Јаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија
2Јаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија
3Иницијатива „Западен Балкан 2030“: ЕУ да го приближи Западен Балкан, а не да го гледа како финансиски товар
КултураДрамски театар - Скопје со „My Name Is Goran Stefanovski“ гостува на 67-то „Стеријино позорје“ Драмски театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад.По повеќегодишна пауза Драмски театар - Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови“. „My Name Is Goran Stefanovski“ ќе биде изведена во недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“) Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје“ ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Прво учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје“ било во 1966 година со претставата „Богомилска балада“ Наградени претстави и поединци: • 1967: Покојник - награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски; • 1970: Адам и Ева и Јов - Крум Стојанов - награда за најдобро актерско остварување; • 1975: Јане Задрогаз - Ѓорѓи Здравев - награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова - награда за учество; Слободан Унковски - награда за млад театарски работник; Горан Стефановски - награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател; • 1980: Диво месо - награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски - вонредна награда за режија; Благој Чоревски - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски - награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ. • 1982: Еригон - вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје - Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1984: Дупло дно - Милица Стојанова - награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ - награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска - награда за млад актер за улогата на Кристина. • 1987: Р - Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ - награда за најдобра епизода улога. • 1989: Сили во воздухот - Снежана Стамеска - награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски - награда за улогата на Миле; Благој Чоревски - награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ - награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија. • 1990: Кула вавилонска - награда за најдобра претстава; Слободан Унковски - награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило - награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје - награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1991: Медеја - Ѓорѓи Јолевски - награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер - вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја. Драмски театар СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаГрад Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рокСкопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. Новиот Луна парк е замислен како модерен забавен комплекс со разновидни содржини за различни возрасти. Покрај класичните забавни реквизити, предвидени се ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции, интерактивни игри и зони за виртуелна реалност, кои ќе понудат целосно ново доживување за посетителите. Во однос на постапките за набавка и спогодбеното раскинување на договорот склучен по новиот тендер, Град Скопје ја информира јавноста дека станува збор за одлука со која се избегнува двојна набавка на исти реквизити и се обезбедува одговорно трошење на јавните средства. Имено, по раскинувањето на претходниот договор за набавка на реквизити, склучен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, фирмата повела судска постапка против Град Скопје. Судската одлука во корист на фирмата, со која Градот има обврска да ги плати реквизитите, била донесена откако веќе бил склучен договорот по новиот тендер. Бидејќи новата набавка опфаќала и реквизити предвидени со претходниот договор, било решено новиот договор да се раскине спогодбено. Со тоа се спречува непотребно дуплирање на опремата и дополнително оптоварување на градскиот буџет. Оваа одлука не го менува рокот за изградба на новиот Луна парк. За еден месец ќе започне монтирањето на седумте реквизити набавени со претходниот договор, паралелно со уредувањето на просторот, за да се создадат услови овој дел од паркот да започне со работа. Со новиот тендер што дополнително ќе биде објавен ќе се набават дополнителни реквизити, меѓу кои ролеркостер и панорамско тркало, со кои ќе се заокружи понудата на забавни содржини. На овој начин, вредноста на новиот договор ќе биде помала од 10 милиони евра. Луна паркот ќе се простира на поголема површина од некогашниот, проширувајќи се и на просторот во Градскиот парк каде што се наоѓаа летните дискотеки, отстранети пред шест месеци. Ова ќе овозможи повеќе простор за нови атракции, подобра организација на содржините и попријатен престој за посетителите. Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие современо место за забава, а децата простор во кој играта, радоста и фантазијата ќе бидат во центарот на вниманието. Простор за безгрижни детски доживувања, нови пријателства и спомени што ќе се прераскажуваат со години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во МакедонијаВо Скопје денес започна четвртиот IV Интернационален медицински конгрес во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на УКИМ. На отворањето на собирот се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во високото образование, науката и истражувањата, многу се важни меѓународните вмрежувања и мобилноста и дека тоа е единствениот начин за размена на искуства и добри практики со глобалниот свет, но и за заеднички проекти. „Како Влада имаме став дека без наука нема општествен развој, па оттука, кога пред две години го започнавме раководењето со институциите, одлучивме да преземеме крупни мерки кои ја раздвижија научно – истражувачката дејност во Македонија. За две години буџетот за наука го зголемивме повеќе од двојно. Во 2025 година финансиравме 50тина научно – истражувачки проекти од јавен интерес, во вкупна вредност од 6 милиони евра, a zа нашите професори, научници и студенти обезбедивме бесплатен пристап до познатите глобални научни бази – Web of science и Scoopus“, рече Јаневска. Министерката посочи и дека е посебно задоволна од зајакнатата соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, кој ги отвори вратите на своите лаборатории за македонскиот научен и истражувачки кадар, а воедно Центарот помогна под негово покровителство во Македонија минатиот месец да биде организирана и првата летна научна школа за земјите од Западен Балкан. „Ќе споменам и дека изготвивме целосно нова законска рамка за наука и високо образование. Пакетот од три закони е во собраниска процедура и очекувам до крајот на годината да биде усвоен, за повеќе и подобри можности за нашите професори, научници, истражувачи. Повеќе можности и за наставно – научниот и истражувачки подмладок. Најдобрите студенти одликувани со инженерски прстен или друго признание за успех, добиваат предност при вработување на факултетите“, нагласи Јаневска. Посакувајќи успешен конгрес, министерката им порача на професорите и студентите да продолжат да придонесуваат кон образованието и развојот на научната мисла во областа на медицината, а со тоа да помогнат и во заложбите за подобрување на здравствениот систем и здравјето на граѓаните. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИницијатива „Западен Балкан 2030“: ЕУ да го приближи Западен Балкан, а не да го гледа како финансиски товар Европската унија да не го перцепира проширувањето со земјите кандидатки од Западен Балкан како ризик или дополнителен финансиски трошок – порачуваат од иницијативата Западен Балкан 2030.Европската унија да не го перцепира проширувањето со земјите кандидатки од Западен Балкан како ризик или дополнителен финансиски трошок – порачуваат од иницијативата Западен Балкан 2030, која се залага за прием на сите шест земји во ЕУ до 2030та година. Со регионов како дел од Унијата, ќе се обезбеди источното крило и ќе се затвори географскиот јаз, а досегашните неиспорачани европски ветувања всушност ги доближува овие земји поблиску до Русија и Кина, дополнуваат од инцијативата. -ЕУ сега треба да погледне што Западен Балкан може да ѝ даде на Европската Унија. Всушност, со оглед на моменталната геополитичка клима во која се наоѓаме, со оглед на променливата безбедносна динамика, она што го велиме е дека сега е императив ЕУ да дејствува во свој безбедносен интерес и да го прими Западен Балкан во ЕУ. // ЕУ постојано ја туркаше целната линија сè подоцна и подоцна, а тоа им даде простор на овие актери да влезат, но не треба да ги обвинуваме Западен Балкан за соработка со Русија и Кина, тоа е чувство на речиси очај и немање каде на друго место да одат, бидејќи Европа им ја затвораше вратата толку долго,- - Рубен Џонстон , оперативен директор на Западен Балкан 2030. Македонското допринесување во европската безбедност е оценето на задоволително ниво што претставува еден од посилните страни на државава во пристапниот процес, посочува професорот Иван Дамјановски од Правниот факултет. -Со оглед на тоа ако видиме колкав процент од буџетот се одвојува за безбедносни политики, Македонија е доста фалена во тој контекст, со оглед на тоа што тој расте пропорционално, учеството во мисии, наоружување, модернизација на армијата.. // Пристапниот процес сега се гледа низ призмата и на тоа колку од земјите кандидати се компатибилни со ЗНБП на ЕУ и одлуките кои произлегуваат од тој контекст. На тоа ниво исто така би рекол дека Македонија е на многу задоволително ниво со оглед на тоа што имаме скоро 100% усогласување.- - Иван Дамјановски, професор на правен факултет при УКИМ. Инаку, во заедничкиот извештај на „Пријатели на Западен Балкан“ и „Западен Балкан 2030“ се наведува дека интеграцијата на регионов во ЕУ значително ќе придонесе за колективната европска безбедност имајќи предвид дека овие држави веќе имаат развиено сопствена воена индустрија и капацитети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook