МакедонијаДржавата не се откажува од проектот „Вардарска долина“Проектот „Вардарска долина“ кој вклучува изградба на дванаесет хидроцентрали, нема да се откаже за сметка на изградба на брзата пруга на Коридорот 10 – вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Според неа станува збор за значаен проект кој носи бенефит за земјата, па не ја исклучува и можноста по консултации со министерот за траспорт и експерти трасата на пругата да биде променета. -Не сме се откажале од ништо, разговараме со министерот за транспорт и тоа ќе видиме. Мислам дека сега се работи на трасата, значи од ништо се немаме откажано што е за Македонија бенефит. Значи постои можност брзата пруга да се качи горе? Можно е, меѓутоа тоа треба инженери, геолози, геодети да кажат,- Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Со речиси 2 милијарди евра, брзата пруга Владата ќе ја гради со пари од британскиот заем. Со заемот премиерот Мицкоски откри дека постои можност да се градат и хидроцентралите Чебрен и Галиште, со инвестиција од над 1 милијарда евра. Божиновска вели дека работна група од министерството за енегретика која работела изминатите месеци, заклучила дека проектот треба да биде во државна сопственост. Сепак, додава таа со оглед на тоа што станува збор за скап и долгогодишен проект, треба да се размисли и за јавно-приватно партнерство со странски инвеститор. - Најубаво е да биде наш Македонски, се согласувам, меѓутоа треба да се договориме на крај колку финансии се потребни веднаш, бидејки тоа е проект што ќе трае 8 години да се гради. Да видиме финансиски што значи тоа за нас, дали пола се плаќа веднаш, на колку години се плаќа и понатаму ќе видиме дали ќе биде 100% наш или евентуално би било јавно-приватно партнерство. Се надевам за краток временски рок ќе знаеме дефинитивно,- Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. На прес-конференцијата по повод една година од основањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска најави дека до крајот на годината, Божиновска најави и уште една акција за ваучери за инвертер клима уреди, како и подршка од 60 милиони денари за ранливите потрошувачи. Тагови: енергија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter