Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
1Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
АвтомобилизамДва пати за две минути го прекршил ограничувањето на брзината на патот и завршил во затворВозач на спортски автомобил бил фатен двапати како пребрзо вози и заврши зад решетки.Тоа се случило во Лас Вегас, каде што возачот на Шевролет Камаро бил фатен како вози со брзина од 117 км/ч на дел од патот каде дозволената брзина била 56 км/ч. 36-годишниот возач не ја научил лекцијата, но најверојатно ја ставил казната во кутијата и стиснал на гасот. По неполни две минути повторно бил фатен како вози пребрзо, а овој пат дури 170 км/ч. On July 15th, in North Las Vegas, this driver was arrested for reckless driving (106MPH in a 35MPH zone). Only moments after given a citation for reckless driving (73MPH in a 35MPH zone). Great job to #NLVPD Traffic officers for making our streets safer #TooFast #SlowDown! pic.twitter.com/ccFcm1eX31 — NLVPD (@NLVPD) July 22, 2022 По второто запирање, полицајците не само што му дале казна за брзо возење, туку и го привеле под обвинение за несовесно возење. Полицијата, исто така, привремено му го одзеле Камарото и го одвлекле на заштитен паркинг. Вреди да се каже дека станува збор за Camaro SS придвижуван од атмосферски 6.2 V8 мотор со над 450 КС. Донекаде се разбира неговата желба да вози брзо, но ваквото однесување на јавните патишта нема никакво оправдување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано. Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство. -Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството. Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување. Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите. Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЖивотЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младитеЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа. Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ и иницијативите за млади. Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+). До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“. Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook