Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
1Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
2Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ФудбалДраматична порака на Нејмар: Постојано плачам, се плашам дека ова нема да го издржам Францускиот фудбалски шампион Париз СЖ објави дека следниот месец ќе остане без својот бразилски напаѓач Нејмар, поради повредата на мускулот на левата нога, што ја заработи вчера на натпреварот од 3.коло на Купот на Франција против Кан.На тој начин, Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона, што е закажан за пет дена, но тој би можел да се врати на теренот на „Паркот на принцовите“ на 10 март. Бразилскиот мајстор објави драматично писмо на Инстаграм во кое вели дека се плаши дека повеќе не може да издржи да го тепаат противниците и дека само сака да игра фудбал. ,,Тагата е голема, болката е неизмерна и плачам постојано. Уште еднаш ќе морам да престанам да го работам она што најмногу го сакам, а тоа е играњето фудбал. Понекогаш мислам дека проблемот е мојот стил на игра затоа што постојано дриблирам и ме тепаат. Не знам дали проблемот сум јас или тоа што го работам на терен. Тоа е тажно. Се чувствувам тажно кога слушам играчи, тренери, коментатори како викаат: „тој треба да биде погоден“, „паѓа, паѓа, постојано паѓа“, „само плаче“, „разгалено дете“ .Искрено, јас сум разочаран и тажен и се плашам дека не знам колку долго можам да издржам. Само сакам да бидам среќен играјќи фудбал, тоа е сè '', гласи драматичната порака на Нејмар. View this post on Instagram A post shared by ene10ta Érre 🇧🇷 👻 neymarjr (@neymarjr) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во МалтаГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри. -Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска. Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаПетрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништоНа Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална плата. И секако, Филипче како специјализиран за криминал заедно со неговиот учител, Зоран Заев, и партиски другар се противи на се што значи економски раст и економски напредок. Се противи на секаков вид инвестиција, на се што ќе придонесе за реално минималната плата да се зголеми. Но, што знае Филипче за реално покачување на минималната плата. Ништо. Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира. Дополнително, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата, 14 пациенти кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово. Почитувани, Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално да расудува, не може да носи реални одлуки. Затоа, на Филипче му останува само да глуми грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува за грижата за секој еден граѓанин преку помагање на локални проекти, носење на инвестиции, подобрување на економската ситуација. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработкаМакедонскиот придонес кон колективната безбедност и сигурноста на регионот и инвестициите во одбраната се реалност.„Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан. Министерот Мисајловски се задржа и на севкупните инвестиции во одбраната и активностите поврзани со одбраната и безбедноста. „Со инвестиција од 2 проценти во одбранбениот буџет и силните инвестиции во воената мобилност преку изградбата на коридорите 8 и 10, земјава не само што ги исполнува во целост своите обврски кон заедничката Алијанса, туку и на терен ја зацврстува безбедноста и стабилноста на поширокиот регион“, рече Мисајловски и додаде дека „воената мобилност ја сметаме за еден од клучните фактори што ја овозможуваат европската и евроатлантската безбедност“. Во контекст на европската поддршка, министерот Мисајловски го спомена четвртиот европски пакет кој за прв пат вклучува активности за развој на инфраструктурата на армискиот полигон „Криволак“ кој е исклучително важен ресурс за обука и извежбување за македонската Армија, сојузниците и партнерите. Во своето обраќање Мисајловски се осврна на потребата од континуирано зацврстување на регионалната безбедност при што нагласи: „Стабилен Балкан значи стабилна Европа“, посочувајќи ги мисиите на НАТО, КФОР, на Косово и на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина во чии рамки придонесуваат и македонските војници и додаде дека низ годините регионот се трансформираше од увозник во извозник на мир, стабилност и безбедност. „Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на Европската Унија дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и севкупната безбедност на Европа“ рече Мисајловски во контекст на одбранбената соработка во Централна Европа и Западниот Балкан и додаде дека земјава „поддржува поголема вклученост на балканските партнери во релевантните одбранбени иницијативи и инструменти на Европската Унија.“ Министерот Мисајловски денеска учествуваше и на средбата во формат земји – учеснички во Балканските медицински наменски сили, каде говореше за успешноста на оваа иницијатива, но и за потребата од носење на одлуки со кои ќе се зголеми визибилноста на овие регионални сили. „Земјите-членки на Балканските медицински наменски сили влегуваат во период во кој се потребни конкретни чекори за преземање поголема одговорност. Безбедносните случувања влијаат врз приоритетите на партнерите на БМНС, при што фокусот сè повеќе се насочува кон други региони. Токму затоа, сега е потребно заеднички да покажеме и јасно да изразиме силна волја, посветеност и визија за понатамошниот развој на БМНС“, рече Мисајловски. Тој потврди дека нашата земја ја поддржува идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни позитивен пристап, заедничка волја и посветеност од сите земји-членки.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook