Два концерта на Трпчески во виенски Музикферајн - Канал 5

Два концерта на Трпчески во виенски Музикферајн

Во Музикферајн во Виена, домот на Виенската филхармонија, пијанистот Симон Трпчески во саботата и синоќа го изведе Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски, со оркестарот Тонкинстлер на Долна Австрија, под водство на рускиот диригент Михаил Јуровски.

Два концерта на Трпчески во виенски Музикферајн
- Навистина е возвишено чувството да се застане на сцената во една сала и во еден светски центар со огромна традиција во класичната музика. Луѓето кои доаѓаат овде знаат што слушаат и што бараат и имаат изграден вкус. Според реакциите во двапати полната Музикферајн, мислам дека концертите поминаа навистина многу убаво. Мило ми е за соработката со уште еден член од семејството Јуровски, диригентот Михаил, со кого направивме убава приказна во Концертот на Чајковски, заедно со Тонкинстлер оркестарот. Секако, многу ми е мило и што во една вака прекрасна сала прекрасно на бис прозвучи и македонската музика за која публиката навистина покажа ентузијазам да го прифати чувството што нашата музика го создава каде и да ја исполнувам и едноставно ги поткрева од седиштата, изјави за МРТ македонскиот пијанист со светско реноме.


Диригентот Михаил Јуровски е татко на Владимир Јуровски, кој своевремено беше диригент на Лондонскиот филхармониски оркестар на гостувањето со Трпчески во Скопје.


- Моето искуство со Симон е многу добро бидејќи можам да кажам дека станува збор за огромен талент со многу добра техника и тоа во самата идеја за совршена техника и музикалност, пред се низ неговите совршени можности да ја изрази музиката. Дел е од голема школа со руско влијание и многу ми е мило што го слушнав Концертот на Чајковски во изведбата што Симон ни ја подари, изјави Михаил Јуровски по концертот во една од најпрестижните концертни сали во светот, домаќин на традиционалниот концерт на првиот ден од секоја нова година.

По двата концерта во распродадениот виенски Музикферајн, бравурозната серија вечер завршува во австрискиот град Санкт Пелтен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

Општина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите.

Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост.

„Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски.

Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок.

Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

➡️ Новиот мост ќе располага со:

✔️ Две коловозни ленти

✔️ Тротоари од двете страни

✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Cessna 210“ се урна во Мексико.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Воздухопловните власти потврдија дека леталото паднало набргу по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго.

Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време.

Леталото се упатило кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос.

Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, врз авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на падот се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс.

Започната е истрага

Од „AFAC“ соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е и административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигна персонал од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи.

Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите, ниту детали за нивните улоги во авионот.

Во моментов нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата, ниту дали е причинета штета на објекти или возила. „ Cessna 210“ е едномоторен авион што се користи во приватната и општата авијација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер