Два чудни минерали, невидени на Земјата, се најдени во астероидот што паднал во Африка - Канал 5

Два чудни минерали, невидени на Земјата, се најдени во астероидот што паднал во Африка

Научниците открија досега невидени материјали за време на анализата на огромното вселенско парче карпа што падна во Сомалија.

Два чудни минерали, невидени на Земјата, се најдени во астероидот што паднал во Африка

Пронајдоа повеќе непознати минерали. Два се анализирани и класифицирани, а ознаката на третиот моментално се разгледува од страна на Меѓународната минералошка асоцијација.

Планетарниот геолог Крис Херд од Универзитетот во Алберта во Канада го претстави откритието на овие минерали на 21 ноември на симпозиумот за истражување на вселената. Минералите се нарекуваат елаиит и елксинстантонит, пишува Science Alert.

„Секогаш кога ќе пронајдете нов минерал, тоа значи дека геолошките услови и хемијата на карпите биле различни од она што сме го виделе претходно. Затоа ова е возбудливо, во овој конкретен метеорит имате два минерали кои се нови за науката“, Херд кажа.

Споменатата карпа, пронајдена во близина на градот Ел Али, неодамна беше идентификувана како метеорит. Станува збор за карпа тешка 15,2 тони, што го прави деветтиот по големина метеорит пронајден на Земјата.

Засега не се знае точно кога се урнал на нашата планета, но локалното население го нарекло „Ноќно паѓање“ (Eng. Nightfall) и за него се зборувало во фолклорот, песните и ората од 5 до 7 генерации наназад. Се користел како наковална за острење ножеви.

Експертите го пронашле во 2019 година кога барале опал во областа. Тие забележале чудна карпа со дупки, земале примероци и ги испратиле кај Херд на анализа и класификација. Херд набрзо утврдил дека тоа е всушност железен метеорит од семејството IAB и го нарекол Ел Али, по блискиот град.

Околу 350 метеорити припаѓаат на класификацијата IAB, а се карактеризираат, меѓу другото, и со претежно железно-никел состав со силикатни подмножества. Се претпоставува дека тие настанале кога железен астероид се стопил при ударот. Со цел да се класифицира метеоритот, Херд и неговиот тим го анализирале неговиот хемиски состав и забележале нешто чудно.

Тие забележале дека некои од подмножествата имаат необична текстура, па Херд побарал помош од минералологот Ендрју Локок од Универзитетот во Алберта, кој набрзо утврдил дека има најмалку два претходно непознати минерали во метеоритот.

Трет потенцијален нов минерал сè уште е во процес на идентификација и класификација, а експертите сега работат на истражување кое ги опишува процесите на формирање на овие новооткриени минерали и што значи тоа за формирањето на самиот метеорит Ел Али.

„Тоа е мојата професија - како да пронајдам геолошки процеси и геолошка историја на астероид. Никогаш не мислев дека ќе работам на опишување на сосема нови минерали само поради откривањето на метеорити“, објасни Херд.

Што се однесува до самиот метеорит, тој е отстранет од местото каде што лежел со генерации и бил однесен во главниот град на Сомалија, Могадишу. Таму бил измерен, а потоа преземен од сомалиската влада. Не се знае што се случило со него потоа, но има информации дека е пренесен во Кина, каде завршил во рацете на трговци со метеорити, кои најверојатно ќе го исечат и ќе го пуштат на пазарот.

Научниците се обидуваат да го следат со надеж дека, во соработка со трговците и собирачите на метеорити, ќе добијат повеќе парчиња од оваа скапоцена карпа и ќе спроведат дополнителни истражувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура.

Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби.

Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш.

Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите.

Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат.

Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасна несреќа во Германија: Се судрија два трамваи, десетици повредени

Повеќе од 25 лица се повредени денес во судир меѓу два трамваи во западниот германски град Гелзенкирхен, при што три лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Ужасна несреќа во Германија: Се судрија два трамваи, десетици повредени

Според првичните информации, трамваите се движеле еден по друг во близина на стадионот на Шалке кога првиот трамвај одеднаш закочил, објави Билд.

Полицијата соопшти дека трамвајот, кој се користел за обука, нагло застанал, а потоа трамвајот со патници се удрил во него.

„Околу 25 лица се повредени, од кои седум потешко. Тројца од седумте се во сериозна состојба“, изјави портпаролката на полицијата за Билд.

На повредените им е укажана прва помош на местото на настанот, а оние со потешки повреди се однесени во болници.

Областа околу Курт-Шумахер-Штрасе, главната сообраќајница во градот, беше затворена во двата правци по несреќата.

Една лента беше повторно отворена за сообраќај во шпицот доцна попладне.

Причината зошто тренинг трамвајот одеднаш закочил сè уште не е утврдена, а специјално обучен тим е на лице место за да ја испита несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

​Со секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор.

Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции.

Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите.

Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато.

Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции.

На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја.

Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства.

Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер