Два големи пожари кај Дубровник - Канал 5

Два големи пожари кај Дубровник

Два големи пожари кај Дубровник. Еден им се заканувал на куќи, морале да дејствуваат и канадерите. 

Два големи пожари кај Дубровник

Два пожари избувнаа синоќа во близина на Дубровник, едниот над Мали Жала, а другиот во градот Солине во Жупа Дубровник, каде пожарот им се закануваше на куќи.

Пожарникарите се на терен, цела ноќ го гаснеа пожарот, куќите се заштитени, а наскоро треба да пристигнат и две противпожарни авиони, канадери.

Од дубровничката интервентна противпожарна служба утрово за Индекс велат дека пожарникарите се уште се на терен. Пожарот над плажата Мали Жали во Дубравица се уште не е изгаснат, но е ставен под контрола, ни изјавија дубровничките пожарникари.

„Пожарот е делумно активен, изгореа 45 хектари. Во моментов на терен се 25 пожарникари“, велат за Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечен прием по повод Денот на Агенцијата за национална безбедност

Во Националната опера и балет свечено беше одбележан Денот на Агенцијата за национална безбедност.

Свечен прием по повод Денот на Агенцијата за национална безбедност

Во присуство на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседателот на Собранието, м-р Африм Гаши, највисоки претставници на државниот врв и дипломатскиот кор во земјата, претставници на државните институции, партнерски служби и медиумите, во Националната опера и балет свечено беше одбележан Денот на Агенцијата за национална безбедност.

Свеченоста беше посветена на институционалниот развој на Агенцијата, нејзината улога во современиот систем на национална безбедност, но пред сè на професионалците кои секојдневно, далеку од очите на јавноста, ја извршуваат една од најодговорните задачи во државата, заштитата на националните интереси, уставниот поредок и безбедноста на граѓаните.

„Националната безбедност не е само институционална обврска. Таа е одговорност кон државата, кон граѓаните и кон генерациите што доаѓаат. Нашата сила се луѓето, професионалците кои својата работа ја извршуваат посветено, дисциплинирано и со висок степен на интегритет, свесни дека голем дел од нивниот придонес никогаш нема да биде јавно видлив. Токму во тоа се состои големината на нивната служба кон државата“, истакна Директорот на Агенцијата за национална безбедност, м-р Бојан Христовски.

Посебен белег на свечениот настан даде премиерното прикажување на документарниот филм посветен на историјата и развојот на безбедносната служба од нејзините почетоци, преку клучните историски и институционални периоди, до современата Агенција за национална безбедност. Преку архивски материјали, сведоштва и пораки од домашни и меѓународни соработници и партнери, документарниот филм ја прикажа континуираната одговорност на безбедносната служба во заштитата на државата, но и нејзината трансформација во согласност со современите безбедносни предизвици и стандарди.

Во своето обраќање, Директорот ги најави и следните значајни чекори во развојот на Агенцијата, меѓу кои формирањето на Центар за обука на АНБ, како системски механизам за континуирана едукација, професионално усовршување и создавање нови генерации високообучени безбедносни кадри.

„Безбедносните предизвици денес се менуваат со динамика каква што досега не сме познавале. Затоа силна служба не се гради само со технологија и ресурси, туку пред сè со знаење, аналитички капацитет и луѓе кои постојано се развиваат. Центарот за обука треба да биде инвестиција токму во најважниот ресурс – човекот, знаењето и идниот капацитет на македонскиот безбедносен систем“, – додаде Директорот на АНБ, м-р Бојан Христовски.

Во рамки на свеченоста беше претставено и првото издание на публикацијата “Безбедносна проценка за 2027 година”, како стратешки документ на Агенцијата посветен на безбедносните предизвици со кои се соочува државата. Документот претставува систематизиран аналитички осврт на современото безбедносно опкружување, ризиците и тенденциите кои можат да имаат влијание врз националната безбедност, како и основа за натамошно јакнење на стратешката и аналитичката функција на институцијата. Со неговото објавување, Агенцијата воспоставува нова практика на стратешко согледување на безбедносното опкружување и создавање институционално знаење кое ќе придонесе кон навремено препознавање и разбирање на современите закани.

Одбележувањето на Денот на Агенцијата за национална безбедност испрати јасна порака за континуитет, професионалност и развој, дека заштитата на државата бара силни институции, современи капацитети, стратешка визија и луѓе кои својата професионална должност ја ставаат во служба на националниот интерес.

Силна Агенција значи силен безбедносен систем. А силен безбедносен систем е еден од темелите на стабилна и сигурна држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија

Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија со издадени околу 70 лиценци на фирми за канабис, сега не разбираат што е грижа за квалитетна животна околина за граѓаните.

Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија

Почитувана јавност,

Кога станува збор за талогот на СДС, или ова раководство на Венко Филипче можеме да слушнеме и видиме единствено лаги, клевети, манипулации и ширење паника во јавноста, сега конкретно и за дата центрите.

Филипче и од него поставеното раководство не разбираат очигледно ништо. И покрај многуте објаснувања во јавноста воопшто за дата центрите, како и за тоа што значи приватна инвестиција, а што национален дата центар може да се каже само едно - очигледно ги удрило сонцето и се вклучуваат само по потреба за лични интереси.

Талогот од СДС и Филипче уште еднаш покажуваат дека не знаат што е национален дата центар, а истиот, оној во Прилеп кој не е основен, туку секундарен го отвори токму владата на СДС.

И во оваа прилика Филипче и ова СДС покажуваат дека знаат само за марихуана економија. За ова говори фактот што токму во периодот на владата на СДС се издадени околу 70 лиценци за фирми за канабис. За глума во јавноста и одзедоа неколку лиценци.

Ова говори за ориентираноста на талогот на СДС и Филипче. За разлика од нив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за подобар животен стандард и квалитетна животна околина за секој еден граѓанин.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во скопско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 01.09.2026 во 00:05 часот во с.Инџиково, скопско, полицискис службеници од Единицата за недозволена трговија прои СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с.Инџиково. 

Претрес во скопско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер