Драматичен апел од Италија: Не ги забранувајте дизелите и бензинците во 2035. или пропаднавме - Канал 5

Драматичен апел од Италија: Не ги забранувајте дизелите и бензинците во 2035. или пропаднавме

Европската автомобилска индустрија би можела да биде во сериозна криза доколку не се одложи забраната за производство на бензински и дизел автомобили, која е закажана за 2035 година.

Драматичен апел од Италија: Не ги забранувајте дизелите и бензинците во 2035. или пропаднавме

Вака предупредува италијанскиот министер Адолфо Урсо, а го поддржуваат половина од земјите на Европската унија, пишува Форбс.

Италијанскиот министер за економија Адолфо Урсо предупреди дека забраната за производство на традиционални автомобили ќе резултира со тешка криза во автомобилскиот сектор. Тој сака таа забрана закажана за 2035 година да биде разгледана и ревидирана.

Како што пишува ФТ, цитиран од National Review, податоците покажуваат дека планот не е одржлив. Stellantis, најголемиот италијански производител на автомобили, го запре производството на автомобили во Торино на еден месец бидејќи побарувачката за електричната верзија на Fiat 500 е слаба. Неговата цена е 30.000 евра, додека хибридната е 17.700. Сепак, дури и хибридите, чија продажба се зголемува, не би требало да се продаваат по 2035 година.

Германски Фолксваген неодамна ги предупреди работниците дека повеќе нема да ја почитува својата децениска гаранција за работа. Околу 165.000 луѓе работат во италијанската автомобилска индустрија, а околу 780.000 во Германија.

Производството на автомобили во Италија паднало за повеќе од една третина во првите седум месеци од оваа година, во споредба со истиот период во 2023 година. Продажбата на хибридни возила во Италија пораснала за 16 отсто во периодот од јануари до август, во споредба со истиот период минатата година, додека продажбата на електрични возила е намалена за 12 отсто.

Агенција Нова пренесува дека Урсо тврди дека некои земји како Германија и Шпанија се за задржување на 2035 година како цел, но сметаат дека допрва треба да се создадат услови за тоа да се случи. Многу други би сакале да ја поместат целта кон пореален датум.

Производството пропаѓа, а Кинезите би можеле да профитираат од сѐ. Доколку целата европска индустрија не се прилагоди во рокот, нема да има доволно батерии, па европските производители ќе бидат принудени да ги набавуваат од Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

- На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците.

- Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Како полесно до реализација на професионалната кариера?

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности.

На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите?

Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот.

-Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“.

Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат.

-Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински.

Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер