Дваесетгодишен македонски државјанин се удавил на Халкидики - Канал 5

Дваесетгодишен македонски државјанин се удавил на Халкидики

 Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

Дваесетгодишен македонски државјанин се удавил на Халкидики

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на С.Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во општина Касандра“.

Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт.

Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 20-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.

Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 20-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.

Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.

- Во 16:45 ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат. Транспорт на детето до здравствениот центар и придружба од моја страна во кабината на возилото на брзата помош, правејќи кардиопулмонална реанимација со Катерина од местото на преземање до здравствениот центар Касандра, а Андонис вози што е можно побрзо и внимателно, но за жал лекарите ја констатираа смртта на детето, напиша волонтерот спасувач Колокитас.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

Лишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

По растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека  Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. 

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира.

„Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“

Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите.

„И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“

Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер