Дурловски како Кралицата на ноќта во Метрополитен операта

Македонскиот сопран Ана Дурловски ја почне серијата настапи како Кралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта“ на Моцарт во Метрополитен операта во Њујорк.

- Дурловски имаше блескав настап како Кралицата на ноќта. Нејзината арија „O zittre nicht“ покажа мрачна нишка, со впечатлива, ласерска фокусираност. Гласот и делува помалку мал за Метрополитен oперата, но недостатокот на волумен го надополни со извонредна техника и страствена драматичност. Клучната арија, „Der hölle Rache“ беше спектакуларно изведена, секоја висока нота како извадена од самиот воздух, удираше како зрак на светлина врз мртвото средиште на нотата. Дурлвоски и Фишер ја изведоа аријата со темпо кое го забрзува срцето, неговата манијакална прецизност поттикнувајќи го нејзиниот гнев, пишува критичарот Ерик Симпсон во њујоршката Класична ревија.

Ставот на Корина да Фонсека-Волхејм во Њујорк тајмс, е покритичен. Таа вели дека Дурловски има лесен, приемлив глас, но потфрлила во својот настап.

- Видливо нервозна, таа со леснотија ги погоди сите високи ноти, но нејзиното изразување беше избрзано, а нејзината проекција недоволно силна, пишува критичарката.

Ана Дурловски е првиот македонски уметник која настапила во престижната опера во Њујорк, најголемата оперска куќа во светот.

- За мене пред се како уметник тоа е голема работа. Се надевам дека тоа е и за нашата држава исто така. Во секој случај искуството што тука се стекнува, верувам дека ќе може да се пренесе и во Македонија. Метрополитен е, сепак, нешто што не можете да го ставите во ниту една категорија. Тоа е посебна категорија. Тука има посебна публика на којашто треба да и се угоди, изјави Дурловски за Македонската радио-телевизија.

Дурловски ја има изведувано Волшебната флејта над 180 пати. Изведбата во Метрополитен операта е под диригентство на Адам Фишер.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

притисни ентер