Драмата „Каде е пиштолот" на Народниот театар од Охрид вечерва на „Охридско лето" - Канал 5

Драмата „Каде е пиштолот" на Народниот театар од Охрид вечерва на „Охридско лето"

Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето" продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот" во изведба на Народниот театар од Охрид.

Драмата „Каде е пиштолот" на Народниот театар од Охрид вечерва на „Охридско лето"

„Каде е пиштолот?" е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

Зборот „пиштол" предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор, во кој гледаме четворица луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четворица од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Режисерската поставка на претставата е на Дејана Николовска, втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театрска уметност (после Иван Поповски). Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана" (220 епизоди) за Првиот канал на Руската Националана Телевизија. Исто така има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев" со почеток од 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Пет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа.

Денеска сите тие лаги потонаа.

Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал.

ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти.

По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат.

Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени.

Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)

Рускиот падобранец Сергеј Бојцов скокна од балон од височина од 11.551 метар над Алтај и постави нов светски рекорд.

Русин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)

Скокот го извел на 22 август, а во слободен пад останал две и пол минути, при што достигнал максимална брзина од околу 501 километар на час.

На височината од која скокнал температурата била околу -59 степени Целзиусови, поради што Бојцов користел специјална опрема за висински услови. Претходниот рекорд за скок од балон изнесувал 10.060 метри и бил во сопственост на полски екстремни спортисти.

Бојцов го отворил падобранот на височина од 1.565 метри, по што безбедно се приземјил во Уст-Калманскиот реон на Алтајскиот крај. Целиот лет на падобранот траел околу седум минути и 19 секунди, додека во проектот биле вклучени околу 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.

СДСМ: Владата има пари за авион -  нема за плати!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето.

Тоа било за нив „сериозна држава“.

За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода.

Се мери со нов авион за Мицкоски.

„Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има.

Се може да почека само авионот не може.

Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат.

Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат.

Само авионот не може да чека.

Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии.

За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија.

А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа.

Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше.

Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани.

Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница.

Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер