Како што е снимено од безбедносната камера на бензинска пумпа во Сиерча, Полска, возачот на БМВ 3 го лизга возилото околу тревникот на патот кон главната улица, каде што го пречека полицаец.
Според полицијата на Малопоска, 21-годишниот возач бил приведен од полициските службеници од Одделот за контрола на патниот сообраќај при Покраинскиот полициски штаб во Краков.
Возачот сигурно го видел автомобилот на полицаецот токму кога возилото се вртело зад аголот, но во тој момент веќе било предоцна да се скрие.
Инаку дрифтањето на бензинска пумпа е една од најглупавите работи што може да се направат бидејќи секоја погрешна пресметка може да доведе до несреќа и огромен пожар.
Возачот добил парична казна од 5.000 PLN (1.170 американски долари), шест казнени поени во неговата дозвола, а му била одземена и регистеркста табличка. Во Полска, на возачите им се дозволени максимум 15 поени за брзо возење пред да се соочат со одземање на дозволата.