 10 места, а до крајот на годинава ќе се испразнат уште неколку позиции поради истек на мандатите на актуелни амбасадори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Македонија.

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата.

„Честит 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија. Денес оддаваме признание и почит на сите припадници на македонската Армија за нивната професионалност, посветеност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност. Горд сум што бев дел од Владата на СДСМ, која со правилни државнички политики овозможи државата да биде дел од најмоќниот воен сојуз НАТО, што е историски успех за нашата држава. Со членството во НАТО ја обезбедивме безбедноста и територијалниот интегритет на земјата, а нашите војници заедно со војниците на земјите-членки дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, даваат помош на граѓаните при елементарни непогоди и учествуваат во сите меѓународни мировни мисии. Како држава мора да продолжиме да градиме институции кои се сигурни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик и да ја продолжиме борбата за европската иднина на Македонија. Честит Ден на Армијата“, порача Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер