3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
2Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
ЖивотДури сега е откриено дека во 1991 била забележана најниската температура од минус 69,6 степениНајниската температура на Северната хемисфера била измерена на 22 декември 1991 година на Гренланд и изнесувала минус 69,6 степени Целзиусови, но ова било откриено дури 28 години подоцна, објави во вчера данскиот метеоролошки институт (ДМИ)Температурата е измерена на мерна станица која не била дел од стандардната мрежа, но била „ексхумирана од детективите за клима“, а потоа откритието го потврдила Светската метеоролошка организација (СМО). „Измерена е рекордно ниска температура на надморска височина од 3105 метри, недалеку од топографскиот врв на ледената покривка, и беше измерена од автоматската мерна станица Клинк“, соопшти ДМИ. "Во последните децении поставивме многу рекорди на топлина и важно е да се препознаат крајностите. Иако можноста за надминување на најниската температура е намалена со климатските промени, не можам да тврдам дека нема да забележуваме повторно толку ниски температури", изјави данскиот климатолог Џон Капелен. Досега, најниската измерена температура на Северната хемисфера беше минус 67,8 степени, што е измерена двапати во Русија, во 1892 и 1933 година. Најниската регистрирана температура на Земјата е минус 89,2 степени Целзиусови. Измерено е на 21 јули 1983 година на руската истражувачка и метеоролошка станица Восток на Антарктикот. Езерото Восток лежи на околу 4.000 метри под површината на ледениот слој на Антарктикот и зафаќа површина од 14.000 квадратни километри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Здравје„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекаритеСо месеци се игра „брзи прсти“ за „Мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега пациентите, алармираат од Здужението на матични лекари. Со месеци се игра „брзи прсти“ за мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите за да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега граѓаните, алармираат од Здужението на матични лекари. Дел од пациентите се жалат дека и кога ќе дојдат на ред, ден пред терминот, преку СМС порака тој им се откажува, со образложение дека лекарот не е тука и насока – да отидат кај матичниот доктор за да земат нов. Вака, постапката почнува од почеток, па некои пациенти кој немаат финансии за да одат на приватно и по повеќе од половина година не можат да стигнат до специјалист преку „мој термин“. По ревизорскиот извештај што ги нотираше и останатите слабости, јасно е дека мора да има промени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на приватни лекари. -Мој термин мора да се надогради, мора да се ажурира, мора безбедноста на податоците да бидат на многу високо ниво. Сите овие податоци што се во „мој термин“ прво треба да се под Министерство за здравство бидејќи се работи за многу чувствителна тема и лични податоци, не може некоја приватна фирма да ги координира, како што сега (од ревизорскиот извештај) дознавме. Во однос на пуштањето на термини од специјалистите, за три секунди ги снемува термините. Дали на пациент со самоубиствени идеи кој е во моментот на преглед ќе му речете, „почекај сега, ја морам на „ловам“ термини“, тоа мора поинаку да се реши. д-р Лилија Чолакова Дервишова - претседател на Здружението на матични лекари. Извештајот за ревизија на „мој термин“ покажа дека за операции пациенти чекаат со години, па само еден доктор има 198 закажани интервенции. Освен тоа, ревизорите утврдиле и дека листите на чекање не ја одразуваат реалната состојба, бидејќи недостигаат клучни податоци, а во дел од болниците воопшто немало ни листи што отвора ризик пациенти без термин, да бидат примени пред оние кои подолго време чекаат уредно. Министерот за здравство јавно посочи и дека неразбирливо е како системот „мој термин“ речиси 18 месеци немал договор за одржување и најави дека од службите побарал подготовка на јавен повик за двегодишно одржување. Освен најава за акциски план на делување, здравствените власти ветуваат дека системот ќе биде биде централен дел од најавената дигитализација. Тагови: лекарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрвиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителствотоЗа „непријателски“ го прогласи својот прв сведок обвинителството на денешното судење за случајот „Државна лотарија“. Владо Петковски кој е актуелен директор на сектор за игри на среќа, раскажа дека со доаѓањето на Перпарим Бајрами во Државна лотарија биле иницирани повеќе нови проекти со цел зголемување на профитот на компанијата. Учествувал во набавката на ВЛТ апарати кои се предмет на обвинението, на што му претходело формирање на ново друштво кое самостојно ќе приредува електронски игри на среќа. -Откако финансискиот план беше направен се направи набавка, пристигнаа апаратите, се поставија кај деловните партнери и требаше да се добијат технолошко технички услови, за што УЈП се произнесе позитивно, но не стигна согласност од Министерството за финансии бидејќи се донесе тоа автентично толкување на законот, по што сите процеси беа блокирани. Автентичното толкување на Законот за игри на среќа, не дозволи ова друштво да работи,- -Владо Петковски – Директор во Државна лотарија, сведок. На прашања на обвинителството, тој одговори и дека не знале каков односот помеѓу Перпарим Бајрами и Артан Груби, дека немал средба со овие двајца обвинети но и дека не знае зошто била сменета претходната директорка на Државна лотарија. Практично со своето сведочење тој не ја поткрепи тезата на обвинителството, туку даде одговори во полза на одбраната. Обвинителите го прогласија за „непријателски сведок“ и вкрстено го испрашаа откако посочија дека дал поинакви одговори кога како осомничен во случајот на два пати бил испрашуван во обвинителството. Сепак пред судот ги негираше прашањата на обвинителството - дали Перпарим Бајрами кажал дека без одобрение на Артан Груби не прави ништо но и дали не се сретнал со нив двајцата на бензинска на Партизанска во 2024 година. Обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски не сакаа да го коментираат сведочењето на Петковски. Одбраната пак е на став дека со исказот на Петковски се потврдува нивната теза. -Исказот на сведокот во целост ја потврдува тезата на одбраната дека конкретно обвинетиот Артан Груби нема преземено никакви противправни дејствија во конкретниот случај. Сведокот го потврди она што се случувало во рамки на Државна лотарија дека се било согласно закон. изјави – Гоце Ристески – Адвокат. Освен Груби и Бајрами, во случајот обвинети се уште шест лица меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски. Сите се товарат за пречекорување на службените овластувања со што, според обвинението, на државната лотарија ѝ била предизвикана штета од 596 милиони денари, односно околу 9,7 милиони евра. Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов притвор за Деко: ОЈО ГОКК го товари за давање мито за лиценцата на „Пулс“30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија.30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија, со цел неговата дискотека „Пулс“ да доби лиценца за работа без да подлежи на претходна проверка дали ги исполнува условите. Поради ризик од бегство, ОЈО ГОКК предложи ефективен притвор за Јованов, а судот ја прифати мерката. -Притворот е определен поради постоење постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Тој ќе биде префрлен на издржување на новоопределената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство, – Основен Кривичен суд Скопје. Одбраната на Јованов најави жалба – за адвокатката Коцевска ова е манипулација на обвинителството. Таа тврди дека не станува збор за нов предмет, туку дека лицето на кое наводно Јованов му дал мито, веќе се наоѓа на обвинителната клупа во случајот за пожарот во Пулс и тоа токму за делото примање на поткуп. -Таквата конструкција и манипулација на обвинителството со поднесување на ова обвинение, за коешто во кочанскиот предмет веќе е дел од расправата – бидејќи за службеното лице од Министерство за економија во кочанскиот предмет во обвинението е ставено кривичното дело примање на поткуп. А ова давање на поткуп е во однос на истиот настан којшто веќе е опфатен во оваа постапка. Значи, тука Обвинителството располагало со доказите уште пред година и пол, меѓутоа го држело ова под маса, со цел да дојде оваа малверзација денед, откако ќе истече притворот да може да му го продолжи,- изјави Ивана Коцевска, адвокатка на Дејан Јованов Деко. Станува збор за Џеваир Камбери, кој се наоѓа на обвинителната клупа уште од минатата година за примање поткуп како вработен во министерството за економија и тоа во случајот со пожарот во Пулс. Новата мерка за Јованов пак значи дека тој останува во ефективен притвор и по официјалното истекување на законскиот рок во кој тој може да остане во притвор во врска со предметот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој Јованов е првообвинет. Одбраната на Јованов од претходно достави и гаранција во недвижен имот од 200 илјади евра дека тој нема да бега, ако на 3 октомври излезе на слобода, но обвинителството даде негативно мислење за гаранцијата, која пак денеска одбраната ја повлече. Во врска со новиот притвор од 30 дена, одбраната најави и жалби до Европскиот суд за човекови права. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook