„Она што се случи овде во Варшава за време на Втората светска војна, кога Германците безмилосно го убиваа цивилното население на нашиот главен град, е слично на безмилосноста на руската агресија во Украина“, рече Дуда.
„Колку се слични овие фотографии, колку е идентична монструозноста на оние кои убиваат, уништуваат“, изјави полскиот претседател.
Тој рече дека одговорните за воените злосторства не смеат да останат неказнети.
„Тоа денес е должност на цивилизираниот свет. Мора да се формираат соодветни судови, за злосторствата треба да одговараат“, посочи полскиот претседател, наведувајќи дека сторителите обично лесно се идентификуваат.
На први август, Полска го означува почетокот на Варшавското востание против германската окупација, кое започна на тој ден во 1944 година.
Тогаш полските сили биле поразени, но по висока цена, а цела Варшава била казнета со целосно уништување на градот и протерување на населението. Илјадници биле однесени во германските концентрациони логори.