Драматичен пожар во Зелениково - Канал 5

Драматичен пожар во Зелениково

Драматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. 

Драматичен пожар во Зелениково

За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа.

Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково.

Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мика Годц премина од Ајакс во Париз Сен Жермен

Белгискиот фудбалер Мика Годс е најновиот играч на Пари Сен Жермен, што го потврдија холандскиот и францускиот клуб. 

Мика Годц премина од Ајакс во Париз Сен Жермен

Според соопштението на официјалната веб-страница на актуелниот двократен европски шампион, 21-годишното крило потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен.

Годс претходно настапуваше за Ајакс, а сега ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот шампион и европски првак.

Претходно денес, Пари Сен Жермен го потврди и доаѓањето на шпанскиот репрезентативец Феран Торес од Барселона. Францускиот клуб продолжува да го засилува својот состав пред новата сезона, а се очекува Годс да понуди уште една напаѓачка опција за тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Грчката НБА ѕвезда,  Јанис Адетокумбо не ги крие своите амбиции пред новата сезона во НБА.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Адетокумбо ја дочекува новата сезона во НБА со големи амбиции, откако му се приклучи на тимот на Мајами Хит.

Очекувањата од тимот од Флорида дополнително пораснаа, а Јанис јасно стави до знаење дека сака да биде еден од најдобрите играчи во лигата и да се бори за највисоките цели.

Во видео објавено на официјалните канали на НБА, Адетокумбо одговараше на прашања со кратки изјави, а неговите пораки пред почетокот на сезоната беа многу конкретни.

„Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им порачам на навивачите дека ќе ја вратиме – жештината (heat)“, рече Адетокумбо, алудирајќи на значењето на името на тимот Мајами Хит.

Зборувајќи за европската кошарка, тој истакна дека таа моментално минува низ еден од најдобрите периоди во својата историја. Што се однесува до неговиот пристап кон новата сезона, пораката е јасна – победувањето е приоритет. „Мојата филозофија за новата сезона е победувањето. Кога ќе се укаже можност, ќе доминирам. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона“, изјави Адетокумбо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресот Индонезија се искачи на најмалку 47

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти.

Бројот на загинати во земјотресот  Индонезија  се искачи на најмалку 47

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Според претходните извештаи, бројот на жртви изнесувал 38. Шефот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сухарјанто, изјави дека спасувачките екипи извлекле најмалку 47 тела, главно во областите Сика, Мангарај и Источен Мангарај, додека најмалку 50 лица биле пренесени во болници.

Според него, земјотресот целосно уништил најмалку 157 куќи и оштетил уште речиси 200, поради што околу 2.000 жители морале да ги напуштат своите домови и да се преселат во привремени засолништа.

Оштетени се и многу јавни објекти, вклучително 87 образовни установи, 18 здравствени установи, пет верски објекти, шест владини канцеларии и друга јавна инфраструктура.

Земјотресот, како што пренесува АП, го погоди подрачјето на островот Флорес во 5:58 часот наутро по локално време, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер