Дурмиши во Истанбул: Македонија е сигурен партнер и атрактивна инвестициска дестинација за турските компании - Канал 5

Дурмиши во Истанбул: Македонија е сигурен партнер и атрактивна инвестициска дестинација за турските компании

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина.

Дурмиши во Истанбул: Македонија е сигурен партнер и атрактивна инвестициска дестинација за турските компании

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, насочена кон поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласи дека Република Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија, при што трговската размена континуирано расте, а турските компании со децении имаат значајна улога како инвеститори, работодавачи и партнери во развојот на македонската економија.

„ Македонија е отворена за нови инвестиции и нови партнерства. Нудиме стабилна макроекономска политика, стратешка географска положба, пристап до регионалните пазари, квалификувана работна сила и силна институционална поддршка за инвеститорите. Уште поважно, нудиме партнерство засновано на доверба и долгорочна соработка“, истакна министерот Дурмиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче.

Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.

Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот.

Сето ова за Филипче е прифатливо без доза на размислување.

Поради своите криминали потпишуваа погубни државни договори, само за да останат ден повеќе на власт.

И додека над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси.

Поради ваквото однесување, СДС уште повеќе ја губи поддршката од граѓаните. Народот веќе еднаш ги казни, сега ќе ги докрајчи.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случила на патот Градско - Прилеп пред исклучокот за Кавадарци. Според билтенот на МВР, во  судирот во кој учествувале две возила со прилепски таблички загинале две лица. 

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

-На 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило ,,шкода" и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф", констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот., информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

НБА се соочува со нов финансиски тектонски пресврт, а епицентарот на „потресот“ повторно е во Колорадо. 

Никола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

Еден од најдобрите светски кошаркари во последната деценија, Србинот Никола Јокиќ, главната ѕвезда на Денвер Нагетс, на 31-годишна возраст е пред потпишување договор што ќе го редефинира концептот на богатство во светскиот спорт и ќе ги сруши сите претходни рекорди.

Според најновите проекции од јавната сцена преку океанот, Јокиќ е виден како првиот играч во историјата на кошарката што ја сруши магичната бариера од 70 милиони долари годишна плата.

Иако Нагетс претрпеа тежок удар годинава и беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота, раководството на клубот нема дилема, иднината на франшизата е сто проценти врзана за трикратниот МВП Никола Јокиќ.

Пред популарниот Џокер се две опции за продолжување на својата лојалност кон Денвер, двете носат огромни финансики средства.

- Договор со Супермакс: Доколку ја одбие опцијата за сезоната 2027/28, Никола може да потпише нов четиригодишен договор вреден астрономски 278 милиони долари. Со просечна плата од 69,5 милиони, Јокиќ би го симнал од тронот досегашниот најплатен кошаркар во НБА, ѕвездата на Тандер, Шаи Гиљус-Александар .

-Вториот, пократок пат вклучува активирање на постоечката опција со тригодишно продолжување во вредност од 214 милиони долари. Во ова сценарио, Јокиќ веднаш го пробива споменатиот лимит и станува првиот човек во историјата на лигата што собрал над 70 милиони долари за само една сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер