Два дена во Швeдска драстично опаѓа бројот на заразени и починати , нема вонредни мерки - Канал 5

Два дена во Швeдска драстично опаѓа бројот на заразени и починати , нема вонредни мерки

Шведска  бележи најмал број на смртни случаи од коронавирус во последните два дена во двете последни недели.

Два дена во Швeдска драстично опаѓа бројот на заразени и починати , нема вонредни мерки

Вчера 17 лица починале од коронавирус во таа земја, додека денес овој број е уште помал - 12 лица. Ова е голем пад на бројот на мртви од претходните денови, особено во споредба со средата кога починаа повеќе од стотина луѓе. Од средата до петокот, повеќе од 90 луѓе умирале во Шведска секој ден, како последица на коронавирусот.

Покрај тоа, е забележано големо намалување на бројот на нови случаи во Шведска. Во неделата се пријавени 466 нови случаи, додека денес има 332 нови случаи. Споредено со неколку дена порано, ова е скоро двојно помалку. Повеќе од 720 нови случаи се пријавени во четврток и петок.

Вкупно 10.151 случаи се пријавени до сега во Шведска и 887 лица починале.

Но , за разлика од поголемиот дел од Европа, Шведска не воведе строг карантин, не затвори училишта, кафулиња, ресторани и барови. На луѓето не им е забрането излегувањето, но се препорачува тие да се изолираат веднаш штом ќе забележат најмали симптоми на коронавирус.

Забрането е собирање на повеќе од 50 лица.

Во соседна Данска, со население од околу 5,8 милиони, коронавирусот е потврден кај 6000 лица, со 260 смртни случаи.

Коронавирусот е потврден кај околу 6300 луѓе во Норвешка, земја со население од 5,4 милиони, а 114 луѓе починале.

Во Финска, со население од околу 5,5 милиони луѓе, потврдени се околу 2600 случаи на инфекција и 42 смртни случаи.

На Исланд, каде што се направени најмногу тестови, коронавирусот е потврден кај 1700 луѓе, а 19 починале.

На најранливите возрасни групи или лица над 70 години им се препорачува да не ги напуштаат своите домови и да го минимизираат социјалниот контакт. Остатокот од населението слободно се движи, а Швеѓаните се надеваат дека помладата и посилна популација ќе развие имунитет и со тоа ќе ја надминат кризата.

Два дена откако Шпанија прогласи карантин на 14 март, Шведска ги советуваше своите граѓани да ги мијат рацете и да останат дома доколку се болни. Десет дена подоцна, граѓаните беа советувани да не создаваат гужва во кафулињата и рестораните, но тие останаа отворени.

„Затворањето на училиштата ќе биде голем удар за здравствениот систем затоа што голем дел од нејзиниот персонал не би можел да дојде на работа, туку ќе мора да остане дома со своите деца. Децата исто така ќе страдаат затоа што нема да можат да одат на училиште, што не е она што го сакаме“, рече шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.

Дописникот на Си-Ен-Ен од Стокхолм изјави дека има многу помалку луѓе на улиците и во метрото и дека е очигледно дека граѓаните ги почитуваат упатствата, но и дека јавната свест варира во голема мера. Додека некои дури и не сакаат да ги бакнуваат своите најблиски, други организираат велигденски ручеци и забави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа.

– Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството.

Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија.

-АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење.

Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола.

Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи.

Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка.

Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити.

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина! Зделка вредна 2,1 милијарда долари, Зеленски предупредува на сериозен проблем.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

На 30 октомври, Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на 500 ракети-пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари.

Истиот ден, главниот воен командант на НАТО изјави дека испораките на американско оружје, купено од европските сојузници, продолжуваат без одлагање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, но предупреди дека за испораките би можеле да бидат потребни неколку години, додека на Украина ракетите ѝ се потребни уште оваа зима за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руските напади.

Тој ги повика САД и нивните партнери да ѝ обезбедат на Украина ракети-пресретнувачи од постојните залихи, а подоцна да им ги надоместат преку нови договори. Предложениот пакет вклучува ракети-пресретнувачи од типот PAC-3 MSE (Missile Segment Enhancement) – напредни ракети со голема брзина за системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“ (Patriot) – како и резервни делови и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Набавката ќе биде финансирана од Канада, Германија и Норвешка преку програмата JUMPSTART – американски механизам за забрзана набавка, кој им овозможува на меѓународните сојузници и партнери да финансираат и брзо да обезбедат оружје произведено во САД.

За оваа набавка нема да се користат средства од американската влада, додека дополнителното финансирање ќе биде обезбедено од украински средства, поддржани преку заем за помош од Европската унија наменет за Украина.

Одобрението претставува чекор кон можна продажба, а не завршена набавка, при што датумот на испорака не е прецизиран. Американскиот Конгрес, вообичаено, има рок од 30 дена за разгледување на предложената продажба за Украина, додека производството и испораката на сложени системи за вооружување може да потраат со години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер