Дваесет новозаболени со Ковид-19 во тетовскиот регион

 На подрачјето на шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денеска регистрира 20 нови случаи со Ковид-19. И натаму општина Тетово има најмногу позитивни случаи.

-Општина Тетово денес има 12 нови случаи, во населените места на Општина Јегуновце има пет, двајца во Општина Брвеница и еден во рамки на Боговиње, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за неносење заштитни маски 36 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Видео - НБА: Финале на Истокот, Мајами повторно подобар од Бостон

Кошаркарите на Мајами предводени од одличниот Горан Драгиќ се вратија од негатива од минус 17 кошеви и по втор пат во финалето на Истокот во НБА го победија фаворизираниот Бостон. 

Мајами со 106-101 го победи Бостон за водство во големото финале на Источната конференција од 2-0.

Во Орландо повторно словенечкиот бек Горан Драгиќ одигра уште еден маестрален меч . Искусниоит плеј со 25 поени и 5 асистенции беше најзаслужен за вториот триумф на „Жешките“ над Селтикси.

Кошаркарите на Бостон подобро го отворија дуелот и на полувреме заминаа со убедлива предност од 13 поени (60-47).

Но стартот на второто полувреме мина во знакот на кошаркарите на Мајами кој ја добија третата делница со плус 20 кошеви и го најавија резулатскиот пресврт.

Покрај одличниот Драгиќ кај Мајами солиден меч одигра и Бем Адебајо со 21 поен.

Во редовите на поразениот Бостон Кемба Вокер заврши со 23,а Џејсон Тејтум и Џејлен Браун уфрлија по 21 кош.

СДСМ: Уште повеќе инвестиции во инфраструктурата

Уште повеќе инвестиции во инфраструктурата, изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта во новиот мандат на Владата предводена од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, во наредните четири години ќе се посвети на високо ниво на реализација на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата.

Инвестициите во инфраструктурата ќе се реализираат преку изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта и тоа 250 километри автопатна мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, над 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта.

Ќе се инвестира и во комуналната инфраструктура преку изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии, а истовремено утврдена е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови.

Фокус на Владата и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, со започнување на втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, како и пуштањето во сообраќај на новата пруга од Битола до Кременица.

Приоритети се изградба на автопатот Кичево-Охрид, целосна реконструкција на патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, започнување со постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Истовремено се врши проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Во овој мандат ќе започне изградба на нови два експресни патишта: Смоквица-Струмица-Ново Село и Битола-граничен премин Меџитлија со обиколница Битола, а продолжува втората фаза на изградба на експресните патишта Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп.

Со подобрување на урбанистичкото планирање ќе се обезбеди вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.

Градиме по план, инвестираме во иднината на граѓаните.

СДСМ

513 санкционирани возачи во Скопје: 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер