Дрецун: Скопје е разузнавачки центар кој работи против интересите на Србија

Ќе се заострат ли односите на релација Скопје – Белград?

Српските власти се сомневаат дека земјава се обидува да го блокира процесот на изнаоѓање решение на проблемот помеѓу Србија и Косово.

Ваков е ставот на претседателот на собраниската комисија за Косово и Метохија во српскиот парламент Мирослав Дрецун кој синоќа за РТС тврдеше дека во Македонија е стациониран разузнавачки центар кој работи против интересите на Србија.

Според Дрецун, тимот разузнавачи е формиран пред два месеци, и како што рече маскиран во претставништво на голем западен произведувач на автомобили во Скопје, составен од оперативци од Македонија, Албанија, Бугарија и Германија.

Македонија станува центар за силно разузнавачко делување против државата Србија, и Заев едноставно не е искрен кога го предупредува регионот од можна дестабилизација.

Секое постигнување на компромисно решение е темелен столб на стабилизацијата на овој регион. А непостигнувањето на компромисно решение помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нов спор во регионот и за остварување на Голема Албанија. Тоа Заев мора многу добро да го знае ако води сметка и за интересите на сопствената земја која ја претставува.

Дрецун побара одговори, но од македонската Влада не сакаа да ги коментираат неговите наводи. Велат дека остануваат на изјавите дадени од премиерот Зоран Заев околу прашањето Србија и Косово да градат пријателство низ дијалог, и оградувањата од какви било разговори за “пакт против Србија”.

Аналитичарот Исмет Рамадани смета дека не држат наводите на Дрецун. Вели дека од интерес и за Македонија е да се решат проблемите помеѓу Белград и Приштина, а не ја отфрли можноста дека позади обвинувањата на Дрецун да стојат српските служби поттикнати од руското влијание.

Инаку пред две години кога Белград го повлече целиот персонал од српската амбасада од Скопје, причината според српскиот претседател Александар Вучиќ беше дека српските надлежни органи утврдиле дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

притисни ентер