Државната Лотарија со демант на наводите на одредени медиуми - Канал 5

Државната Лотарија со демант на наводите на одредени медиуми

Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми.

Државната Лотарија со демант на наводите на одредени медиуми

Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи:

I. Правна стратегија, институционална одговорност и врвна академска експертиза

Државната лотарија своето работење го темели исклучиво врз принципите на законитост, правна сигурност и институционална отчетност. За таа цел, Друштвото ја вклучи највисоката академска правна експертиза во државата, меѓу кои и проф. д-р Димитар Гелев, редовен професор и раководител на Катедрата за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Овој ангажман е директна и нужна реакција на правно неодржливите, финансиски штетни и институционално опасни постапувања на поранешниот управен и надзорен одбор, како и на поранешната Влада во својство на основач на Друштвото. Имено, проф. д-р Димитар Гелев беше и натаму е ангажиран за целосна подготовка и правно водење на сложените постапки за престанување на трговските друштва, и тоа: Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје, Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје и Нова Државна видеолотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.

Правната поддршка опфати формулирање на целосна процесна стратегија, правна квалификација на основите за престанок, утврдување на формално-правните предуслови за донесување на одлуките и управување со сите идентификувани правни и финансиски ризици и, заедно со ангажираните адвокати без нивен надомест во рамките на неговиот тим, обезбедува застапување и континуирана правна заштита пред надлежните органи и судови.

Со издвојувањето и преземањето на уделот во постапката за престанување на НОВО ВЛТ, Државната лотарија постапи целосно законито, институционално дисциплинирано и одговорно, обезбедувајќи правно чисто затворање на друштвото и трајна заштита на интересите на државата. Истото беше реализирано во соработка и во духот на добри деловно-партнерски односи со другиот содружник, Друштвото за услуги ХТЛ ДОО – Скопје, на престанатото друштво. Постапките за останатите друштва се во напредна фаза и ќе резултираат со нивно престанување, со судски одлуки, со што ќе се елиминираат последиците од нивното незаконско основање и работење, а во согласност со одлуката за престанување на друштвата донесена од Владата, во својство на основач на Друштвото.

Исто така, ангажирани се и други истакнати стручњаци од науката и практиката за прашања од системски карактер – поимно разграничување меѓу јавен сектор и државна сопственост, како и правно уредување на внатрешната организација и систематизација на работните места во дирекцијата и повеќе од 315 подружници.

Со преземените законски, управувачки и контролни мерки и ангажирањето на еминентни експерти, Државната лотарија спречи понатамошно нерационално трошење на јавни средства и истовремено елиминира ризици од дополнителна финансиска штета, обезбедувајќи долгорочна заштита на државниот капитал и институционалниот интегритет на Друштвото.

II. Ангажирани лица со договор за дело

Во периодот на поранешното раководство, во Државната лотарија биле ангажирани околу 190 лица со договор за дело. Новото раководство, водејќи се од принципите на рационалност, законитост и функционална оправданост, го намали овој број за повеќе од половина, односно на 95 лица. Од овие 95 ангажирани лица, над 60 се ангажирани на продажни места кои ја сочинуваат примарната продажна мрежа на Друштвото, лоцирани во трговски центри и сопствени уплатни места, додека останатите извршуваат контролни и административни задачи неопходни за непречено функционирање на системот. Лицата ангажирани во секторот маркетинг, меѓу кои има и јавни и препознатливи личности, вршат маркетиншки активности поради нивното влијание на социјалните мрежи и режисерските и уметничките способности на одредени ангажирани лица, насочени кон подобрување на позицијата на Државната лотарија на пазарот на игри на среќа.

III. Неправилности во работењето на поранешното раководство на Друштвото, наведени во Извештајот на Државниот завод за ревизија

Актуелното раководство на Друштвото со допис број 02-6328/1 од 12.09.2024 година се обрати до Државниот завод за ревизија поради увидени неправилности и нерегуларности во финансиското работење на Друштвото, со барање да се изврши ревизија на работењето на Друштвото во претходниот период. По извршената ревизија во периодот од април до крајот на октомври 2025 година, во Извештајот на Државниот завод за ревизија констатирани се сериозни и системски неправилности во финансиското работење на Друштвото, и тоа во периодот на управување од страна на поранешното раководство.

Ревизорските наоди укажуваат дека значителен дел од неправилностите во финансиското и сметководственото работење се поврзани со постапувања преземени од поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, поставена од тогашното раководство на Друштвото. Во врска со овие постапувања, согласно достапните информации и известувањата и податоците со кои располага Државната лотарија, се спроведуваат предистражни дејствија од страна на надлежните органи, вклучително и Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.

Согласно наодите содржани во Извештајот, во периодот на поранешното раководство е утврдена злоупотреба на финансиски средства на Друштвото, и тоа непосредно од страна на поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, со што е предизвикана материјална штета во износ од најмалку 3,5 милиони евра. Овие констатации претставуваат сериозен индикатор за нарушување на принципите на законитост, финансиска дисциплина и одговорно управување со јавните средства. За текот и исходот на постапките иницирани од актуелното раководство, што се водат пред надлежните институции, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана во наредниот период.

Оттука, Државната лотарија нема намера да дозволи преку неколку подкасти, како што е INFOMAX.MK, или слични портали да се релативизираат факти кои биле предмет на официјална ревизорска проверка и институционално постапување од страна на Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.

Државната лотарија ги охрабрува и ги повикува сите критички настроени медиумски портали и подкасти, во интерес на точно, одговорно и професионално информирање на јавноста, како и во духот на автентичното истражувачко новинарство, своето внимание да го насочат кон суштинските и фактички утврдени прашања кои се однесуваат на настанатата материјална штета во повеќемилионски износ, изразена во евра,

а предизвикана од постапувањата на поранешното раководство што е утврдено во Извештајот на Државниот завод за ревизија, а не кон пласирање на клеветнички, неосновани изјави и непроверени документи од подкасти и портали како INFOMAX.MK, за кои постојат индиции дека неоснованите изјави и непроверените документи потекнуваат од лица за кои се водат предистражни постапки пред надлежните органи, а кои се насочени кон дискредитација на актуелното, законито, транспарентно и одговорно работење на Друштвото.

На крајот, Државната лотарија јасно и недвосмислено укажува дека секој понатамошен обид за ширење дезинформации, манипулации и клеветнички наводи ќе биде третиран како сериозно нарушување на угледот на институцијата и ќе предизвика најостра, соодветна и правно заснована реакција, вклучително и преземање на сите расположливи законски средства за заштита на интегритетот и приватноста на вработените, а со тоа и на институционалниот интегритет на Друштвото, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер