ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара парламентарни заедно со локалните избори - Канал 5

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара парламентарни заедно со локалните избори

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните побара лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на централен настан во Чаир по повод 23 години од основањето на партијата. 

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара парламентарни заедно со локалните избори

-Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно определени заедно со локални да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа го бараме зашто тоа е спас за сите нас и за одржлива стабилност, истакна Ахмети.

Како што рече, во 23-те години постоење, во 18 изборни циклуси ДУИ била без пораз, што потврдува, рече, дека партијата е основана на цврсти темели. Во фокусот им биле правата на Албанците почнувајќи од легализацијата на Тетовскиот универзитет до правична застапеност на Албанците во сите области и институции.

-За опонентите станавме опасност со нашата професионалност и подготвеност и една од пречките за актуелните политичари е тоа што од нас се плашат. Не држи тоа што го велат дека ДУИ е корумпирана... Ајде да направиме ветинг, зошто се плашите од ветинг, ајде да отвориме истрага за потеклото на имотот на сите политичари, за приватизацијата како се случи во нашата држава од 1991 до 2001. Не велам да почнеме од Христијан, туку да почнат од мене, рече Ахмети.

Нагласи дека ДУИ не бара ништо повеќе од тоа да се воспостават европски стандарди, бара правда и сака стабилност во целиот регион. Покрај тоа што им е погазен легитимитетот, рече Ахмети, врз ДУИ „се врши политички прогон поврзан со судски процеси“.

-Можат да лажат и да замајуваат тие што не знаат и немаат искуство, но не и ДУИ. Сите процеси се политички, поврзани со министри и со прогон на градоначалниците за да ги исплашат со намера тие да се откажат од политиката и програмските определби на ДУИ, Но, им велам - залудно ви е зашто кадарот на ДУИ не се плаши од уцени и притисок, но тоа не е добро за политиката во нашата земја, рече Ахмети на собирот.

Ги критикуваше противниците од Вреди затоа што во ова нивно време се случува, рече, отстранување на Албанците од институциите и неправилности при вработување.

-Вака не се градат одржливи односи меѓу заедниците. Затоа, добро е да размислат и да се откажат од ваквиот пристап. Добро е да го следат примерот на Арбен Таравари. Кога тој виде како е деградирано албанското прашање и дека сакаат да го закопаат Охридскиот мировен договор, тој ги напушти и добро направи. Добро би направиле и тие што се сега таму. И тие да не бидат дел од овој црн дел од историјата против Албанците во Македонија, рече Ахмети, додавајќи притоа дека нивни опонент е ВМРО-ДПМНЕ, а „не овие нашиве“.

Порача дека на земјата и е потребно зближување и координирање на политиките зашто таа е земја на сите етнички заедници што живеат во неа.

– Меѓуетничките односи се алфа и омега за мир, стабилност и просперитет на оваа држава, порача лидерот на ДУИ Ахмети.

Еротски мозаик е вратен во Помпеја, откако го украл нацистички капетан во 1944 година (ФОТО)

Еротски мозаик од периодот на Стар Рим, кој бил украден од офицер на Вермахтот во 1944 година, е вратен на своето вистинско место - во Помпеја.

Еротски мозаик е вратен во Помпеја, откако го украл нацистички капетан во 1944 година (ФОТО)

Капетан на нацистичката армија, кој бил одговорен за воениот синџир на снабдување во Италија за време на Втората светска војна, му го предал украдениот мозаик на кој е прикажан вљубен пар на друг Германец, објави агенцијата ANSA.

Семејството на Германецот го вратило мозаикот од времето на Римското Царство, благодарение на интервенцијата на членовите на италијанската единица за заштита на културното наследство (TPC) од Рим, како и дипломатските врски и притисокот.

Мозаикот се смета за предмет од исклучително културно значење.

Се одржа церемонија по повод враќањето на овој мозаик, организирана од италијански конзерватори на антички уметнички дела.

Патем, многу еротски слики и статуи, кои многумина ги нарекувале порнографски, биле откриени и во Помпеја и во Херкуланеум.

По откривањето на овие градови уништени од ерупцијата на Везув во 79 година од н.е., неаполскиот крал Франциск I од Сицилија побарал еротските дела да бидат заклучени и скриени од јавноста речиси 200 години. Поради постоењето на еротски уметнички дела, во еден момент била развиена теорија дека овие градови биле населени со неморални луѓе и дека ерупцијата на вулканот всушност била Божја казна за неморалот во овие населби на Римското Царство.

Британски лорд бил ограбен во елитно летувалиште, кое важеше за најбезбедно

На познатиот италијански остров Капри, британскиот пратеник во парламентот и почитуваниот лорд Ара Дарзи (65) доживеал драматичен напад додека уживал во својот одмор.

Британски лорд бил ограбен во елитно летувалиште, кое важеше за најбезбедно

Непознати разбојници му украле часовник вреден неверојатни 300.000 евра во познатото летувалиште. Станува збор за луксузен модел на швајцарскиот бренд Richard Mille RM 07, кој ги краси рацете на светските милијардери, пишува Bild.

Лорд Дарзи, почитуван хирург и професор кој во 2007 година ја добил титулата Барон Денам, одмарал на јахта со пријателите. Според италијанскиот весник Il Mattino, тој бил ограбен за време на прошетка по елитната шопинг улица Виа Виторио Емануеле.

Двајца мажи му се приближиле, го препознале скапиот часовник и насилно му го грабнале од рака, по што избегале низ тесните улички на островот.

Полицијата брзо реагирала, а безбедносните камери го снимиле бегството на разбојниците. Сведоците тврдат дека на крајот зграбиле моторен чамец и избегале по море.

Градоначалникот на Капри, Паоло Фалко, изјави дека постои основано сомнение дека грабежот бил планиран и насочен кон британскиот лорд.

„Капри е безбедно и гостопримливо место, но се плашиме дека ова е добро испланирана акција. Овој срамен инцидент го шокираше целиот град. Не сме имале нешто вакво со години“, рече Фалко, најавувајќи зголемени безбедносни мерки за туристите.

За среќа, лордот Дарзи не е повреден во инцидентот, но останал видливо потресен.

Девојка која боледува од церебрална парализа станала жртва на одвратна измама, испрати порака (ВИДЕО)

Британската ѕвезда на TikTok, Грејс Волстенхолм (22), која отворено зборува за животот со церебрална парализа, испрати итна порака до јавноста откако стана цел на бизарна измама.

Девојка која боледува од церебрална парализа станала жртва на одвратна измама, испрати порака (ВИДЕО)

Симпатичната девојка има повеќе од милион следбеници, а едно од нејзините најпопуларни видеа неодамна беше злоупотребено, објавува Unilad.

„Важно е да се проверат фактите“

Имено, профил на TikTok кој продава перници го искористи нејзиното видео и напиша подолу: „Денес ја изгубив мојата аутистична сестра, па ја купив оваа перница за да се чувствувам како да ја прегрнувам“.

Пред да биде отстранета, имаше дури 650.000 прегледи, а Грејс зборуваше за оваа злоупотреба пред британските медиуми, нагласувајќи колку е опасно ширењето на дезинформации.

„Има многу лоши луѓе на социјалните мрежи, па затоа е важно да се проверат фактите“, рече таа.

Таа дознала за измамата во мај

Контроверзното видео ја прикажува Грејс за време на тренинг, односно додека се обидува да зададе удар и паѓа, додека тренерот се обидува да ја фати. Со текот на времето, стана вирално, а сега се користи за сосема друга цел.

Грејс тврди дека дознала за измамата во мај, кога познаник ѝ се обратил на мајка ѝ и ѝ изразил сочувство. Во текот на изминатите три месеци, таа била помалку активна на социјалните мрежи, што дополнително го зајакнало кредибилитетот на измамата.

„Луѓето коментирале: „Почивај во мир, Грејс. Те сакам“. Искрено, биле скршени од информациите дека сум починала“, рекла девојката.

„Серија навредливи пораки“

Шокот и лажните вести доведоа до пад на гледаноста на нејзините објави и значително намалување на приходите.

„Мојата дијагноза не е аутизам, туку церебрална парализа. Па дури и тоа го објавил погрешно, тврдејќи дека сум починала“, додаде таа.

Откако контактирал корисник со истото име на Инстаграм, снимката била привремено отстранета. Сепак, повторно се појавила неколку дена подоцна, а мистериозниот автор ѝ испратил низа навредливи пораки, тврди Грејс.

Била трајно отстранета дури откако интервенирала Би-Би-Си, а ТикТок изјавил дека ги прекршил своите упатства за заедницата.

Полицијата започна истрага

Грејс рече дека нејзините следбеници се длабоко згрозени.

„Ова е вознемирувачко за моите следбеници, бидејќи многу од нив имаат проблеми со менталното здравје“, рече таа.

Грејс го пријавила инцидентот во Метрополитенската полиција, која потврди дека започнала истрага за измамата.

„Жртвата е поддржана од полицајци. Во оваа фаза не се извршени апсења.“

притисни ентер