ДУИ реагира за назначувањето на Богојески за директор на „Еразмус“ - Канал 5

ДУИ реагира за назначувањето на Богојески за директор на „Еразмус“

Директна провокација за Албанците или најава за борба против злоупотребите на европските фондови- именувањето на Петар Богојески за директор на „Еразмус“ повод за нова кавга меѓу него и ДУИ.

ДУИ реагира за назначувањето на Богојески за директор на „Еразмус“

Опозициската партија обвинува дека тој лично изградил политичка кариера преку навреди и омаловажувања кон Албанците, а сега велат е награден со државна позиција наместо да биде санкциониран.

„ Тоа претставува опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера, доволно е да ја понижува албанската заедница. ДУИ повикува на итно повлекување на оваа срамна одлука и враќање на сериозноста во процесите што се однесуваат на европската интеграција, образованието и соживотот. Владата не смее да си дозволи да ја претвори државата во сцена за евтини провокации, на штета на соживотот и европската перспектива. “ – пишува во нивното партиското соопштение.

ДУИ има проблем со вистината, редот и правдата, вели за Канал 5 Богојески. Тој смета дека обвинувањата на негова адреса имаат за цел да поттикнат етничка омраза.

„ Нападите од ДУИ се комплимент за нас, кога ДУИ не напаѓа, значи сме на правиот пат. ДУИ е против граѓанска држава, против почитување на правата на сите етнички заедници, против граѓански устав, ДУИ сакаат мафијашка држава, за себе и своите арамии кои веќе почнаа да бегаат низ светот. Забележав и монтирани материјали, забележав и многу ботови од две партии – коалицијата Левица – СДСМ.“Петар Богојески – директор на Агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“.

Богојески вели дека сега негов приоритет е целосна подготовка на земјава за затворање на поглавјата 25 и 26 од преговорите со ЕУ за наука и образование.

Претседателот на „Македонски Концепт“ доаѓа на местото на Марко Ѓорѓиевски кој раководеше со оваа агенција од ноември 2020 година. Претходно на директорската позиција беше Лидија Димова која пак беше разрешена поради наводни злоупотреби на пари од европските фондови, за што беше отворена и судска постапка. Во меѓувреме европската канцеларија за борба против измами – Олаф ја затвори истрагата против неа поради немање докази.

YouTube video

Стенергард: Шведска се залага за ЕУ санкции против неколку израелски министри

Шведска е за европски санкции против „одредени израелски министри“ доколку нема подобрување на ситуацијата во Појасот Газа, изјави денеска шефицата на дипломатијата Марија Малмер Стенергард.

Стенергард: Шведска се залага за ЕУ санкции против неколку израелски министри

„Шведска е пријател на Израел, но сега мораме уште повеќе да го кренеме гласот. Ќе се залагаме за европски санкции против одредени израелски министри кои ја поддржуваат политиката на нелегални населби и активно се спротивставуваат на идното решение за две држави“, напиша таа во порака, пренесоа француските медиуми.

Според Стенегард, Европската Унија треба да го разгледа списокот на министри против кои би биле воведени санкции.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска имаат средба во Брисел.

„Со голема сериозност го набљудуваме начинот на кој израелската Влада продолжува да ја влошува ситуацијата, и со своите изјави и со своите постапки“, рече шведската министерка.

Таа додаде дека Шведска веќе неколку пати побарала од израелската Влада да овозможи подобар хуманитарен пристап за населението во Газа.

Марија Малмер Стенергард вчера го осуди планот на Израел да ја преземе контролата врз целиот Појас Газа, велејќи дека тоа е спротивно на меѓународното право./МИА

Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

Движењето за признавање на државата Палестина, како што го замислуваат Франција, Велика Британија и Канада, „нема да биде суспендирано“, изјави денеска францускиот премиер Франсоа Бајру.

Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

-За првпат, три големи земји, Велика Британија, Франција и Канада, заедно одлучија дека ќе се спротивстават на тоа што се случува во Појасот Газа и дека заеднички ќе ја признаат државата Палестина. И тоа движење што започна нема да биде запрено“ рече Бајру во францускиот Парламент за време на седницата за пратенички прашања, пренесен од француските медиуми.

Француските, британските и канадските лидери Емануел Макрон, Кир Стармер и Марк Карни вчера предупредија дека „нема да стојат настрана“ пред „скандалозните постапки“ на израелската Влада во Појасот Газа, заканувајќи се со „конкретни мерки“ ако тој премиерот Бенјамин Нетанјаху не ја запре воената офанзива и не ја деблокира хуманитарната помош.

-Таа осуда и повторените предупредувања се апсолутно јасни и нè обврзуваат. Но, никогаш не смееме да заборавиме дека оваа ситуација со трагедијата што ја предизвика имаше поводник. А поводникот е палестинското движење Хамас, кое го нападна Израел на 7 октомври (2023 година, додаде Бајру, кој се залага за решение со две држави.

Според него, ситуацијата во Појасот Газа е хумано и хуманитарно неприфатлива.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денеска за радио „Франс Интер“ изјави дека Париз е решен да ја признае државата Палестина и додаде дека тоа е „во интерес на Палестинците, но и за безбедноста на Израел“.

Се очекува признавањето на Палестина да биде објавено на меѓународна конференција под претседателство на Франција и Саудиска Арабија.

Целта на таа конференција од 17 до 20 јуни е повторно да се започне мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт, односно решение за две држави. /МИА

Рубио: Работиме на договор што ќе му овозможи на Иран да има цивилна нуклеарна програма

Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот изјави дека администрацијата се стреми да му даде можност на Иран да се стреми кон мир и просперитет, јавија француските медиуми.

Рубио: Работиме на договор што ќе му овозможи на Иран да има цивилна нуклеарна програма

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи на постигнување договор што би му дозволил на Иран да има цивилна програма за нуклеарна енергија, но не и да збогатува ураниум, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот изјави дека администрацијата се стреми да му даде можност на Иран да се стреми кон мир и просперитет, јавија француските медиуми.

-Нема да биде лесно, но тоа е процесот во кој сме вклучени во моментов, рече Рубио.

Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Техеран добил и моментално разгледува предлог за петтата рунда нуклеарни преговори со САД.

Тој го изјави ова неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Техеран мора брзо да ги продолжи преговорите, пренесоа британските медиуми.

Два дена претходно, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека датумот за петтата рунда нуклеарни разговори меѓу Иран и САД е одреден, но се чека одобрување и наскоро ќе биде објавен. /МИА

притисни ентер