ДУИ: Целосно расчистување на убиството на Саздовски и воздржување од провокации

Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко сочувство до родителите, фамилијата и блиските на починатиот Никола Саздовски.

Загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претстава чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда. Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот, за целосно расчистување на случајот, и без никаква задршка, изведување на виновниците пред лицето на правдата. Според информациите кои се достапни на целата јавност, учесниците во овој немил настан се навремено идентификувани, и определени се понатамошни мерки во постапката, со што, правно, очекуваме брзо, правично и ефикасно спроведување на правдата.

Со оглед на насилната природа на овој настан, и пораката за омраза која е испратена со овој чин, но и со целосно разбирање на револтот на роднините и пријателите на младиот Никола Саздовски, како и јавниот израз на загриженост на граѓаните, сакаме да упатиме апел кој ќе води кон смирување на овој револт, апел за воздржување од провокации, особено апел за воздржување од пораките на омраза и нетрпеливост, кои претставуваат основа за ваквите насилни и немили настани, се наведува во соопштението на ДУИ.

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „ВРЕДИ“ утре на прва средба

Првата средба меѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди најверојатно ќе се одржи утре, брифираат албанските опозициски партии за Канал 5. 

Неофицијално веќе се екипирани и тимовите кои ќе ги водат преговорите, но засега нивните имиња не се соопштуваат, иако како што беше највено по средбата помѓу лидерите, коминикацијата ќе продолжи на ниво на потпретседатели, заменици и партиски секретари.

Откако викендот беа договрени општите начела за соработка, меѓу кои и евроинеграциите ... во пресрет на разговорите Арбен Тараври од Вреди во интервју за ТВ 21 повторно го спомна рокот од 6 месеци за усвојување на уставните измени, но не како услов. Најави дека ако дотогаш нема придвижување, ќе го преиспитаат учеството во Владата..

„Вреди е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени. Верувам дека што поскоро за шест месеци до Нова година, доколку не се спороведат или нема сигнали за уставните измени, ќе седнеме и ќе го разгледаме тоа уште еднаш (учеството во Влада)“.. посочува Таравари во интервју за ТВ 21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Мицкоски за преговорите за владината коалиција и идната владина стратегија се подготвува на планината Огражден, според објавата на неговиот фејсбук профил... Тој во првото и засега единствено пост-изборно интервју јасно порача дека нивниот став за уставните измени останува непроменет..

„Не прифаќам таков тип на ултиматум. Што ќе се случи ако ние поставуваме ултиматум, треба да влеземе во политичка криза, држвата да не оди напред и да ги држиме граѓаните во заложништво, тоа ли треба да се случи? Или да направиме ние влада со 65 пратеници – демократијата вика кои има 61 пратебник тој прави влада. Јас сум убеден дека ние ќе разговараме врз основа на пратенрство, а не на основа на ултиматуми“, рече Мицкоски во „Само Интервју“.

Таравари во интервјуто вели дека се согласуваат со Мицкоски да се почекаат резултатите од изборите во Бугарија, закажани за јуни, и со идната влада да ги разгледаат начините продолжување на евроинтергациите. Во меѓувреме бугарскиот технички премиер Димитар Главчев и денеска порача дека нивниот став е конзистентен и дека условот за Македонија останува ист – земја која сака да стане членка на ЕУ мора да ги почитува барањата на другите земји-членки.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија Данил Петровски

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири ги оствари најавите. Го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски.

Економската директорка Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, останува на клиниката.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ ја вклучуваме во живо. Мими, се знаат ли причините за разрешувањето на медицинскиот директор и има ли првични реакции?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

ДИК прифати седум приговори, до петок ќе се знае дали и каде ќе се прегласува

Државната изборна комисија усвои приговори за седум избирачки места..

Во шестата изборна единица е оспорено само гласањето во Желино, по приговорот на Вреди, додека останатите 6 прифатени приговори се за гласање во 5-тата изборна единица.. По едно избирачко место во Охрид, Крушево и Долнени по приговор на ВМРО-ДПМНЕ, како и едно избрачко место во Струга по приговор и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ..

Но дали на овие места ќе има прегласување ќе се знае откако ќе помине рокот за жалби пред Управен суд, а членовите на ДИК ќе одлучат во зависност од тоа дали евентуалното прегласување би донело промена во распределбата на пратеничките места.

-Согласно Изборниот законик доколку вкупниот број избирачи на одредени избирачки места влијае на разликата во распределба на мандатите, дури во тој случај ќе може да се повтори гласањето. Сега нема одлука, треба да се изцрпат сите правни механизми кои се на располагање на подносителите на кандидатските листи,- изјави – Радица Тодоровска Алексовска – Портпарол на ДИК .

Во петката ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, ДУИ 4 и СДСМ 3, а по еден Левица, Вреди и ЗНАМ. Постојат многу комбинаторики кој би можел да добие или да изгуби пратеник бидејќи негде разликата е само стотина гласови. Најмногу може да изгуби ДУИ, дури 2 мандати кои би ги добила СДСМ. Има опција и ВМРО ДПМНЕ да добие еден пратеник, но ќе зависи од пресметките врз основа на Донтовиот модел.

На одлуката за поништување на гласањето во овие избирачки места реагираа од Европскиот Фронт предводен од ДУИ од каде најавија тужба пред Управен суд.

-Веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на ДИК од нивното седиште. Овие дејства претставуваат кривични дела и Европскиот фронт ќе ги преземе сите неопходни мерки,- изјави – Елми Азири – Европски фронт.

Одлуките на ДИК пак, за албаснката опозиција се потврда за изборните неправилности на кои предупредувале..

-Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника,- изјави – Фатмир Сабриу – Коалиција Вреди.

Доколку Управниот суд добие жалби ќе има рок од 48 часа да одлучи по нив. Ако ДИК одлучи да има прегласување, тоа најверојатно био било спроведено на 22 мај.

притисни ентер