3Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Други спортовиДваесет и двајца натпреварувачи утре ќе пливаат на 33. Охридски маратонДваесет и двајца натпреварувачи од кои 14 во машка и осум во женска конкуренција од осум држави, се пријавени учесници на 33-тиот Меѓународен маратон.Во организација на Светската пливачка федерација (ФИНА) утре ќе се плива на патеката „Климе Савин" на Охридското Езеро. Стартот на 25 километарската трка е закажан за точно напладне од кај Свети Наум, до целната линија пред Градското пристаниште во Охрид. Првите маратонци се очекува на целта да пристигнат некаде околу четири до четири и пол часа подоцна. Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија на денешната прес-конференција по повод најголемата спортска манифестација во земјата, истакна дека оваа година прв пат организаторот на традиционалниот Охридски пливачки маратон воведува електронско следење на пливачите, како и мерење на времето, согласно светските правила и станадарди. – Технички сме подготвени за добра трка, последните подготовки се во тек, патеката е проверена и одбележана, се надеваме дека и времето ќе послужи иако временската прогноза зборува поинаку, рече Маленко. Претставниците на ФИНА се задоволни од текот на подготовките за трката и севкупните активности на Македонската пливачка федерација околу организирање на пливачките спортски настани на Охридското Езеро. – Фактот што во две седмици во Охрид се одржуваат три маратонски пливачки трки во рамки на куповите на Европската и Светската пливачка федерација само потврдува дека се работи за извонредна организација, благодарение на Пливачката федерација на Северна Македонија. Сите подготовки се одвиваат тековно и навремено, езерото е прекрасно само по себе, гостопримливоста е веќе добро позната, така што нема никакви пречки утре да имаме одлична трка, изјави делегатот на ФИНА, Жан Пол Нарс. Македонската спортска делегација на охридскиот маратон овојпат брои тројца пливачи, и тоа Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и младиот Леонид Мишевски. Поп Ацев после три одржани маратони во рамки на серијата на ФИНА е на второто место, со само три бода заостанување зад Едуардо Стокино од Италија, кој исто така ќе плива утре во Охрид, – Од 2009 година сум учесник на Охридскиот маратон, така што искуството е тука, патеката ја знам напамет. Како и минатите години секогаш сме пливале неизвесно до самиот крај, со мала разлика меѓу првите кои стигнале на целта. Такво е модерното пливање, сите сме некаде тука, така што ќе биде доста интересно. Најавите за можни грмотевици во текот на трката не се проблем за пливачите така што очекувам добра трка, рече Поп Ацев. На стартот на маратонот утре ќе го видиме и Аксел Рејмонд, двократниот светски првак во пливање на 25 километри од Будимпешта и Гуанжу, како и рекордер на 30 километарскиот Охридски маратон (2013 година), што до пред две години се пливаше тука. Наградниот фонд за утрешниот маратон што се плива под покровотелство на претседателот на Македонија изнесува 15.000 долари. Инаку, охридскиот маратон е четврти од серијата шест трки што се одржуваат во рамки на Светскиот куп на отворени води на ФИНА. До крајот на оваа сезона после маратонот во Охрид преостануваат уште трките во Хрватска и во Италија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter