Дуа Липа има ново момче, видена е на улица како се бакнува со познат водител

Пејачката Дуа Липа ги поттикна гласините за нова романса откако е забележана на романтичен состанок со јужноафриканскиот комичар Тревор Ноа на улиците на Њујорк.

Поп-ѕвездата (27) и десет години постариот водител на The Daily Show се видени како уживаат на романтична вечера во јамајкански ресторан во Њујорк.

„Тивко седеа подалеку од сите останати во ресторанот. Беше јасно дека се вљубени и седеа блиску еден до друг за време на вечерата. Заедно отидоа на прошетка, застанаа за долга прегратка и споделија бакнеж. “, изјавил извор за Дејли Мејл.

Ниту пејачката ниту водителот претходно не навестија за потенцијална романса. Но, јасно е дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Нивната средба доаѓа откако и двајцата се разделија од претходните партнери.

Последната јавна врска на Дуа Липа беше со помладиот брат на Џиџи и Бела Хадид, моделот Анвар Хадид (23). Двојката раскина на крајот на декември 2021 година, по повеќе од две години врска. Во меѓувреме, последната врска на Ноа заврши во мај минатата година. Водителот се забавуваше со 42-годишната Минка Кели, со која започна врска во 2019 година.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер