Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си - Канал 5

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Според информациите од надлежните органи на државата Вирџинија, синот на познатиот помошник тренер на Канзас Сити Чифс, Ерик Биениеми, бил уапсен и приведен откако ја застрелал својата мајка, Миа Биениеми.

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната Миа Биениеми со повеќекратни прострелни рани, објави Си-Ен-Ен.

Таа брзо била префрлена во болница и е во стабилна состојба откако ѝ била укажана прва помош.

Полицијата брзо го лоцирала Елајџа Зајон Биениеми, кој бил уапсен поради основано сомнение за сторување кривично дело, како и за употреба на огнено оружје за сторување незаконско дело. Тој моментално е во притвор.

Во меѓувреме, познатиот тренер Ерик Биениеми бил со тимот во тренинг камп во Сент Џозеф, Мисури. Тој не присуствувал на тренинг сесијата одржана во понеделник.

- Клубот е информиран за инцидентот што се случил во семејството на Биениеми. Од почит кон нивната приватност, во овој момент нема да коментираме. Нашите мисли се со нив - изјави за медиумите претставник на Канзас Сити Чифс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Сите земаат мито, дури и возачите на владата.

Ова е ОКГ – Организирана криминална група.

Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена.

Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон.

Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е во притвор.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Како што информира Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување.

По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен.

Се очекува официјална потврда и дополнителни детали за настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските минимални температури се движат од 12 до 21 степен, а дневните максимални температури ќе достигнат од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер