Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
2Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
3ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
МакедонијаДржавата има резерви на мазут, нема да има никаква криза, уверува БожиновскаБожиновска уверува дека нема да има енергетска криза, ниту рестрикции за граѓаните, посочувајќи дека државата располага со резерви од 10.500 тони мазут, доволни за покривање на потребите во наредните 47 дена.Барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба на пазарот со електрична енергија, поради отежната набавка на мазут како резултат на секојдневните блокади на граничните премини со Грција од протестите на грчките земјоделци, ќе се разгледува утре на владина седница. Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека нема да има енергетска криза, ниту рестрикции за граѓаните, посочувајќи дека државата располага со резерви од 10.500 тони мазут, доволни за покривање на потребите во наредните 47 дена. - ЕСМ поднесе писмо до Владата, тоа ќе се разгледува утре на владина седница. Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо, бидејки државата има резерви на мазут. Знаете дека има протести со грците, веќе повеќе од 50 дена нема можност да се добави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе ги снабдат ЕСМ со мазут. - Сања Божиновска – министерка за енергетика, минерални суровини и рударство Инаку, со цел за зајакнување на енергетската независност, денеска во Владата беа потпишани договори за изградба на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со вкупна инвестиција од 97 милиони евра. Договорите ги потпишаа Министерството за финансии и АД ЕСМ, со Германската развојна банка и Европската банка за обнова и развој, кои ќе ги финансираат проектите. Според премиерот Христијан Мицкоски, инвестицијата ќе придонесе за отворање нови работни места и за развој на локалните заедници. - Очекувам дека во иднина ќе испорачаме резултати кои ќе не водат кон енергетска независност и од држава увозник да бидеме држава која ќе биде извозник на електрична енергија, бидејки не можете вие да увезувате нафта, гас и секаков енергенс и да бидете конкурентни на пазарот, барем со тие ресурси со кои што располагаме, а тоа е обновнивата енергија, сонцето, ветерот и водата да можеме правилно да ги канализираме.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Министерката Божиновска на брифинг со медиумите информираше и дека за 2026 година до министерството за енергетика се пристигнати барања за изградба на енергетски капацитети со вкупна моќност од 10.950 мегавати, од кои најголем дел се фотоволтаици и ветерни електрани. Дополнително, кажа и дека очекува до крај на 2027 година целосно да биде завршена изградбата на интекронекторите и во Грција и Србија и со тоа Македонија да стане транзитна земја за гас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаВо недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“ Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа. Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК. На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес. Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми. Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.Тагови: Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЗајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар. Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта. „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова. Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот. „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот. Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година. Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook