ДРОБ САРМА

РЕЦЕПТ НА ФРОСИНА ИВАНОВСКА

Потребни состојки: 500 гр. јагнешко месо, 500 гр. црн и бел јагнешки дроб, јагнешка марамица, 2-3 главици кромид, 100 гр. ориз, 400 мл. бело вино, 2 лажички сенф, неколку лажици павлака, малку сечкан магдонос, малку сол, малку зачин од сув зеленчук и буковец по вкус.

Постапка:

Месото се става во тенџере со вода и малку сол да се вари околу 1 час.

Сечканиот кромид се пржи во тава со загреано масло.

Се додава сечкано месо и се зачинува со зачин од сув зеленчук и малку буковец.

Се додава ориз и се продолжува со пржењето.

Се додава сенф и се пржи се додека состојките не се соединат.

При крај се додава малку свеж сечкан магдонос.

Јагнешката марамица се става врз калап и се полни со добиената смеса.

Истата постапка се повторува се додека не се потроши целата смеса.

Сите парчиња се редат во тава премачкана со масло.

Се полеваат со бело вино и се печат во загреана рерна околу 1 час.

Откако ќе се испечат се декорираат со павлака и се додава пекарски компир како прилог.

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер