Драма во воздухот: Пресретнати руски воени авиони над Финскиот Залив (ФОТО) - Канал 5

Драма во воздухот: Пресретнати руски воени авиони над Финскиот Залив (ФОТО)

Шведски и фински борбени авиони пресретнаа и идентификуваа руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор над Финскиот Залив.

Драма во воздухот: Пресретнати руски воени авиони над Финскиот Залив (ФОТО)

Како што објави Индекс, инцидентот се случил во четврток, но веста за него се појави денес.

Ројтерс објави соопштение од финските воздухопловни сили во кое се наведува дека операцијата на пресретнување била дел од заедничкото набљудување и заштита на воздушниот простор за двете земји.

Во соопштението, исто така, се наведува дека шведските и финските воени авиони лоцирале група руски авиони составена од транспортен авион и неколку борбени авиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажба

Македонија не е на продажба!

Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажба

За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит - не држава за која треба да се грижат.

Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање - за профит.

Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план - документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година.

Тоа е неговата матрица - кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата - за свои бизнис интереси и провизии.

Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке - се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години.

Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри.

Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности.

Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара.

Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени.

А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија.

Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата.

Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните.

СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити.

Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада.

Бараме да се повлече криминалниот план.

Македонија не е на продажба.

Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства.

Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните.

Прес-конференција на СДСМ - Јована Тренчевска – потпретседателка

YouTube video

Скопје, 25.9.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тој вредеше 30 милиони евра. Сега оди во затвор поради сексуален напад

Кариерата на 30 годишниот фудбалер Санти Мина кој своевремено беше проценет на 30 милиони евра – практично е завршена по конечната судска пресуда.

Тој вредеше 30 милиони евра. Сега оди во затвор поради сексуален напад

Поранешниот напаѓач на Селта и Валенсија мора да отслужи четиригодишна затворска казна за сексуален напад, со што се става крај на повеќегодишниот правен процес.

Првичната пресуда беше донесена во пролетта 2022 година, но адвокатите на Мина поднесоа жалба. Шпанските медиуми известуваат дека Високиот суд на Андалузија сега ја потврдил пресудата за вина и ја отфрлил жалбата против затворската казна. Единствената измена се однесува на отштетата досудена за жртвата, која е намалена од првичните 50.000 евра на 25.000 евра.

По отфрлањето на жалбата, Мина е должен да ја отслужи казната.

Случајот потекнува од настан што се случил на 16 јуни 2017 година, додека Мина бил играч на Валенсија. Според судските документи, нападот се случил околу 4:30 часот наутро во близина на ноќен клуб во Мохакар, во провинцијата Алмерија. Инцидентот се случил во возилото на друг фудбалер, Давид Голдар.

Во времето на нападот, Мина важеше за еден од најперспективните млади фудбалери во Шпанија. Својата кариера ја започна во младинската школа на Селта Виго, а за првиот тим дебитираше на 17-годишна возраст. По две сезони премина во Валенсија, за по четири години да се врати во Селта.

Поради тековните правни постапки, една сезона помина на позајмица во саудискиот клуб Ал-Шабаб, а професионалната кариера ја заврши во јули 2023 година.

Одигра вкупно 268 натпревари во шпанската Ла Лига, при што постигна 63 гола и забележа 25 асистенции. Исто така, постигна два гола на осум натпревари во Лигата на шампионите.

Иако беше редовен член на младинските репрезентации на Шпанија, никогаш не заигра за сениорскиот тим. Неговата пазарна вредност достигна 30 милиони евра во 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард.

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДС ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДС е и против нови индустрии и дата-центри.

Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.

А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер